Температурите се високи, но барем има каде да се ладите

toplo vremeВисоките температури ги алармираа Центарот за јавно здравје и Брзата помош. Засега, итни случаи, како последица на високите температури немало, но состојбата постојано се следи. Покрај редовните предупредувања за високи температури, од Центарот испратиле и допис до јавните претпријатија “Проаква“ и „Нискоградба“ да ги стават во функција сите јавни чешми и фонтани, како би им овозможиле на граѓаните полесно да се разладуваат.