Ознака: училиште

ucilishte Ibraim Temo

Наместо нова зграда – нови училници

Post Views: 16 Во Струга започна изградбата на нови училници во Гимназијата Ибраим Темо, со што ќе се реши просторниот проблем со кој години наназад се соочуваше ова средно училиште. Договорот помеѓу изведувачот, инвеститорот и училиштетот се потпишани.Со проектот е предвидено да бидат изградени шест нови училници. „ Беше тешко, посебно во три дена во неделата  кога имавме изборни предмети. Тогаш оние деца кои ќе беа на физичко, останатите ги користа нивните училници“, вели директор на гимназија Ибраим Темо, Урим Крка. На средишниот дел на зградата ќе биде направена надградба, додека...

Continue reading

Од потпросечен ученик до најбаран човек на светот

Post Views: 3 За главата на најбараниот терорист на светот се понудени 10 милиони долари, а еден од најопасните луѓе на денешницата, лидерот на Исламската држава Abu Bakr al-Baghdadi во младоста бил далеку од совршен, пишува Independent. Истражувачите во Германија ископале информации за главниот човек на опасната организација кој себеси се прогласи за калиф на новата Исламска држава. Тие дознале помеѓу другото дека тој повторувал на училиште, дека не бил примен во ирачката војска поради кратковидост и дека не му успеало да се запише на право. Наместо тоа се запишал на исламска теологија,...

Continue reading

Основното училиште „Христо Узунов“ интензивно се подготвува за новиот старт

Post Views: 5   Основното училиште „Христо Узунов“ интензивно се подготвува за почетокот на второто полугодие. Секојдневно се вршат технички зафати во училишната зграда. Денес се вршеше препокривање на дел од кровот бидејќи во една училница прокиснуваше. Се чистеја и парните котли. Директорот на училиштето, Тони Симоноски вели дека тоа е редовна активност која ја прават еднаш месечно. На реакциите од некои родители дека во текот на првото полугодие еден од парните котли бил расипан, а другиот работел со намален капацитет па во училиштето било прилично ладно, директорот со став. Воопшто...

Continue reading

(ФОТО) Светиклиментовото училиште

Post Views: 5 По повод празникот Св. Климент Охридски, Виолета Карадимче Јанева за „Ти си твојот град“ испрати слики и текст со кој ќе не врати назад низ годините и ќе не потсети на едно убаво време. „Учителу наш, допушти твоите ученици да бидат подобри од тебе, но направи им го тој пат што потежок со Твојата огромна мудрост.“ – Венко Андоновски Во време кога светската пандемија длабоко го промени целокупниот живот, бараме разни начини за релаксација. Прошетките, посебно крај брегот на “Белото езеро”, се лек за сечија душа. А погледот кон Калето секогаш запира на една посебна градба...

Continue reading

Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ и основното училиште „ Св. Климент Охридски“го одбележаа патрониот празник

Post Views: 6   Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. Оваа најстара образовна институција во градов која веќе 100тина години продуцира квалитетни кадри, синоќа со посебна програма му оддаде почит на светецот чие име го носи. Директорот на Гимназијата Ѕвонко Трпески рече дека името и делото на Св. Климент е вонвременско и дека голема чест, но и одговорност преставува залагањето да се оправда истото. Ние ја градиме иднината врз темелите на минатото, а при тоа го зачувуваме највредното и најскапоценото во овие времиња кои не ставаат на оваа...

Continue reading

ucenicki

Основците од ОУ Ј.Б. Тито во Европски проект

Post Views: 5 За успешните надалеку се слуша. Овој епитет го понесе ОУ „Јосип Броз Тито“ од Струга, бидејќи после неколку години работа ова училиште зеде учество во проект на Академијата на централни европски училишта. Таа секоја година објавува различи теми за обработка, годинава тема е ненасилството и реализација на активности во таа насока. Маргарита Ничевска, наставник по информатика од ова училиште, вели дека преку оваа тема ќе се иницира решавање на проблемите во училиштата, во околината, во семејствата и насекаде каде се случуваат конфликти. Таа посочи дел од нивните активности.Ничевска...

Continue reading

crtanje

Се разубавува дворот на Основното училиште „Св.Климент Охридски“

Post Views: 3 Учениците кои се дел од ликовната секција од ова основно училиште деновиве пристапија кон акција за разубавување на средината во која минуваат добар дел од денот. Тие под менторство на наставникот Димитрије Ристески започнаа цртање на дел од дворот со цел истиот да добие попријатен амбиент и стане повесело катче заучениците.

Continue reading

ucime za EU

Продолжува мини проектот „Учиме за Европската унија“

Post Views: 5 Денес францускиот амбасадор во Македонија Жан Клод Шлумберже и Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, во средното училиште Нико Нестор во Струга одржаа час, на кој можеа да ги слушнат размислувањата на средношколците за Европската Унија. Амбасадорот Шлумберже, при својата посета на општинското средно училиште „Ибраим Темо“, пред одржувањето на самиот час истакна дека многу важно е да се разговара за заштитата на животната средина и да се направи споредба на критериумите кои треба да се исполнат доколку Македонија сака да биде дел од европското...

Continue reading

Сребро за учениците од општинското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“

Post Views: 2   Младите угостители од ОУТУ „Ванчо Питошески“  освоија сребро во три натпреварувачки дисциплини во конкуренција на 12 средни училишта од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија на четвртите меѓунродни Гастрономско-туристички средби -„ГАТУС 2015“ кои на крајот на септември се одржаа во Македонски Брод. Ова признание за нив е голем поттик за уште повеќе да се вложат и да се усовршуваат во насоката која ја избрале.Ова искуство за мене е прво но нема да биде единствено. Ќе учествувам и на други натпревари бидејќи на нив може многу да се...

Continue reading

ekonomsko

Се помалубројните генерации на основци, ги преполовија паралелките во средното економско училиште

Post Views: 2 Намалениот наталитет, се помалите генерации кои запишуваат и завршуваат основно образование ги преполовија паралелките во средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Сегашната генерација која запиша прва година, а особено наредната, според статистичките податоци се најмали по бројот на дечиња. За оваа учебна година, менаџментот на ова средно училиште бил приморан да бара одобрение за формирање на паралелки со помал број од законскиот минимум од 25 ученици што е сериозно намалување во споредба со генерациите од пред десетина години кога економските паралелки броеја...

Continue reading

Се реконструира средното економско училиште во Охрид

Post Views: 6 Во тек се градежни работи за реконструкција СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Вредноста на договорот за реконструкција изнесува 9.220.000,оо денари, средства одвоени од буџетот на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, беше во посета на училиштето. Согласно проектот предвидено е поставување на термо фасада, замена на кровот, санација на внатрешните простории, електрични работи и замена на осветлувањето во спортската сала. За втората фаза обезбедена е проектна документација за промена на начинот на загревање на училишето, наместо на нафта ќе се затоплува со...

Continue reading

bazen

Некогашниот затворен базен, пропаѓа

Post Views: 15 Остатоците од некогашниот затворен базен во Струга, сеуште бодат очи. Познато е дека овој руиниран објект се наоѓа во непсредна близина на ОУ „Браќа Миладинови. Тој во моментов може да се спореди со замок од хорор филмовите, кој скоро целосно е обраснат со трева, од каде само малку надзираат зидините на објектот. Доколку не се превземе нешто, овој објект ќе наликува на џиновски жбун, кој во неговата внатрешност крие дувло на нарко зависници и разни отпадоци од контаминиран материјал. Свесен за проблемите поврзани околу некогашниот пливачки базен е и директорот на ОУ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top