Ознака: училиште

ucilishte

Безбедносна ограда

Post Views: 3 Се оградува дворното место на подрачното училиште „Браќа Миладинови“. Со ова донекаде е одговорено на барањата на советот на родители. Познато е дека пролетта, родителите на децата кои изведуваат настава во ова училиште, реагираа до Владата на Р Македонија и бараа да им се обезбеди на децата одржување на наставата по физичка култура во дворот на училиштето. Родителите на децата оправдано стравуваа за безбедноста на нивните деца бидејќи дворното место беше претворено во паркинг простор, за кој, приватно лице наплатуваше надомест. Директорот на ова училиште Агни Неџипи...

Continue reading

ruiniran objekt

Училиште на опасен терен

Post Views: 5 Подрачното училиште на Св. Климент Охридски во населба „Даљан“, во моментов се наоѓа меѓу објекти опасни по живот. Рушевини, паднати ѕидини, надвиснати кровни конструкции со искршени талпи, е сурово секојдневие на децата кои изведуваат настава во ова училиште. Да не зборуваме за околината околу овие објекти во која има секаков вид на комунален отпад од градежен шут па се до игли шприцеви остатоци од храна и друго. Оваа слика посебно го погодила Петар Панов некогашен жител на оваа населба, кој моментално живее и работи во странство. Тој вели дека дел од неговото детство...

Continue reading

akademija

Прва свечена академија на економското училиште „Св.Кирил и Методиј“

Post Views: 0 Прва свечена академија за средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Со настап на новооформениот хор, рецитал, фоклор и музика, во присуство на професорите, менаџментот на училиштето, како и директори и професори од други основни и средни училишта, родители, пријатели, претставници од локалната самоуправа, беше одбележан патронот и денот на сесловенските просветители св.Кирил и Методиј. Директорката Славица Костоска вели дека задоволството и возбудата се големи. Потенцира дека иако се нов правен субјект, тие не се нови во образовниот процес, туку само ја продолжуваат...

Continue reading

svr

Продолжува проектот „Превенција од зависности“

Post Views: 5 Со плански типизирани предавања, СВР Охрид ја продолжува реализацијата на проектот „Превенција од зависности“. Денес, на тема „Борба против дрога“, полициски службеници-едукатори ќе остварат видео презентации и разговори со учениците од основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, утре во подрачното основно училиште во населбата Рача како и во основното училиште „Григор Прличев“. Во текот на оваа недела, слични наменски предавања и видео презентации, СВР Охрид ќе оствари во основното и во подрачното основно училиште „Братство“ во Охрид. СВР Охрид, преку оделението...

Continue reading

mal plostad UZUNOV

Убава хорска музика и рецитали во чест на охридскиот револуционер Христо Узунов

Post Views: 6 Со мелодичните звуци на хорот при основното училиште „Христо Узунов“, изведба на рецитали посветени на големиот охридски и македонски револуционер, под развеаното македонско знаме и чувани од младите војводи, основците од ова училиште му оддадоа почит на својот патрон, Христо Узунов. Родители, наставници, граѓани на малиот плоштад кај стара библиотека, ја проследија подготвената свечена програма која е дел од дводневното чествување на споменот на големиот војвода Узунов. „Узунов во колективната меморија на охриѓани но и на македонскиот народ ќе остане врежан како пример...

Continue reading

matematicarka

Охриѓанката Сања со математика го освојува светот

Post Views: 9 Математиката главна опсесија на Сања Симоновиќ ученичка во трета година во приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Оваа млада охриѓанка е дел од македонската репрезентација која ќе учествува на претстојнате балканска и светска математичка олимпијада. Иако во портфолиото на Сања се наоѓаат бројни дипломи за први места, одличја, награди, пофалници за успеси на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари по математика таа  е многу скромна девојка. Вели дека до петто одделение не била многу заинтересирана за математиката, но денес таа  е првенец по овој предмет...

