Ознака: христијански

крст

Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица

Post Views: 4 Голем број верници не само од Охрид туку од сите краеви на Македонија и пошироко утрово ја посетија црквата „Света Богородица“ Каменско. Денес се празнува големиот христијански празник- Успение на пресвета Богородица. Тие запалија свеќи и се помолија за здравје и благосостојба. Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е голем христијански празник кај православните, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму...

Continue reading

festival Spasovden

Фолк Фест Спасовден, од локален настан, до фестивал со меѓународни фолк ѕвезди

Post Views: 1 Пред три години, на денот на големиот христијански празник Спасовден, лесковчани срамежливо но сигурно започнаа една нова традиција поврзана со нивната селска слава. Пред три години здруженито на граѓани „Спасовден“ од Лескоец за прв пат го организираше фестивалот на препеани македонски фолк песни „Фолк Фест Спасовден“. Но она што тогаш започна како мал, локален настан, полека се претвора во нешто многу поголемо, а од годинава добива и меѓународен карактер. „Годинава успеавме да добиеме најавено присуство на врвни имиња од македонската естрада, а имаме чест и да ни присуствуваат...

Continue reading

jovan babace

Јован Бабаче најсреќен од сите

Post Views: 17 Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст. Околу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде. Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му подари...

Continue reading

vodici

Документарниот филм „Богојавление Охрид-2012“ премиерно на Телевизија ТВМ

Post Views: 2 На Велигден, кога го славиме Христовото воскресение, премиерно на Телевизија ТВМ, ќе биде прикажан најновиот документарен филм „Богојавление Охрид-2012“, хронолошки запис за годинашната прослава на големиот христијански празник Водици. Филмот е документиран, видео запис за славењето на Христовото крштевање во Охрид и приказ на најатрактивната и најмасовна прослава на Водици во овој дел од православниот свет со доловување на многувековната традиција, богатство на обичаи и култот на охриѓани за празникот. Со кумството на Чифлиганец, првиот кум за Водици во Охрид, кој нема...

Continue reading

mitko

Светиот крст во рацете на Митко Топенчаров

Post Views: 0 Митко Топенчаров го фати светиот крст во осветените води на Охридското езеро. Тој беше најсреќен од околу 1000 млади луѓе од Охрид и  државава  и неколкуте гости капачи од странство. Оваа година крстот ќе му носи среќа на Митко, неговото семејство но и на целиот христијански свет. Топенчаров по петти пат го фаќа крстот на Водици. Околу 20.000 луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство присуствуваа на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.Со...

Continue reading

humanitarni paketi

Хуманитарни пакети за најзагрозените

Post Views: 2 Сашо Точко, му го честита кумството на Чифлиганец и му се заблагодари за неговото учество во хуманиот гест, вклучувајќи се во оваа акција. Точко вели дека изборот на 50 социјално најзагрозени семејства е направен според нивна селекција, скенирајќи ја состојбата на сите кои се пријавуваат. Тој се надева дека на овие семејства до година состојбата ќе им се подобри и ќе можат сами да допринесат за подобар живот, а со тоа и за подобра егзистенција. Воедно, Точко ги покани сите присутни, утре да бидат дел од атмосферата за фрлањето на крстот во водите на Охридското Езеро....

Continue reading

spomenik Sv Naum Ohridski Cudotvorec

Споменикот на Свети Наум денес гордо се исправи на својот постамент

Post Views: 0 Делото изработено од академик Томе Серафимоски своето свечено претставување ќе го има утре, на големиот христијански празник, Свети Наум, летен. Поставувањето на споменикот лично ќе го следи и неговиот творец, академик Томе Серафимоски. Споменикот на Свети Наум застана на својот постамент во друштвото на Свети Кирил и Методиј и Свети Климент Охридски. Поставувањето на споменикот беше лично следено од авторот на делото, академик Томе Серафимоски. Идејата за ваквиот изглед на градскиот плоштад со споменици од трите најзначајни светители е стара 20 години и потекнува...

Continue reading

humanitarna pomosh

Хуманитарна акција на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 0 Скромна помош за неколку Охридски семејства. ОК на ВМРО ДПМНЕ во очи на големиот христијански празник Божик, спроведе хуманитарна акција. На три социјално загрозени семејства им беа подарени социјални пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена. „ Континуитетот на правење хумани дела ќе продолжи и понатаму. Ние сме народна партија и токму поради тоа, треба да сме постојано тука за потребите на нашите граѓани, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов.Социјалните пакети се подготвени од средствата собрани на хуманитарниот коктел, кој...

Continue reading

raspeano gerdance

„ Распеано ѓерданче“ одржа концерт

Post Views: 0 На градскиот плоштад, хорчето „Распеано ѓерданче“ одржа концерт. Со него, дечињата, им ги честитаа божиќните празници на сите граѓани на Охрид. Еуфорична атмосфера и задоволство на лицата на насобраните граѓани, кои со внимание го проследија овој настан. Дечињата пак, насмеани, пееја за големиот христијански празник Рождество Христово – Божик. Методија Баракоски, уметнички раководител на хорчето „Распеано ѓерданче“ вели дека ова е втор ваков концерт. Минатата година, концертот го одржавме на Божиќ, а оваа година одлучивме да го реализираме на Бадник, и со песна...

Continue reading

Sveti Kliment Ohridski

Литургија во спомен на Свети Климент Охридски

Post Views: 2 Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Во Велика Моравија им помагале на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија.  По смртта на Свети Методиј на почетокот на 886 година, Свети Климент, Свети Наум и Свети Ангелариј доаѓаат во Охрид. Тука ја основа познатата Охридска книжевна школа наречена и прв словенски универзитет во кој оспособил над 3500 ученици за црковна богослужба.Свети Климент покрај црковната и педагошката дејност се занимавал и со преведување. „Панонски легенди“,познати како житијата...

Continue reading

Vodici 2009

Кој ќе биде новиот кум за Водици 2011

Post Views: 0 Во тек е огласот за кандидатура за кум на оваа манифестација. Томе Тримчев од Здружението „Богојавление“, информира дека до сега до здружението се пристигнати две кандидатури. Инаку, носителот на оваа престижна улога ја има честа да го прими и дарува оној кој ќе го фати светиот крст и да се грижи за покривање на материјалните трошоци. Кумот го има едно од најзначајните места во целата религиозна церемонија која се одвива за време на овој голем христијански празник. Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници,...

Continue reading

Ikona

Со вера, љубов и надеж

Post Views: 19 Светата православна Црква на денешен ден го празнува споменот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж. По повод овој голем христијански празник, во месноста Лагадин денеска по единаесетти пат се одржа голем црковно народен собир. На самиот брег на Охридското езеро е подигната млечка црквичка која го носи името на овие светителки, а неа пред десет години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче. Патче изрази задоволство што од година во година се зголемува бројот на верници кои доаѓаат во Лагадин да го прослават овој верски празник. Тој додаде, дека поради се поголемиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top