Ознака: храна

ziteli na Wukan protiv vlasta

Бунтовничкото кинеско село кое и кажа „НЕ“ на Комунистичката партија ќе изумре од глад

Post Views: 23 Бунтовничкото село Вукан во Кина, кое од пред извесно време не е под контрола на Комунистичката партија и се наоѓа под полициска опсада има залихи од храна за само десетина денови, пишува лондонскиот весник „Дејли телеграф“. Како што јави дописникот на МИА од Лондон, селото кое стана познато низ цела Кина и во светот од неделата е блокирано од сите страни од бројни полициски сили, откако полицајците претходно не успеаја да ги натераат селаните да се предадат. Поради тоа во Вукан нема никаков дотур на храна, ниту на вода, а никој од жителите на селото не смее да го напушти. Судирот...

Continue reading

baby

Отровна мувла во бебешки кашички

Post Views: 1 Производител на детска храна „Семпер“ од Швeдска, повлече од пазарот прехранбени продукти за деца, откако во нив биле откриени траги од мувлосани состојки. Станува збор за овошни каши од марката „Смафолк“ наменети за бебиња. Отровните состојки што се најдени во мувлата се от типот афлатоксин и предизвикуваат канцер, јави Шведското радио. Според службата за информирање на „Семпер“ нивото на откриениот афлатоксин е нешто повисоко од пропишаното ниво со Законот за детска храна во Шведска. „Семпер“ едновремено тврди дека откриеното ниво на отровна мувла не е алармантно....

Continue reading

happy meal od Mc Donalds

Ѓаволско партнерство

Post Views: 3 Според сите стандарди, американските деца се премногу дебели и родителите се земаат на одговорност што ги хранат со нездрава храна. Но, сега, критиката обвинува и нешто друго. Тоа се вика – прекумерно рекламирање. Гледате дека произведувачите на храна што дебели, дебело плаќаат нивниот производ да биде божем случајно покажан  во цртани филмови и  видео игри, како никогаш досега. Во анимирани приказни, ликовите на децата не само што трчаат наоколу со супер-херои и принцези, туку јадат и зашеќерени житарки, крем-супи и лепливи бонбони. Ова не се измислени производи....

Continue reading

insekt

Европејците до 2020 ќе се прехрануваат со инсекти

Post Views: 0 Пржени скакулци, печени мравки или супа од скакулци, во иднина може да бидат дел од редовното мени на Европејците. Според една студија, еден мал скакулец во неговото тело содржи 20 проценти белковини и само шест отсто масти. Колку за споредба говедското месо има 24 проценти протеини, а околу 20 проценти отпаѓаат на мастите. Научниците тврдат дека скакулците се богати со калциум, термитите со железо, а гасениците се добар извор на бакар и рибофлавин. Инсектите произведуваат помалку емисии на стакленички гасови и бараат помалку храна од добитокот. – До 2020 година,...

Continue reading

ПРИРАЧНИЦИ ЗА ХРАНА ЗА ПРЕДУЧИЛИШНИ И УЧИЛИШНИ УСТАНОВИ

Post Views: 2 Агенција за храна и ветеринарство и Организација на потрошувачите на Македонија подготвија Прирачници за операторите кои подготвуваат храна за предучилишните и училишните установи или кои истата ја добавуваат. Двата Прирачника содржат важни информации за видот на храната која треба да ја добиваат децата и учениците, условите на нејзина подготовка и чување. ПРИРАЧНИЦИ ЗА ОПЕРАТОРИТЕ СО ХРАНА ЗА ГРАДИНКИТЕ И УЧИЛИШТАТА

Continue reading

mcdonalds

Мекдоналдс во еден ден ќе вработи 50.000 луѓе

Post Views: 7 Американскиот ланец на ресторани за брза храна “Мекдоналдс“ објавил дека на 19 април ќе отвори конкурс преку кој во еден ден ќе можат да се вработат 50.000 луѓе. Конкурсот ќе важи за  14 илјади “Мекдоналдс“ ресторани во кои ќе се отворат 50.000 нови работни места, за полно или скратено работно време, објавила компанијата. “Мекдоналдс“ вработува 1,7 милиони лица во 117 земји а во своето соопштение потсетува дека поголемиот број на денешните сопственици и управители на рестораните, своите приказни ги започнале токму со таква работа. {loadposition content9}

Continue reading

hrana

Европската комисија дозволила увоз на радиоактивна храна од Јапонија?!

