Ознака: хуманитарна

pomos srbija

Охрид деновиве дише и живее со хуманост

Post Views: 7 Граѓаните и компаниите од Охрид покажаа висок степен на хуманост, солидарност и масовно се одзваа на акцијата за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, изјави градоначалникот Никола Бакрачески. Од денес пред општинската зграда е отворен нов пункт, каде од 9 часот наутро па се до 16 часот може сите кои сакаат да донираат хуманитарна помош. Бакрачески на своите сограѓани им порача, секој во рамките на своите можности да продолжат и понатаму да донираат, со цел на настраданите во поплавите да им покажеме  дека не се сами и имаат пријатели во...

Continue reading

logo

Недела на солидарност

Post Views: 0   Под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, а по повод одбележување на Неделата на солидарност,  Црвен крст од Охрид  организира хуманитарна акција. Целта е подигање на свеста на населението за помош и поддршка на ранливото население за обезбедување  храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца. –Во последно време со оглед на економската ситуација на граѓаните бројот на оние на кои им е потребна ваква помош расте....

Continue reading

lajonistki

Хуманитарна вечер под маски

Post Views: 1 Женскиот лајонс клуб „Деница“ од Охрид синоќа ја заокружи хуманитарната акција за собирање на средства за Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“. Настанот беше под мотото „Секој под маска“ и сите присутни имаа можност да ја покажат својата хуманост. Учество во оваа хуманитарна вечер имаа четирите Лајонс клубови од Охрид, ротаријанците, како и штитениците од „Зраци“, кои што беа вклучени во хуманата акција со изработка на маски кои синоќа се продаваа. Покрај донациите од клубовите, хуманитарниот фонд беше збогатен и со средствата од организираната лотарија....

Continue reading

Karolina Goceva

„Скопје за Хаити и Чиле“

Post Views: 7 На првата програма на Македонската телевизија, утре во 20 часот ќе биде реализирана специјална хуманитарна манифестација „Скопје 1963 за Хаити и Чиле 2010“ Организатор на хуманитарната манифестација е градот Скопје, како град на солидарноста, а целта е да се соберат што повеќе финансиски средства за помош на настраданите градови во овие две латиноамерикански земји, што беа погодени од катастрофални земјотреси со многу човечки жртви. Парите ќе бидат собирани преку јавувања од сите телекомуникациски оператори во земјава, а на отворените телефони ќе се јавуваат актуелните...

Continue reading

forum na zeni SDSM

Охридскиот форум на жени од СДСМ донираше топла облека и обувки во Црвениот крст

Post Views: 1 Жените од општинската организација на СДСМ даруваа топла облека и обувки во Црвениот крст од Охрид. Својата хуманост тие ја покажаа преку нивната веќе традиционална хуманитарна акција „Дарувај од срце“ која покрај во нашиот град, во исто време се случуваше и во повеќе градови во републиката. „Се прибира топла облека, се прибираат обувки и истите се донираат во Црвениот крст кој понатаму ги дистрибуира онаму каде што е најпотребно. Целта на оваа хуманитарна акција е ако не можеме многу да го смениме животот на нашите сограѓани, барем малку да внесеме топлина во нивните...

Continue reading

vozilo

Штитениците од дневните центри сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило

Post Views: 27   Штитениците од дневниот центар „Доброљубие“ сеуште не го имаат сефтосано специјалното возило наменето за лицата со хендикеп кое беше набавено со средства собрани од големата хуманитарна акциja   „Декември-месец на отворено срце“ која се спроведе минатата година. Никола Кукоски, проект менаџерот на „Доброљубие“ вели дека откога во месец јули ова возило и било предадено на Локалната за таа да го одржува и да стопанисува со него,  тие не го имаат користено  за свои потреби. Бидејќи ние во летниот период паузираме со работа немавме можност кога да го побараме возилото....

