Ознака: училиште

школо

ОУ ,„Живко Чинго“ набави наставни нагледни средства со американска донација

Post Views: 0 Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти ги поднови училишните простории. Со донација од американско здружение Macedonian school project во висина од 1100 долари набавени се нови магнетни табли и најразлични наставни нагледни средства. Учениците добија струјни кола, предмети со геометриски форми, играта „Не лути се човеку“ со кое учениците преку игра полесно ќе научат да собираат.  Првчињата гласно го изразија  своето воодушевување од новите работни  простории и играчките со кои се  опкружени.Снежана Димитриеска, одделенски наставник во училиштето вели дека  новите...

Continue reading

сдсм

Итни мерки за нормализирање на наставниот процес во општината бараат охридските социјалдемократи

Post Views: 1 Година и пол градоначалалникот Никола Бакрачески и Вмро Дпмне импровизираат во образовниот процес во општинските училишта, истакна на прес конференција Јован Стојаноски советник  и координатор  на советничката група на СДСМ. Во интерес на учениците, социјалдемократите  го повикуваат градоначалникот Никола Бакрачевски да се создадат услови за работа во општинските училишта. Од СДСМ  сметаат дека Вмро-Дпмне и градоначалникот Бакрачески го оставиле ново формираното средно економско  училиште со 20 паралелки и 450 ученици без потребните услови и кадар во новата учебна година...

Continue reading

ucesnici

Охридските млади музичари дел од „Концертот на 100 млади“

Post Views: 11 Даниел Мојсовски, Александар Грунчевски и Бајрам Рамадановски се музичките таленти од Основното музичко училиште „Методи Патчев“ од Охрид, кои беа дел од  европскиот партнерски музички прект, “Концертот 100 млади”, кој неодамна се одржа во Белград. Таму младите охридски музичари  настапија и како солисти и како дел од големиот оркестар. Вложениот труд пред и за време самиот камп им донесе голема сатисфакција на идните големи музичари. „Прво ќе кажам дека овој оркестар содржеше ученици од 10-12 години, а за нас како најмлади таму беше огромно задоволство...

Continue reading

racin

Уницеф ќе опреми центар за ран детски развој во Радојца Новичиќ, во Пештани ставен во мирување

Post Views: 2 Градинката ќе се проширува со една паралека во населбата Радојца Новичиќ. Една просторија во која ќе бидат згрижени 30-тина деца ќе се адаптира во основното училиште Кочо Рацин. Проектот е финасира од Уницеф на идеја на Тлер. Интересот кај родителите е многу  голем за воспитно  згрижување на  децата од 3 до 6 годишна возраст од по 3 часа во денот, информира директорката Роза Костеска. Комисијата на министерството за труд и социјална работа веќе и утврдила  условите на терен во Радојца Новичиќ. „Имаше обврска градежниот инжинер или архитект да изработи нацрт план на фактичката...

Continue reading

knigi

Основците од прво до трето одделениe ги добија новите учебници според програмата од Кембриџ

Post Views: 1 Основците од прво до трето одделение ќе учат по програма како онаа на Кембриџ. Дечињата веќе ги добија новите учебници а први ги разгледаа родителите. И имаа што да видат. По математика првачињата нема да ги учат само броевите од 1 до 10, туку ќе бројат до 100 и назад, а ќе читаат и пишуваат од 0 до 20. Во второ и трето одделение математиката уште поамбициозна, делење со остаток, равенки со една непозната со двоцифрени броеви, броење со прогресија и тн. Во предметот „природни науки“ учениците уште на оваа возраст ќе се запознаваат со основните поими во физиката, хемијата...

Continue reading

школо

Основците од Коњско се вратија во училишните клупи

Post Views: 1 Падот на наталитетот создава проблеми во наставниот процес во приградските училишта. Денес основците од подрачното училиште Св.Наум Охридски во Коњско се вратија на настава по вчерашниот бојкот. Родителите  вчера оствариле средба со директорот на училиштето, Илија Стојаноски од кого побарале нивните деца во 1, 2 и 3 одделение да не учат во комбинирани паралелки. Во подрачното училиште во Коњско учат вкупно  35 ученици  од 1 до 5 одделение. Заедно наставата од 1- во  до 3-то одделение во една училница ја следат 19 деца со еден наставник. Додека 4 и 5 одделение ги води...

