Ознака: целата

Трпески

И Охрид за брзо ќе мигрира во електронскиот катастар

Post Views: 7 Старите катастарски планови на општините што се наоѓаат на хартија, поцинкувани плочи или фолии до крај на 2014 година  ќе се дигитализираат и во иднина ќе се чуваат во дигитална форма. При своето гостување во Дневникот на ТелевизијА ТВМ директорот на Агенцијата за катастар на недвижности,  Славче Трпески истакна дека дигитализацијата ќе придонесе за скратување на рокот за запишување на правата на недвижностите, ќе овозможи издавање копија од катастарски планови на шалтер исто како имотни листови, како и дефинирање на стандарди за изготвување на дигитални геодетски елаборати,...

Continue reading

bakraceski

Божиќна честитка од градоначалникот Бакрачески

Post Views: 0 Рождеството Христово го означува најзначајниот миг во човековата историја, симболизирајќи ги новите вредности, мирот, човекољубието, толеранцијата и милосрдието. Ова е празник на љубовта, блискоста, добрината и почитувањето помеѓу луѓето. Божиќ претставува возвишување на семејните вредности и разбирањето. Овој празник не потсетува на суштината на христијанското учење, да бидеме скромни, чесни и правични, да ја исполуваме Христовата мисија и бидеме достојни верници исполнети со духовна  хармонија, мир, разбирање и солидарност. Честитајќи го Рождеството Христово, посакувам...

Continue reading

mecka

Спасен охридскиот ловџија нападнат од мечка

Post Views: 10 Се стабилизира здравстената состојба на ловџијата кој вчера беше нападнат од мечка. На ловните терени во атарот на Горна Дебрца, Песочан – Ново село,  мечка со мало мече  нападнала ловџија и му нанела тешки повреди во пределот на лицето и  главата. Проф д-р Миле Мичуновиќ, доктор на медицински науки од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со тим на лекари од болницата, успеале во текот на мошне сложената  6 часовна хируршка интервенција да го спасат  животот на  ловџијата. Како што  информира Проф. д-р Мичуновиќ  во болницата ловецот...

Continue reading

Naum Rilkovski

Гимназијалците матурата и годинава ќе ја слават во х. Десарет

Post Views: 17 Гимназијалците и економистите матурата традиционално ќе ја слават во хотелот Десарет. Директорот на Св. Климент Охридски Наум Рилковски објаснува дека навреме биле завршени сите постапки за избор на најдобар понудувач, не само за прославата, туку и за избор за фотограф. „Одбрана е и најниската понуда но и просторниот капацитет ни одговара, бидејќи матурантите годинава се околу 370 како бројка  дозволува и најидеално е да биде избран хотелот Десарет. И ако целата постапка е редовно помината како што треба секако дека помеѓу учениците и од гимназиските паралелки, економките...

Continue reading

Vodici

Богата програма за Водици 2013 година

Post Views: 14 Се ситнат деновите до еден од најголемите православни христијански празници-Богојавление-Водици. Охрид ги прави последните подготовки околу самата организација како би им понудил на сите верници, туристи и посетители незаборавно доживување. Димитри Пендоски, од организациониот одбор на здружението „Богојавление“ вели дека тие нивните подготовки за оваа манифестација ги прават во текот на целата година. Пендоски изрази благодарност до кумот за водици 2012та, проф. Д-р Ванчо Чифлиганец за неговиот придонес во оваа значајна манифестација, а со своите активности започна...

Continue reading

gas

Гасификација во Охрид?

Post Views: 3 Градските власти во Охрид најавија гасификација. Градоначалникот Александар Петрески тоа го планира како една од мерките за справување со енергетската криза, поради која, многу институции посебно образовните се дават во долгови поради обезбедување на неопходните енергенси за греење. „Планираме дел по дел во градот да воведуваме гасификација, т.е. првата област ќе биде околу Григор Прличев училиштето  каде што ќе поставиме мобилна цистерна за гас од каде што од исто место ќе се грее и Григор Прличев и детската градинка, гимназијата, економското училиште, општината и другите...

Continue reading

katalog drvca

Еко-свест од најмала возраст

Post Views: 1 Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа...

Continue reading

ljuben arnaudov

Започна изградбата на општата болница

Post Views: 5 Ветено направено. Од фирмата „Виа Игнација“ денеска започнаа и со градежните активности во Општата Болница во Охрид. Сопственикот на Фирмата која го доби тендерот Ѓоко Угриноски во телефонскиот разговор истакна дека рокот од осум месеци нема да го пробие, не само затоа што доколку не се испочитува договорот пеналите се многу големи, туку и поради тоа што е човек од збор и добро си ги знае своите способности.   Од општата болница велат дека за да се скрати изгубеното време од фирмата  „Виа Игнација“ одлучиле истовремено да работат на повеќе позиции. Сведоци бевме дека...

Continue reading

zbornik

Виртуелните компании од Економско во зборник на училишни проекти

Post Views: 5 Творештвото на учениците во нивните школски денови во никој случај не смее да се зема здраво за готово. Децата располагаат со одлични и креативни идеи и некој треба да ги слушне овие идеи. „Осигурување на квалитет“ е името на зборникот во кој се синтетизирани сите достигнувања на учениците од целата држава. Помеѓу сите проекти кои го најдоа своето место во овој зборник, како негов составен дел се појави и проектот „Виртуелни компании“ кој веќе 4 години се спроведува во редовната настава на учениците од средното економско училиште од Охрид. „Беше избрана една од училишните...

Continue reading

lipi

Супер радио во акција – Стави потпис – спаси дрво

Post Views: 8 Во организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид  поставен e пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“. Акцијата која започна на социјалната мрежа Фејсбук во саботата досега ја поддржаа многу граѓани и за неа жолчно се дебатира. Некои ја поддржуваат акцијата за отстранување на старите и менување со нови дрвја, но сепак најголемиот број граѓани се остро против овој, според нив, „масакр“ на зеленилото во центарот на градот. – Она што е основното барање на оваа граѓанска иницијатива, односно пред...

Continue reading

Majkl Rid

„Кралот на Ламанш“, го преплива Охридското езеро

Post Views: 2 Мајкл Рид кој со своите 33 препливувања на Ламанш, со право го носи прекарот „Кралот на Ламанш“, вчера го преплива Охридското Езеро. Девет часа му беа потребни да ја преплива 30 километарската патека „Климе Савин“ од Св. Наум до градското пристаниште во Охрид. Тој е маратонецот кој каналот Ла Манш само за една година го препливал 6 пати и тоа во далечната1979 година, рекорд кој сеуште никој од мажите не го соборил. Овој искусен маратонец, задоволен од условите и организацијата на самиот настан. „Пливањето беше прекрасно, условите беа апсолутно совршени. Имав неверојатни...

Continue reading

katastar

Достапни сите податоци од Kатастарот на недвижности

Post Views: 12 Агенцијата за катастар на недвижности го олеснува пристапот до информации со воведување на 2D и 3D  функционалности, на целата територија на Македонија. Со географскиот информационен систем, се добива можност да се пребарува во графичката база на податоци, по број на парцела, или преку податоците да се дојде до  бројот на парцелата и бројот на имотниот лист. Со користење на услугата на порталот, се добива можност, заинтересираните да имаат пристап до сите податоци, вели Сања Волканова Златаноска, стручен соработник  во Агенцијата за катастар на недвижности. „Со ова...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top