Continue reading

emuc

Бојкотот на наставата на гимназијалците се прошири и во дел од охридските средношколски центри

Post Views: 1 Протестираат учениците од „Св Климент Охридски“, трета и четврта година од втората смена на економското училиште, додека пак во електормашинскиот средношколски центар и угостителско, наставата тече нормално и без прекин. Средношколците од гимназијата „Св Климент Охридски“ веќе втор ден ја бојкотираат наставата, со тоа што не присуствуваат на часовите, туку смената ја поминуваат во училишните ходници. Впечатокот што не дочека во гимназијата беше алтернативна настава, музика и дебати. Клупите и столчиња наместо во училниците беа во ходниците. Освен укинување на математика...

Continue reading

deca ou hristo uzunov

Со игри и смеа, првоодделенците од „Христо Узунов“ го одбележаа Светскиот ден на спортот

Post Views: 0 Со забавни игри, аеробик, музика и смеа, првоодделенците од основното училиште „Христо Узунов“ денес го одбележаа Меѓународниот ден на спортот. Тие во спортската сала во рамките на училиштето, уживаа во еден забавен час водени од професорите од активот по физичко воспитување од училиштето „Христо Узунов“. „Правевме вежби со главата, со рамената и со струкот.“ „Ние вежбавме  за нозете, за колената и за грбот, и за главата,  и супер си поминав и најзабавно ми беше денес.“ „Вежбавме вежби за грбот, за нозете и се забавувавме.“-рекоа дел од дечињата. Денешниот хепенинг...

Continue reading

povedenie ucenici

Родителите на проблематичните охридски средношколци, зачестено во школските клупи на советување

Post Views: 7 Поради поведението, успехот и изостаноците на проблематичните охридските средношколци, родителите зачестено ги посетувале советувалиштата за родители кои од февруари 2011та година станаа задолжителни со измените во Законот за средно образование. Според психологот во општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“, Весна Спасеска, фактот дека овие советувања се задолжителни, позитивно влијаел на одзивот на родителите, но и нивната заинтересираност да бидат што е можно поангажирани во училишниот живот на нивните деца. „ Во досегашниот период, значи за првото...

Continue reading

OSU Niko Nesetor

Дали ќе се исполнат дадените ветувања

Post Views: 5 Струшките гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“, години наназад беа мета на немили настани и бројни тепачки. Еден од начините за  надминување на проблемите во овие гимназии беше решавање на просторното прашање или обезбедување нова училишна зграда. На тоа пред една година се обврзаа и Локалната од Струга и централната власт, но по се изгледа збор дадоа само кога им гореше под нозе. Сеуште нема никаква реализација на многубројните ветувања. Министерот за образование, Никола Тодоров пред неколку дена изјави дека нема што да се договара со градоначалникот на Струга Рамиз...

Continue reading

parking

На секој чекор паркинг

Post Views: 0 Дворното место на ОУ „Браќа Миладиновци“, претворено во паркинг простор. Родителите на учениците збунети. Велат дека максимално е загрозена безбедноста на нивните деца и прашуваат кој е тој што се дрзнал тоа да им го дозволи. Тие додаваат, наместо надлежните да го оградат дворното место на училишето со цел децата да има каде да го изведуваат физичкото образование, го прават спротивното, работат во интерес на поединци. На ова укажува Советот на родители при ОУ „Браќа Миладиновци“. Претседателот на училишниот совет, Агрон Љумани вели дека досега никој од надлежните незнае...

Continue reading

гравче

Македонско -словенечки специјалитети се крчкаа во охридското угостителско училиште

Post Views: 8  Охридски и словенечки ученици по готварство подготвија заеднички ручек. Во кујната на средното угостителско  училиште Ванчо Питошески вредните ученици работеа заедно на подготовка на традиционални рецепти, се дружеа и запознаваа. Учениците од словенечкото Ново Место беа во двонеделна работна посета на сродното охридско училиште. Од оваа  соработка се задоволни и  словенечките и охридските ученици.  „Пробавме македонско тавче гравче , македонска риба, вкусна храна поинаква од онаа што ја имаме дома. Прекрасно е да се вкусат други јадења“, кажува Патришиа Лекша.     „Искуствата ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top