Ознака: христијани

Православните христијани денес го слават Велики петок

Post Views: 7 Денешниот ден се смета за најтежок празник кај христијаните, на денешен ден е распнат Исус Христос. Познат е како Велики петок, Велипеток или Распет петок. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на Ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале...

Continue reading

Православните христијани денеска го слават Богојавление-Водици

Post Views: 16 Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште...

Continue reading

Православните христијани денес го слават празникот Крстовден

Post Views: 0 Празникот Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол). Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов. Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов но таму нашле три крста бидејќи во близината на Христовиот...

Continue reading

Православните христијани денес го слават Богојавление-Водици

Post Views: 0 Пред да почне со својата проповед Господ Исус Христос, во околината на Јордан проповедал Јован Крстител, кој велел: Се приближува царството небесно, доаѓа очекуваниот Месија, исповедувањето е потребно за влегување во царството небесно. Исус Христос, пред да почне јавно да го проповеда своето учење, од Галилеја дојде крај Јордан и му дозволи на Јована да го крсти, поради што Јован се нарекува Крстител. Во спомен на Христовото крштевање црквата воспостави празник: „Крштевање на Господ односно Богојавление -„Водици“. Споменот се однесува на 6-ти Јануари (19-ти според Јулијанскиот...

Continue reading

Православните христијани денес го празнуваат Рождеството на Пресвета Богородица – Мала Богородица

Post Views: 0 Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и беше од племето Давидово, а мајка и’ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи...

Continue reading

Православните ортодоксни христијани го слават Божиќ, Христовото раѓање

Post Views: 0 Охридските храмови по повод Божик, Христовото рождество беа преполни со верници. Црквата Св Никола во населбата Долна Влашка маала беше исполнета со голем број верници кои присуствуваа на божествената литургија. Граѓаните кои со молитва и пост во изминатите шест недели се подготвува за овој голем христијански празник, ја примија светата причест. Меѓу возрасните, голeм беше и бројот на дечиња од различни возрасти кои присувуваа на литургијата и исто така се причестија, а при тоа добија и новогодишни пакатечиња. Отец Сашо Ристески, парохиски свештеник од овој храм за ТВМ...

Continue reading

Православните христијани денес го празнуваат Преображение Господово

Post Views: 1 На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован. Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан. Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ, така што во целокупното празнување на овој празник следиме повеќе слоеви на народната култура.На Преображение за пат пат се јаде грозје или друго овошје откако свештеникот...

Continue reading

Presveta Bogorodica

Денес се слави Мала Богородица

Post Views: 0 Манастирот Пресвета Богородица во Калишта струшко, во знакот на одбележувањето на големиот христијански празник Мала Богородица. Овој манастирски комплекс посебно е познат по тоа што наспроти празникот и на самиот празник кој секоја година се слави на 21 септември ширум ги отвора портите на својот атар за сите верници. Мошне значајно и интересно е што за денешниот празник во Црквата на Пресвета Богородица свеќи палат и припадници на исламската вероисповед. Секоја година редици на луѓе чекаат пред вратите на манастирот за да се поклонат пред чудотворната икона на Пресвета...

Continue reading

Православните христијани денес го прославуваат вознесението Христово, Спасовден

Post Views: 2 Бројни верници од цела Македонија денес се собраа во манастирот „Св.Спас“ во Горно Лакочереј за да го прослават вознесението христово-Спасовден. Манастирот од синоќа ги прима верниците и сите посетители почнувајќи со вечерната богослужба. Денес пак во манастирот се пееше утринска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски, г.Тимотеј. Верниците кои ги затекнавме во манастирот ги запрашавме како тие го прославуваат денешниот голем празник. „Палиме свеќи за здравје, за семејството. Убаво, како и секоја година. Да ни помогне на сите.“ „Ние не сме...

Continue reading

Православните христијани денес го слават Св.Наум Охридски-Чудотворец

Post Views: 5 Преподобен Наум Охридски Чудотворец бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај). Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Споменот на светиот рамноапостолен Наум се твори на 20 јуни/3 јули, 23 декември/05 јануари и 27 јули/9 август заедно со светите Климент, Сава, Горазд и Ангелариј. За животот и дејноста на св. Наум Охридски постојат...

Continue reading

bozik

Православните христијани го слават Христовото раѓање

Post Views: 2 Христос се роди-Навистина се роди! Вака утринава се ширеше радосната вест за христовото раѓање во охридските православни храмови. Денес православието го слави најсветлиот ден, раѓањето на спасителот Исус Христос. Верниците побрзаа во храмовите најпрво да ја чујат светата архиерејска литургија, да се помолат за здравје, радост и бериќет. Ги запрашавме верниците како тие со своите семејства ќе го одбележат овој најсветол ден во православието. „Како и сите православни во Македонија, така и ние, радосно, весело, со фамилијата, со пријателите, со роднините, традиционално.“ „Како...

Continue reading

Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар – Петровден

Post Views: 8 Православните христијани денес го слават споменот на светиот апостол Петар, со кој се одбележува завршувањето на повеќедневните пости. Празникот е познат кај народот како Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време. По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top