Continue reading

humanitaren paket

Триесет социјално загрозени семејства денес добија хуманитарни пакети

Post Views: 6 30 пакети со основните прехрамбени производи како брашно, масло, тестенини, ориз, денес им беа доделени на социјално загрозените семејства од градов. Пакетите се донација од годинешниот кум на манифестацијата „Водици 2013“, Стојан Ѓоргоски во соработка со Црвениот крст од Охрид. Ѓоргоски потенцира дека и оваа хуманитарна акција е во духот на празникот, бидејќи една од основните одлики на христијанството е  хуманоста и упати апел до сите граѓани кои се во можност да им помогнат на ранливите категории.  Претседателот на здружението Богојавление, Љупчо Арнаудов потсети...

Continue reading

rekviziti

Добра идеја, успешна реализација

Post Views: 4 Добра идеја, успешна реализација. Акцијата која Општина Охрид заедно со Црвен Крст и ракометарите ветерани ја спроведоа уште пред новата година, денес доби свој епилог. Од средствата кои се собраа од одржувањето на хуманитарниот ракометен натпревар помеѓу РК „Охрид 2012“ и ветераните, се купија спортски реквизити кои денес беа донирани во градинката „Јасна Ристеска“, вели Филип Јованоск, портпарол на Локалната самоуправа. И од Црвен крст задоволни како протекла оваа хуманитарна акција. Претседателот Сашо Точко ветува дека и понатаму ќе соработуваат со детската градинка...

Continue reading

socijalni paketi

Семејството Чифлиганец подели 50 хуманитарни пакети

Post Views: 0 Продолжува хуманата мисија на актуелниот кум на манифестацијата „Водици“, проф. Д-р Ванчо Чифлиганец. Тој, заедно со своето семејство денес во соработка со Црвениот крст од Охрид и локалната самоуправа донираа 50 социјални пакети за најзагрозените семејства од општините Охрид и Дебрца. Ова е трета ваква хуманитарна акција на семејството Чифлиганец. Вакви пакети тој додели и за празниците Богојавление и Велигден минатата година. „Морам да кажам дека не само за оваа година додека бев кум за Водици, секогаш кога ќе имате потреба и кога ќе бидам во можност, а сега сум во...

Continue reading

pomos

Да му помогнеме на 17 годишниот Илија

Post Views: 5 17 годишниот Илија Јосифоски од Охрид, има итна потреба од лекување  во странство. Се молат граѓаните, солидарно и доброволно да дадат финансиска помош, за  неопходното  итно лекување.  Хуманите граѓани, паричните средства можат да ги донираат на следната жиро сметка во Тутунска банка филијала Охрид: 210- 700000598044 на име Миле Јосифоски (ЕМБГ 1908966432026 ) со назнака за хуманитарна помош за Илија Јосифоски од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

pantomima ck

Прекрасен хепенинг на Црвениот крст од Охрид

Post Views: 3 Продолжуваат целонеделните активности на Црвениот крст од Охрид. Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечна започнаа токму на роденденот на основоположникот на оваа организација, Анри Динан, 8ми Мај, а завршуваат на 15ти Мај. Бројни волонтери на Црвениот крст беа присутни на овој хепенинг и се погрижија за тој да помине во најдобар ред. „Денеска се одвива и традиционалната крводарителска акција под покровителство, помош и подршка на спортската обложувалница премиер голем број на крводарители се одзваа на нашиот повик, навистина им благодарам на хуманоста а и благодарам...

Continue reading

karti humanitaren koncert

Хуманитарен концерт „Од деца за деца“

Post Views: 2 Концертот за кој учениците се подготвувале месец и половина е организиран од седмооделенците, а наменет за нивните соученици полуматурантите.   „ Уште не е дефинирано, каде ќе одат парите, најпрво сакавме тие да бидат за децата кои ќе одат на екскурзија, а немаат пари, но се намалува бројот и повеќе не сакаат да одат, а другите пари ќе одат кај болно девојче од училиштето. Всушност каде ќе одат парите ќе одлучиме кога ќе се собарат а се зависи од тоа колку ќе собереме“, вели Ивана Мирчевска – ученик ООУ Кочо Рацин. Учениците уште кога ја кажале идејата и желбата за хуманиратниот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top