Tag: хоргмо

Тешка несреќа во Сочи

Норвешка остана без еден од најсилните адути за медал. Торстен Хоргмо, 26-годишниот сноубордер, тешко настрада после падот на тренингот на патеката Роза Хутор на Краснаја Полјана. Слетал на глава и рамо и итно е пренесен во болница, а има сомнение дека се работи за прелом на клучната коска. Сноубордерите последниве денови се жалат дека олимписката патека е необично опасна и на крај тоа на своја кожа го осети Хоргмо кој најверојатно остана без шанси за освојување на медал. Квалификациите во сноуборд почнуваат во четврток, ден пред службеното отворање на Олимписките игри.

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top