Ознака: Франција

francuski farmer

Француските земјоделци се самоубиваат

Post Views: 5 Во Франција се повеќе земјоделци си го одземаат животот. Бројот на самоубиства е дури три пати поголем од оној на луѓето кои работат во канцеларија. Во Франција секоја годинa си го одземаат животот околу 400 фармери. Животот на фармерите е се само не идиличен. Тој подразбира макотрпна работа од утро до вечер.И осаменоста е една од причините поради кои француските фармери се одлучуваат да му стават крај на својот живот. Од оваа причина и доаѓа до опустошување на селата. Имено, околу 300.000 фарми со крави и овци исчезнале во последниве години во Франција. На ова се надоврзува...

Continue reading

Sarkozy i Bruni Taj Mahal

Романтичната прошетка на Саркози разбесна 10 илјади туристи

Post Views: 0 Францускиот претседател Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни разбеснеа повеќе од 10 илјади посетители на храмот на вечната љубов Таџ Махал кои беа буквално исфрлени од обезбедувањето за првиот пар на Франција да ужива во прошетката. Иако посетата била закажана како претпладневна, Саркози и Бруни се предомислиле во последен момент и одлучиле најголемиот споменик на љубовта да го разгледаат за време на зајдисонцето. Наглата промена на планот на Саркози ги вознемирила безбедносните служби кои имале само час да смислат како да исфрлат повеќе од 10 илјади туристи...

Continue reading

Bridget Bardot

По Саркози – Брижит Бардо?

Post Views: 0 Глобалниот секс симбол од 60-тите години, француската филмска дива Брижит Бардо размислува за кандидирање на следните претседателски избори во Франција во 2012-та година. Кој знае со што се занимава Бардо во последниве неколку децении, претпоставува дека нејзиниот политички ангажман е мотивиран од животните, а не од луѓето.76 годишната поранешна актерка обелодени дека нејзина кандидатура побарала партијата на Еколошката Алијанса а во писмото до актуелниот претседател Никола Саркози објаснила дека “некој треба да се зaнимава и со заштита на правата на животните...

Continue reading

kampanja

Австралија е убава и глупава блондинка

Post Views: 1 Зборувајќи во Сиднеј на конференција за меѓународно образование, Сајмон Анхалт изјавил дека светот гледа на Австралија како на глупава блондинка, атрактивна од надвор, но плитка и не интелигентна од внатре. Како причина за еднодимензионалноста на континентот ја издвоил неуспешната промоција на сопствената култура, образование и индустрија. Според него, успехот на раскошните туристички реклами како 180-милионската “So where the bloody hell are you?”, резултирале со претставување на земјата како многу украсно, но не и корисно место.   76% од анкетираните Австралијанци...

Continue reading

Нов терористички напад во Франција

Post Views: 7 Двајцата вооружени мажи се убиени од полицијата, откако зедоа заложници во црква во Сент Етјен, во близина на Руен, во Нормандија, околу 10 часот во вторник. Според извештаите, тие влегле во црквата од споредната врата за време на мисата. Свештеник, две калуѓерки и двајца верници беа меѓу заложниците, додека уште една калуѓерка успеала да избега и да ги алармира службите. Специјалната полициска единица беше пратена на местото, која со кордон ја обезбеди црквата. Министерот за внатрешни работи, Бернард Казанев, подоцна соопшти дека двајцата мажи се неутрализирани, по...

Continue reading

Ибрахимовиќ е невозможна мисија

Post Views: 1 Харизматичниот Хозе Мурињо во интервју за фаранцуска телевизија говорел за потенцијалното доаѓање на Ибрахимовиќ во својот Челзи. -Дали би тренирале некој тим во Франција? „Пред се, среќен сум во Англија. Во тимот кој за мене значи многу повеќе од обичен тим. Со Челзи имам посебен однос. Ова е проект кој многу го сакам. Би можел во иднина да работам во Франција, зошто да не. Меѓутоа, Le Championnat не е исто што и Премиер лига. Таму уште на почеток на сезоната можете да знаете кој ќе биде прв, а кој втор. Моментално ми е потребна поголема возбуда од тоа“. – Дали...