Post Views: 5 Европската Комисија воведе нови прописи, според кои, ќе може да се увезува млеко со три пати поголема радиоактивност, додека во рибите и растителните масла нивото може да биде повисоко и за 20 пати, пишуваат австриските медиуми. По нуклеарната катастрофа во Јапонија, Европската Комисија ја зголеми дозволената граница на радиоактивност за производите кои се увезуваат во ЕУ. Со таа уредба се дозволува увоз на производи со 20 отсто повеќе радиоактивни супстанции.Според пишувањата на австриските медиуми, лекарите стравуваат дека таквата уредба би можела да има сериозни здравствени...

Continue reading

pizza

Техеран не е по пицата

Post Views: 7 Последниот обид на властите на Иран да се отарасат од сè што е западњачко е забраната за емитување на кулинарски емисии на ТВ во кои се приготвува храна со западен вкус. Државната радиодифузија не дозволува прикажување на рецепти за француска и италијанска кујна, што медиумите од западот го толкуваат како дел од националистичката кампања на Иран. “Телевизијата треба да ги прикаже големите и важни достигнувања на Исламската револуција,“ изјавил Али Дараби од иранската радиодифузија. Заради популарноста на пицата, тестенините и хамбургерите често пати нивните рецепти се...

Continue reading

Mishele Obama

Мишел Обама побара од рестораните во САД да нудат здрава храна

Post Views: 2 Сопругата на претседателот на САД, Мишел Обама, денес ги повика сопствениците на ресторани и од нив побара во нивните мениа да воведат што е можно повеќе здрава храна, да ја означат и убаво обележат храната за деца. Мишел говореше на заседанието на Националното здружение на сопственици на ресторани и ги замоли во менито да ставаат помалку мрсна храна, а повеќе овошје и зеленчук, посебно во оброците за децата. Таа посочи дека Американците половина од своите приходи ги трошат на храна, додека една третина од оброците тие ги јадат во рестораните. Таа побара ог рестораните...

Continue reading

Регистер на микро производители на храна

Post Views: 4 Охридските производители на храна и пијалоци ќе ја промовираат локалната гастрономија. Поголема промоција се овозможува со конвивиумот на SLOW FOOD организацијата на Македонија. Досега нашиот регион е познат само по автохтоната Охридска пастрмка, а гастрономската понуда може да е многу поголема, информира професор д-р Ангела Крстаноска Пјачели, која активно е вклучена во македонската SLOW FOOD организација која брои 10 конвивиуми и 3 президиуми. Од големата палета на локални производи ги наведува охридските цреши и праски, домашната зимница, ѓомлезето, домашниот леб...

Continue reading

Фекалии на неколку метри од храна

Post Views: 1 Дефект на канализациона шахта од која се излеваа фекалии го блокира пристапот до градскиот пазар од страната на булавар „Туристичка“. Проблемот е присутен повеќе од една недела. Вработените во аптеката Зегин за дефектот, како што велат, уште тогаш информирале во ЈП „Нискоградба“. Екипи од ова јавно претпријатие дошле на терен, но не можеле да интервенираат бидејќи шахтата се наоѓа во самата аптека поради тоа што објектот бил доградуван. Денес проблемот ескалира, па од сабајле екипите од „Нискоградба“ работат со цел да изнајдат решение и да го спречат излевањето на фекалии. Дефектите...

Continue reading

Оваа сезона во Охрид без труења од храна

Post Views: 4 Како туристички центар Охрид е општина во која бројот на луѓе во градот во лето се зголемува, со што се зголемува и консумацијата на храна во хотелско угостителските објекти. Примероците од храна, земени од хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекџилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафетерии, маркети, како и во други објекти каде што се произведува и служи храна од страна на центарот за јавно здравје, покажале дека потрошувачите и туристите од охридско-струшкиот регион можат да бидат сигурни во безбедноста на храната. „Немавме труења никакви, поминавме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top