Ознака: хуманитарни

donatorska

Лајонс клубовите донираа на ранливите категории

Post Views: 4 Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид ја организираше традиционалната донаторска акција во месец јуни. Оваа акција велат дека ќе продолжи и во наредните години. Особено се задоволни бидејќи во оваа нивна акција добиваат поддршка и од останатите лајонс клубови и хуманитарни организации од градов. Благодарност добија и од Црвениот крст од Охрид преку кои се спроведе оваа акција. „Оваа акција секогаш ни е поддржана од сите други лајонс клубови, лајонс клуб „Лихнидос“, „Охрид“, „Деница“ и „Ротари“ клубот. Собраните донаторски средства оваа година одлучивме да ги дадеме во вид...

Continue reading

За празниците повеќе од 180 семејства од ранливите категории од Охрид ќе добијат хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена

Post Views: 4 Во деновите пред Велигден и Бајрам повеќе од 180 семејства од ранливите категории од Охрид благодарение на брендот „Охридски бисер Филеви“ и Лајонс Клуб „Десарети“ ќе добијат хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, доволни да помогнат на едно четиричлено семејство во траење од еден месец, истакна Сашо Точко- претседател О.О. „Црвен Крст“ Охрид. „Апелирам и ги повикувам сите оние коишто имаат можност да се вклучат во „Неделата на солидарност“ која завршува овие дена, но и да изразам гордост и благодарност до сите оние коишто беа вклучени во...

Continue reading

paketi

Заедничка хуманитарна акција на локалната самоуправа со кумот на Водици 2012, Ванчо Чифлиганец

Post Views: 3 Во очи големиот христијански празник Богојавление-Водици, локалната самоуправа на чело со градоначалникот Никола Бакрачески, во соработка со поранешниот кум на Водици, Ванчо Чифлиганец, денес поделија хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства во Охрид. Со доделените пакети, градоначалникот Бакрачески вели дека ќе се обидат да дадат мал допринос во помагањето на оваа категорија на граѓани. „Ние како локална самоуправа неколку пати напоменавме дека еден од приоритетите на оваа локална самоуправа ќе биде континуирано помагање на социјално загрозените семејства...

Continue reading

izlozba

Соединување на каменот со дрвото

Post Views: 2 Со камчиња и дрво Анета Вршкоска Јованоска го напиша својот личен дневник покажувајќи ја притоа својата сензибилност и вербата во естетиката, но и вљубеноста во уметноста. Под името Соединување таа синоќа пред широката публика ги прикажа своите дела изработени од ситни камчиња и дрвца кои стрпливо ги собирала и соединувала речиси една година. Името на изложбата не е случајно а го даде мојот помал син, Јаков при една заедничка прошетка во планина. Тогаш забележавме како камчињата и дрвата во природата се совршено соединети, рече уметникот Анета Вршкоска Јованоска. Таа...

Continue reading

akcija

Замина хуманитарниот конвој за Србија и БиХ

Post Views: 0 Постојано пристигнува нова помош во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток за настраданите во поплавите во Србија и Босна, а претставниците и волонтерите на Црвениот крст непрестано пакуваат кутии со собраните хуманитарни средства. Граѓаните на Македонија уште еднаш ја покажаа хуманоста на дело. Се донираа огромни количини на флаширана вода за пиење, храна, сокови, облека, бебешки производи, ќебиња. Исто така, собрани се и средства за лична хигиена, влажни марамици, пелени, пасти за заби, шампони и детски играчки. Од Црвениот крст се задоволни од текот на хуманитарната...

Continue reading

socijalni paketi

Семејството Чифлиганец подели 50 хуманитарни пакети

Post Views: 0 Продолжува хуманата мисија на актуелниот кум на манифестацијата „Водици“, проф. Д-р Ванчо Чифлиганец. Тој, заедно со своето семејство денес во соработка со Црвениот крст од Охрид и локалната самоуправа донираа 50 социјални пакети за најзагрозените семејства од општините Охрид и Дебрца. Ова е трета ваква хуманитарна акција на семејството Чифлиганец. Вакви пакети тој додели и за празниците Богојавление и Велигден минатата година. „Морам да кажам дека не само за оваа година додека бев кум за Водици, секогаш кога ќе имате потреба и кога ќе бидам во можност, а сега сум во...

Continue reading

kolaci

Велигденски хуманитарни акции

Post Views: 2 Велигденски јајца, колачи, украси, пилиња. Основците од Св. Климент Охридски од Охрид и Св. Наум Охридски од Пештани за Велигден подготвија хуманитарни продажни акции. Продажната хуманитарна акција во ООУ Св. Климент Охридски е проект на советот на родители и истата од година во година е се поорганизирана и поуспешна. „Како и секоја година, така и оваа организиравме продажна хуманитарна акција. Парите кои ќе се соберат се наменети за дечињата од социјално загрозените семејства, поточно за оние кои не се во можност да платат за престојните екскурзии“, вели преставникот...

Continue reading

pretstava

Премиерна претстава на Охридскиот театар

Post Views: 0 Професионалниот Охридски театар-најголемо достигнување, вели кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Првата официјална престава на Охридскиот театар ќе биде „Метаморфози“ на Андреј Цветановски. Средствата кои ќе бидат собрани од влезниците ќе одат за хуманитарни цели. Охрид доби професионален театар после долго време. Она што на охридскиот културен живот долго време му недостигаше конечно е тука. Театарот летото го започнува во работна атмосфера. Актерите од охридскиот театар ќе ја одиграат својата прва претстава пред Охридската публика со статус...

Continue reading

vmro-dpmne

Жените од ДПМНЕ Охрид со нови трибини и хуманитарни активности

Post Views: 10 Следува период на поголем ангажман на жените од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. На денешниот прес тие најавија дека во наредниов период ќе организираат поголем број на трибини, ќе прават хуманитарни акции, ќе помагаат на сиромашните семејства од Охрид. Велат: „Овие активности ги спроведуваме со цел да им помогнеме на најсиромашните семејства за да можат да ги поминат Велигденските денови убаво и да бидеме во тек со светските трендови односно со Светската недела на солидарноста.“ Ја најавија и првата трибина за престојниов период. „Овој пат решивме да посветиме една трибина токму...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top