Continue reading

Терористички напад во Ница, Франција

Post Views: 0 Напаѓач во доцните вечерни часови (14.07) возејќи со товарен камион влетал во толпата луѓе кои од шеталиштето покрај брегот во Ница го гледале штотуку завршениот огномет по повод Националниот празник на Франција, Денот на падот на Бастилја. Камионот неколку стотици метри се движел преку тротоарот, а како што тврдат локални политичари, а притоа возачот и пукал врз насобраните луѓе, пред и самиот да биде убиен од полицијата. Инцидентот се случи на славната Променад де Англе за време на огноменот. Локалните власти ги повикаа луѓето да не излегуваат надвор, а инцидентот...

Continue reading

Почетокот на Еуро2016 Франција го дочекува во потполн хаос

Post Views: 2 Штрајкот на синдикатите, поради измените во законите за работниците, предизвикува големи проблеми во Марсеј и Париз каде денес се игра првиот натпревар на Европското првенство во фудбал. Железницата одлучи штрајкот да го засили, вклучувајќи и линии од метрото кое вози до стадионот Stade de France на кој денес ќе се игра натпреварот помеѓу Франција и Романија кој го отвора Еуро2016. Фудбалските фанови пристигнуваат во Париз и се соочуваат со смрдеата од контејнерите кои со денови не се испразнети поради штрајкот. На улиците од главниот град на Франција има 3.000 тони...

Continue reading

Фатен терорист со стотици килограми експлозив, целта била Еуро2016 во Франција?

Post Views: 1 Неименуван француски државјанин е фатен на полско-украинската граница бидејќи превезувал стотици килограми експлозив, детонатори, три фрлачи на гранати и неколку калашникови. Намерата му била сето тоа да го прокриумчари во Франција, па од тие причини се сомневаат дека оружјето би требало да биде употребено за време на скорешното Европско првенство во фудбал, пренесува станицата М6. Мажот (25) е фатен уште на 21 мај, меѓутоа тој податок сега дојде до јавноста бидејќи граничната служба веднаш го предала во рацете на украинската тајна полиција. Порталот 20minutes.fr во...

Continue reading

Hasim Taci

Тачи во посета на Франција

Post Views: 3 Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска ќе престојува во официјална посета на Париз, на покана на францускиот претседател Никола Саркози. Поканата на Саркози, е во рамките на средбите на францускиот претседател со премиерите на регионот на Југоисточна Европа. „Главна тема на средбите на премиерот Тачи со највисоките официјални претставници во Париз ќе биде продлабочувањето на односите меѓу Косово и Франција, а во тие рамки и потврда на продолжувањето на поддршката на француската држава за сестраниот развој на новата држава Косово“, соопшти кабинетот на косовскиот премиер. Тачи,...

Continue reading

svinja

Потврдени два случаи на зараза со новиот вирус на грип во Франција

Post Views: 0 Две лица во Франција се заразени со новиот вирус на грип А (H1N1), изјави синоќа француската министерка за здравство Розлин Башло. Станува збор за 49-годишен маж и 24-годишна жена, кои биле примени на лекување во две клиники во Париз. И двајцата неодамна се вратиле од Мексико. Тоа се првите потврдени случаи на зараза во земјата, а со сомнение на вирусот се други 40 лица. {loadposition content9}

Continue reading

strike

Генерален штрајк во Франција

Post Views: 1 Со делумна блокада на сообраќајот денеска во Франција почна генерален штрајк, кој се одржува во знак на протест против антикризната политика на претседателот Никола Саркози. Поголемиот дел од штрајковите и демонстрациите ќе се одржат денеска, но вработените во железничкиот и градскиот превоз уште од синоќа ја запреа работата. Штрајкуваат и вработените во нафтената компанија „Тотал“, која неодамна соопшти дека ќе намали околу 560 работни места во фабриките во Франција. Генералниот штрајк се одржува во организација на главните француски синдикати.Француските рабтници и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top