Ознака: хотели

svr

Скопјанец „оперирал“ по охридските хотели

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение дека е извршител на повеќе кражби, вчера СВР Охрид приведе и лиши од слобода 66- годишен скопјанец. Приведениот, кражбите ги извршил во периодот  од јануари до мај оваа година во повеќе хотели во Охрид при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 1500 евра. Серијата кражби ги започнал во јануари оваа година во хотелот „Милениум“ каде извесно време го следел движењето на гостите по што искористил погодна прилика и одзел една ташна со околу 6500 денари, мобилен телефон „Самсунг-галакси“ и повеќе кредитни картички. При неговото...

Continue reading

Ohrid

Охридските хотели полупразни за Велигденските празници

Post Views: 1 На охридската ривиера за Велигденските празници престојуваат туристи од соседните земји. Најбројни се бугарите, грците и турците, но охридските хотели останаа со  полупразни сместувачки капацитети. Снегот среде  април  и студеното време  ги натера странските гости да ги откажат Велигденските аранжмани. Туристичките рботници се соочуваат со откажување на аранжамани.    По се изгледа временските услови ќе придонесат охридските хотелиери да останат со куси ракави. Многу мал е бројот на хотелите чии капацитети се целосно исполенети со гости. Од  хотел Милениум информираат...

Continue reading

хотели

Европски ѕвезди за македонските хотели

Post Views: 8 Охридските хотелиери не се воодушевeни од новиот правилник за категоризација на објектите. Хотелите, ѕвездичките сега ќе ги добиваат по нови критеруми.  За да се избегнат обвинувањата за  субјективизам при рангирањето на хотелите министерството за економија донесе нов правилник прифатен од хотелите во поголем број европски земји. За хотелите од сите категории предвиден е одреден минимум кој треба да го имаат, а понатаму, за секоја услуга ќе добиваат поени. Вкупниот резултат ќе ја дава и категоријата. Претходниот правилник ги  условуваше луксузните хотели со пет ѕвездички...

Continue reading

pastrmka

2000 ден. в џеб и ќе јадете охридска пастрмка

Post Views: 9 Платете 2000 ден. и ќе јадете охридска пастрмка. Гостите кои доаѓаат во градов сакаат да го пробаат овој охридски специјалитет, ама скапо ги чини. Ако некои од нив и имаат подлабок џеб и можат да си дозволат едно вакво не така евтино гастрономско задоволство се во дилема дали навистина рибата што ја јадат е охридска пастрмка знаејќи дека има забрана за нејзино ловење. Рибарите објаснуваат дека во рестораните може да се најде охридска пастрмка, но само од рибниците во Македонија каде се одгледува. Радован Димитриески од риболовното друштво Св. Апостол Павле вели дека...

Continue reading

Aleksandar petreski

Петрески:„Владата им нанесува штета на граѓаните на Охрид и на туризмот“

Post Views: 1 „Изминува јуни, а охридската капетанија се уште  чека новиот бран да исфрли директор. Во меѓувреме, граѓаните не можат да ги регистрираат пловните објекти, а обезглавената капетанија не може да се грижи за безбедноста во езерскиот сообраќај“, обвини денеска градоначалникот Александар Петрески. „Ова е последниот во долгата низа удари кои власта им ги нанесува на граѓаните на Охрид и врз туризмот во целина. Патиштата кои водат до Охрид се во лоша состојба. Градот предолго време е без болница. Владата одбива да плати комуналии за објектите кои планира да ги гради и со тоа...

Continue reading

welcome

И од Министерство за транспорт и врски велат „многу е“

Post Views: 0 Што презема општината за да обезбеди поволни услови за инвестирање во туризмот и во таа насока, привлекување на познати хотелски брендови на охридската ривиера? Дали политиките за развој на туризмот на локално и централно ниво одат во иста насока? 1500 евра комуналии за м2 кои треба да ги искешира инвеститор доколку сака да гради хотел во Охрид. Ова е темата која ТВМ  ја начна испровоцирани од оваа фантастична цифра утврдена со одлука на Совет минатата година. И од Министерството за транспорт и врски се согласуваат дека сумата е превисока. Портпаролот Драган Симоноски...

