Ознака: христос

Католиците вечерва ја чекаат радосната вест за раѓањето на Исус Христос

Post Views: 1   Припадниците на католичката вероисповед денес го прославуваат Бадник. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, овој ден го прославуваат на 24 декември. Бадник означува бдеење пред раѓањето на Исус Христос, Божиќ, центарот на сите празници, вели отец Оливер. Тој додаде дека Божикното славење е еден од најголемиот христијански празник и неговото славење според него било  дводимензионално.  „Едната димензија е славењето на Бога дека тој се роди како човек се роди за да ни каже дека сме...

Continue reading

post

Денес започнува Божиќниот пост

Post Views: 3 За православните христијански верници кои се водат според стариот Јулијански календар денеска почнува шестнеделниот Божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до  Божик 7 јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор...

Continue reading

katolici

Католиците ги прават последните подготовки за Велигден

Post Views: 4 Христијаните од католичка вероисповед и оние кои слават по новиот календар утре ќе го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден. Верниците ги прават последните подготовки за овој најголем ден. „Тоа е празник кој ја симболизира победата на Божјиот син врз злото. Победа Божја врз кнезот на овој свет, како што Исус Христос го нарекува ѓаволот, демнот. И не само тоа туку воскреснувањето  Христово е еде празник кој што е радосен затоа што Исус Христос со своеот воскерснување ни покажа дека човекот не се состои само од душа туку се состои и од тело кое ќе воскресне...

Continue reading

Охриѓани го одбележаа празникот Водици

Post Views: 2 На Божествената литургија во храмот Успение на Пресвета Богородица Каменско  утрово беа присутни голем број верници. За сите нив празникот Богојавлениe има големо значење. По одржувањето на литургијата сите верници тргнаа кон пристаништето каде што  светиот крст се фрли во езерските води. Празникот Водици или Богојавление се нарекува така зашто во мигот на Крштението Христово„ се покажа поклонувањето на Света Троица“.„ На овој голем ден Бог се јавува во три лица. И самиот збор Богојавление значи Бог се јавува самиот, синот Богочовекот Христос се наоѓа во водите на Јордан,...

Continue reading

ikona

Велика Сабота-свештен трепет пред Христовото воскресение

Post Views: 1 Христијаните денеска ја одбележуваат Велика Сабота, вториот ден на христијанската жалост, по Велики Петок – денот на распнувањето на крст и смртта на Исус Христос. Овој ден е свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и воскликот  „Христос воскресе“. Вечерва верниците одат  во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат. Празникот...

Continue reading

Божик

Православните охриѓани го слават Божиќ

Post Views: 1 Православните верници денес го слават најголемиот празник Христовото раѓање. Охриѓани од утрово масовно ги  посетија  верските храмови, запалија свеќи и со молитва  посакаа мир и добросостојба за своите семејства и за најблиските. Отец  Диме Азески посочува за големото значење на овој празник и порачува да го славиме Богомладенецот Христос, Отецот и светиот Дух со цврста вера, надеж и искрена љубов.   „Овој  празник е најголема  радост затоа што ни ја открива слободата и радоста која Бог ни ја дарил со своето раѓање. Примил човечки лик за да не ослободи од ропството, ...

Continue reading

Isus Hristos ikona

Велики петок-Ден на страдањата и смртта на Исус Христос

Post Views: 130 Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и пренесување на таканаречената бескрвна жртва се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“. Од тогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела кога првпат ќе се огласи радоста...

Continue reading

litija

Бадникова поворка низ охридските улици

Post Views: 6 Три и пол годишната  Теофанија беше дел од Бадниковата поворка составена од над 300 дечиња. Тие ја пееја Коледарската песна Вечниот бог , а во рацете носеа фенерчиња и звезди. Поворката со радосната песна го најавува Христовото раѓање и внесе светлост и радост  низ охридските улици. Оваа Бадникова поворка се организира по втор пат, вели една од организаторите Летка Филипова. „Ние како организатори сме среќни што успеваме околу 300 деца да ги организираме и да ги научиме да ја пеат вистинската, правилна христијанска песна, стара коледарска песна Вечниот Бог. Самиот Христос...

Continue reading

Spasovden

Денес е Спaсовден

Post Views: 2 Православните христијани денес го слават празникот на Христовото вознесение или Спасовден, кој се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”.   Во спомен на Христовото вознесение на небото Светата Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден зошто се празнува денот на...

Continue reading

raspetie

Денес е Велики петок – Христово распнување

Post Views: 4 На Велики петок се оди во црква, каде се оставаат дарови на Христовото Распетие, а според обичаите, секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос, со тоа што платното наречено „Плаштаница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус, вели отец Љупчо Симиџиески. „Наша света должност е длабоко да ги цениме страдањата Христови,  да сострадуваме со него секогаш а особено во овие...

Continue reading

jajca

Велики Четврток потсетник за страдањето на Исус Христос

Post Views: 2 Денеска е Велики Четврток. Црквата на овој ден споменува за светото миење на нозете, тајната вечера и предавањето на Синот Божји. Во храмовите верниците се молат за прошка. Од рано изутрина домаќинките бојадисуваат три јајца. Црвеното јајце во христијанството е симбол на воскресението Христово. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос. Црвената боја ја означува крвта на Исус Христос, тој ја дал неговата крв да не спаси од гревовите. Во домовите се прават подготовки за пречекот...

Continue reading

freska

Денес е Велики Понеделник

Post Views: 4 Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, (во кој Исус Христос не нашол вистински плод, туку само лицемерна сенка на законот),...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top