Tag: хуманите

Пандемијата не ги исплаши хуманите луѓе да даруваат крв

Има доволно единици крвни продукти  во Институтот за трансфузиологија.  Деновиве, Институтот во соработка со Македонските унизверзитети  организираат голема крводарителна акција. Охридските студенти може да се приклучат на големата крводарителна акција која е во тек. Од понеделникот, во земјава се одвива крводарување под мотото „Хуманоста на испит во време на пандемија“. Институтот за трансфузициона медицина во соработка со Македонските унизверзитети од Скопје, Битола, Штип и Тетово организира голема крводарителна акција, информира директорката д-р Радица Грубовиќ Растворцева. „На 24 декември...

Continue reading

градинка

Децата од охридските градинки одржаа продажна хуманитарна аукција

 Децата од охридските градинки  одржаа  продажна  хуманитарна аукција. Накит, играчки и украсни предмети се продаваа во објектот Развигорче. Продажните предмети беа изработени од децата од сите градинки на ЈОДУ„Јасна Ристеска“. Ова е втора акција насловена како „ Од деца за деца“. Хуманитарниот настан беше посетен од родителите кои се вклучија во активностите на градинката и гледаат со одбрување на всадување на хуманите навики кај своите деца. Собраните средства од денешната продажна хуманитарна аукција се наменети за поплавените населени места Могила и Новаци. Децата од сите објекти од  предучилишна...

Continue reading

seminar

Охрид домаќин на семинар за ветеринарни прeпарати

60% од хуманите патогени заболувања се зооонозите, поточно болестите што се пренесуваат од луѓето на животните и обратно. Ова беше кажано на денешниот настан во Охрид, семинарот за националните контакт точки за ветеринарни препарати. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски одговараше на прашања поврзани само со темата на на денешнот настан. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Попоски, денеска не беше расположен да одговара на новинарски прашања во врска со времената забрана за увоз на пилешко месо од Холандија, Германија и Велика Британија и опасноста...

Continue reading

crven krst spasiteli

Спасителите од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид со хуман гест

Продолжуваат хуманите активности во градов за помош на нашиот 11 годишен сограѓанин кој треба да се лекува во Кина. „Се решивме на еден хуман чекор, на една хумана постапка, а тоа е да одвоиме една дневница од нашиот ангажман ова лето и да ја донираме за нашиот 11 годишен сограѓанин кој овој август треба да се оперира во Пекинг. Се надевме дека оваа наша хумана постапка ќе ја следат повеќе институции и повеќе индивидуалци во овој град и да му помогнеме на нашиот сограѓанин што побрзо да оздрави.“-вели Марија Ристеска од спасителната служба при Црвениот крст од Охрид. А хуманите активности за...

Continue reading

krvodaritelska

Црвен Крст и Спорт лајф и годинава го одбележаа Светскиот ден на крводарителството

Годинешната хуманитарна крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството и овојпат одбележана со хепенинг, на кој хуманите граѓани ги забавуваше Елена Ристевска. Но денес исто така пред обложувалницата „Спорт лајф“, охридските новинари неуморно продолжија со собирање на финансиски средства за 11 годишно момче од Охрид, кое треба да замине на лекување во Кина. Традиционално и годинава, по осми пат Црвениот Крст од Охрид во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“, ја реализираше крводарителската акција по повод Светскиот ден на крводарителството. Оваа акција веќе е ...

Continue reading

logo

Вдиши театар

Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви најавува одржување на Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши театар“. Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви најавува одржување на Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши театар“. Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на средношколците...

Continue reading

humanitarka

Заминува првата пратка од Охрид за настраданите во Србија и БиХ

Охрид навистина со срце се обедини за Србија и Босна и Херцеговина. Денес заминува првата хуманитарна пратка од Охрид со производи кои  хуманите охриѓани за рекордно време успејаа да ги соберат. Охрид навистина со срце се обедини за Србија и Босна и Херцеговина. Охриѓани се одзваа на повикот за хуманост кој до нив го упати Црвениот крст од Охрид заедно со локалната самоуправа. Неколкуте нивни пунктови низ градот постојано прибираат помош од хуманите граѓани кои во голем број, секој колку може донираат за настраданите семејства во Србија и Босна и Херцеговина. „Голема количина на помош е овде...

Continue reading

pomos za Krstanoski

Донација за самохраниот татко Николче Крстаноски

Продолжуваат хуманите дела на охриѓани. Нова донација за семејството Крстаноски. Покуќнина, облека, храна, средства за лична хигиена, играчки  се само дел од хуманиот пакет која за самохраниот татко на две малолетни деца го обезбедија сопствениците на стоматолошката ординација „Д-р Стоев“, Сашо и Марија Стоеви и вработените во ординацијата. Неможе да се опише радоста на  Николчо Крстаноски во моментот на промањето на помошта и од фактот што сепак некој се сетил на нивната мака и решил да им помогне. „Се снаоѓаме е вака некој ќе ни даде нешто. Социјална помош немам. Неможам да направам документи,...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top