Continue reading

turisti

Ни престои ли успешна туристичка сезона?

Post Views: 1 „Ако денот се познава по утрото“, тогаш на Охрид му престои успешна туристичка сезона.  Радува фактот што изминативе месеци но и на стартот на главната туристичка сезона охридските хотели се исполнети со странски гости. Туристичките работници се едногласни дека најголема заслуга за ова се балканските тури, од кои дел е и Охрид. Туристичката агенција „Летс травел груп“ е една една од ретките агнеции во земјава која работи со incoming  туризам, поточно агенција преку која гостите доаѓаат во Охрид. „ До сега имеме реализирано доста групи кои почнаа од крајот на март, април,...

Continue reading

aviom Holangani

Холанѓаните пристигнаа

Post Views: 12 Првата група од 120 туристи од Холандија преку аранжманите на тур-операторот „Арке травел – ТУИ“ денеска со чартер лет пристигна во Охрид. Беа пречекани на традиционален начин со погача и сол, но и со шампањ и торта. Гостите воодушевени од дочекот, организиран специјално за нив. „За вашата земја слушнав од мојата девојка. Таа беше овде минатата година и ми пренесе многу позитивни искуства за Охрид – беше воодушевена“, вели едне од гостите. Друг пак открива дека во Македонија очекува да види многу планини, цркви и пријателскиот народ“. Првата група холандски туристи,...

Continue reading

sileks

Хотелите ќе добијат електрошок

Post Views: 0 Апарати за електрошокови, односно дефибрилатори ќе мора да си набават сите фирми во кои што има повеќе од 100 вработени.  Тоа го предвидува новиот Закон за здавствена заштита кој треба да стапи во сила до први јуни годинава. Министерството за здравство деновиве достави известување до фирмите да се снабдат со потребниот медицински апарат, а доколку не го сторат тоа за работодавачите предвидени се казни. Ќе бидат организирани и обуки за 5 вработени од секоја компанија кои би требало да ракуваат со апаратите. Здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните органи,...

Continue reading

плостад

Охрид привлечна дестинација за Велигден

Post Views: 6 За престојните Велигденски празници Охрид ќе биде привлечна дестинација за посета на бројни туристи. Туристичките менаџери очекуваат посетеност на градот со традиционалните гости од соседството, но и од домашни посетители. Според нив, Велигденските празници не се показател каква туристичка сезона ќе престои ова лето, туку Првомајските празници. Владо Суклоски од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот потенцира дека интерес пројавиле гости од соседството. „Добрите најави за посетеност на градот се резултат на саемот за туризам во Белград, а интерес за престој во...

Continue reading

zemjishte

„Непопуларни мерки“

Post Views: 5 „Непопуларна мерка на државата е да се продава атрактивно земјиште само едно евро по метар квадратен“, вели Александар Петрески, Градоначалникот на Охрид. Станува збор за  јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено државно земјиште, односно двете локации на стотина метри од езерото, наменети за изградба на хотелски комплекси на компанијата “Фибула аир Травел“. Охридскиот Градоначалник утре на средба во Министерството за транспорт и врски. „Убава е желбата на Владата да се привлечат колку е можно повеќе инвеститори, но мора да се внимава кое земјиште ќе се...

Continue reading

zvezdi

Бледнеат ѕвездите на сместувачките капацитети

Post Views: 1 На Охридското крајбрежје се нудат сместувачки капацитети од најразлични  категории. Во податоците со кои располага секторот за туризам и локален економски развој се евидентирани 1833  објекти за приватно сместување од мал обем.  Според категоризацијата на објектите, се нудат апартмани  со висок комфор, но и просечни соби. Апартманите со 4 ѕвезди, најмногу ги има 107  во старото градско јадро и 41 во Лагадин. Веднаш потоа доѓаат високо комфорните апартмани во Рача, 10, и само 6 во Пештани. Од понудените објекти, сепак на крајбрежјето  најмногу се нудат  соби со една...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top