Ознака: училиште

ohrid

Охрид на прво место по бројот на иселени лица

Post Views: 5 Се поголем број млади луѓе го напуштаат градов. Овој факт загрижува и отвара многу прашања. Каде младите охриѓани  ја гледаат својата иднина, овде или во странство.  Колку тие се задоволни од можностите кои ги нуди градов за вработување и за обезбедување егзистенција. -Јас сакам да останам во градов и тука да ја градам својата иднина, вели една млада охриѓанка. -Го сакам градов но ако во странство ми се понудат подобри можности можеби би заминал, не сум размислувал за тоа, кажува еден средношколец. -Јас сум патриот и сакам да останам во земјава, а им советувам и на останатите...

Continue reading

Еве зошто е лесно да се хакираат славните личности

Post Views: 0 Од Apple  веќе одговорија дека фотографиите не се украдени со искористување на пропустот на нивниот iCloud, туку хакерите ги искористиле информациите за корисничките имиња, лозинки и сигурносни прашања, а некои новинари ги обвинија самите корисници за користење на лоши лозинки. Имено, токму тие сигурносни прашања на кои е потребно да се одговори кога корисниците ќе ја заборават лозинката се голем проблем на iCloud и на бројни други интернет сервиси, при што се најчесто загрозени славните личности. Huffington Post пишува дека одговорите на некои од тие сигурносни прашања,...

Continue reading

екстерно

Започнаа уписите во среднообразовните училишни центри

Post Views: 2 Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ со завршено основно училиште ќе се запишат 272 ученици во осум паралелки. Новина е што годинава  економското училиште и медицинската паралелка се одделуваат од гимназизското. Па така во средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ односно во економското училиште ќе имаат можност да се запишат вкупно 170 ученици. Од нив 136 во економско-правната и трговската струка, а 34 ученици во здравствената струка. Уписите се спроведуваат денес и на 25 јуни. Ланската година паралелките броеја околу 25-27 ученици па се очекува тој...

Continue reading

eksterno

Каде во средно

Post Views: 5 Заврши учебната година. Со тоа завршуваат и маките на учениците, но оние кои треба да го продолжат образованието во средните училишта ги чека уште еден напор. Пред да го направат изборот треба добро да размислат што ќе е најдобро за нив и каква ќе биде нивната професионална иднина. Во нашиот град има три среднообразовни центри. Секој од нив со свои специфичности и понуда. Во гимназијата Св. „Климент Охридски“ вообичаено се запишуваат околу 400 ученици. И годинава остануваат истите паралелки, осум гимназиско образование, четири економска струка и една медицинска паралелка....

Continue reading

МП

Гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев

Post Views: 1 Одржан гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев.  Околу 50тина учесници  во орекстарот и хорот во катедралната црква Св Софија исполнаа музички нумери достојни за одбележување на еден ваков значаен јубилеј. Директорката на училиштето Нина Момироска  упати благодарност до голем број нејзини поранешни колеги кои во изминативе години оставиле дел во мозаикот на музичкото училиште Методи Патчев.  За гала концеротот директорката Момиорска рече дека идејата била во програмата да  земат учество сите кои биле дел од ова музичко училиште.„ Поддршка добив...

Continue reading

професори

За време на екстерното охридските директори на службен пат

Post Views: 6 Од ОО на СДСМ упатуваат критики кон директорите на охридските училишта. За време на спроведување на екстерното тестирање  во училиштата првите раководни луѓе  заминаа на службен пат во Турција, обвинува портпаролот на ОО СДСМ , Александар Кузески. Охридските социјалдемократи прашуваат дали овој владин проект и не е толку приоритетен  за охридските директори и училишта.Иако сите разборити луѓе во државата знаат дека единствена цел на фантомскиот проект екстерно тестирање е да се дисциплинираат наставниците и  дополнително да се внесе конфузија во образовниот систем во...

Continue reading

rabotilnica

Ден на екологијата

Post Views: 2 Основното училиште Св. „Климент Охридски“ со свечена програма и изложба со експонати изработени од хартија го одбележа светскиот ден на екологијата. Децата со повеќе активности се погрижија да покажат колку е важна животната средина и колку знаат за екологијата.Педагогот Славица Илиќ вели дека одбележувањето на 5ти јуни е традиција во нивното училиште, но оваа година имаат причина повеќе. Училиштето е вклучено во многу еколошки проекти меѓу кои и имплементација на еколошката едукација во воспитно образовниот систем. Ова училиште е вклучено и во проектот „Зелени училишта“...

Continue reading

jahja

ПСУ Јахја Кемал едуцира светски умови

Post Views: 49 Приватното средно училиште Јахја Кемал едуцира светски умови. Ова е прво приватно училиште формирано во 1996 година со одлука на Владата. Во оваа средношколска образовна институција  се едицираат голем број квалитетни кадри. Досега над 100 -тина завршени средношколци се запишале на престижни светски образовни институции.  Информатичари, математичари физичари и економисти од земјава се стекнале со диплома или студираат со целoсни стипендии на најпрестижните светски  универзитети, како што се  Харвард , Кенбриџ, EM-AJ -TИ. Само оваа година 15 ученици добија  стипендии...

Continue reading

semafor

И забаено и забораено

Post Views: 3 Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ и понатаму опасна по безбедноста на пешаците. И покрај безбројните ветувања од надлежните, веќе десеттина години семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Тие бараат под итно да се пуштат семафорите во функција. Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека...

Continue reading

kvadril

Годинава сите охридски средни школи заедно на матурска парада

Post Views: 7 По девети пат матурска парада во Охрид. Во тек се подготовките за овој традиционален настан кој матурантите и годинава ќе го изведат на градскиот плоштад. На часовите по фискултура се вежбаат последните елементи за изведба на танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“ кој како што изјави Соња Думбалова Делова, професорката која години наназад стрпливо, професионално и напорно работи со генерациите матуранти. „Оваа година новина е тоа што се вклучени сите средни школи од градов, угостителското училиште „Ванчо Питошески“ електромашинскиот училишен центар „Св Наум...

Continue reading

saem

Саем на виртуелни училишни компании

Post Views: 0   Матурантите од средното економско училиште денес  во улога на успешни бизнисмени. Тие на традиционалниот саем на виртуелни училишни компании открија само дел од своите афинитети симулирајќи најразлични бизниси. Агенции за туризам, хотели, аква паркови, компании за трговија со пијалоци, беа само некои од компаниите на кои средношколците економисти вредно работеа преку целата година. На денешната свеченост учениците имаа можност да ги презентираат вештините, искуствата и достигнувањата стекнати во текот на образовниот процес. Организаторите на проектот повеќе од задоволни...

Continue reading

bratstvo

Сообраќајна грпка за поголема безбедност кај ОУ „Братство Единство“

Post Views: 5 Сообраќајна грпка за поголема безбедност. Основното училиште „Братство Единство“ заедно со советот на родители  со иницијатива за поставување на сообраќајна грпка во непосредна близина на училиштето на улица „7ми Ноември“. Вакво помошно средство за регулирање на сообраќајот веќе има на едниот крај од улицата во близина на влезот на училиштето. Проблематичен е само пешачкиот премин што се наоѓа пред објектот на некогашна Охридска трговија. Професорот Борис Лушески вели дека дечињата често без да внимаваат токму во тој дел ја префрлаат улицата, што во минатото не ретко...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top