Continue reading

ekonomsko

Средното економско училиште Св Кирил и Методиј од денес стартува како нов правен субјект

Post Views: 2 Средното економско училиште со медицински паралеки Св Кирил и Методиј од денес стартува како нов правен субјект. Иако училиштето е формирано во 1957 година и има долга традиција во едуцирање на стручни еконмоски кадар во  општина Охрид ,  по  43 години од оваа учебна година  се одвојува од гимназијата Св Климент Охридски.  Конституиран е наставниот совет, а професорскиот кадар веќе се изјаснил каде ќе продолжи со работа , информира директорката на новата образовна институција Славица Костоска.  Костоска вели иако за некого ова одлука била болна , изгледите за развој...

Continue reading

ucenici

Нема место за паника

Post Views: 2 Во СОУ „Нико Нестор“-Струга, доволно е топло за изведување настава, тврди директорот на училиштето. Оваа изјава следува по реакцијата на родители на деца од ова училиште кои се пожалиле дека после 15 часот попладне, парното греење се исклучува. Нов проблем во Струшките гимназии. Системот за парно греење е единственото заедничко нешто што го имаат двата струшки средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“. Деновиве до нашата редакција група родители се пожалија на проблем. „Последните два часа од втората смена во СОУ „Нико Нестор“, нашите деца дома доаѓаат премрзнати,...

Continue reading

muzicko

И оваа учебна година нема да има средно музичко образование во Охрид

Post Views: 8 И оваа учебна година музичките таленти нема да можат своето средно образование да го продолжат во Охрид. Иако уште минатата есен градоначалникот Никола Бакрачески најави дека од оваа година во Охрид покрај основно ќе има и средно музичко училиште, ништо од тоа. Директорката на ОМУ „Методи Патче“, Нина Момировска објаснува дека тие преговарале со средното училиште во Битола за  да отворат  дисперзирана паралелка во Охрид, но не наишле на позитивен одговор. По се изгледа битолчани се исплашиле од конкуренција. Преговорите ги продолжиле со средното музичко училиште од Штип....

Continue reading

osnvci gen 1948/49

Учениците од генерацијата 1948/49 со почит возвраќаат на училиштето Григор Прличев

Post Views: 2 Со донација од поранешни ученици, во ОУ Григор Печичев  ќе се доопремат санитарните јазли во старата зграда. Трисеттина ученици од генерацијата 1948/49 собраа парични средства во висина од околу 1500 долари за да го поправат осветлувањето во училишните тоалети. Александар Сталески кој живее во Индијана, САД,  вели дека тој и неговите соученици  се вклучиле во акцијата секој  колку што може. Ние имаме должност кон училиштето кое засекогаш е во нашите спомени,  да бидеме општествено одговорни и да ги подобриме условите во училиштето, во кое сега учат нашите внуци.„ Мене...

Continue reading

suveniri

Изработка на локални сувенири е една од можностите кои ги нуди ОГУ Кузман Шапкарев

Post Views: 1 Обуки и прекфалификации за возрани луѓе  е приоритет на општинското јавно училипште Кузман Шапкарев или поранешниот работнички универзитет. Многу луѓе кои останале без работа или сакаат стручно да се  прекфаликуваат обуките може да ги добијат во оваа институција, вели Славица Ристеска директор на отворениот граѓански универзитет Кузман Шапкарев.   Изработката на оргинални локални сувенири е една од можностите кои ги нуди отворениот граѓански универзитет, порачува директорката. Треба да се размислува  сувенирите  да се изработуваат на едно опремено место, предлага  Ристеска....

Continue reading

Се уредува просторот во близина на подрачното училиште “Свети Климент Охридски” во населбата Далјан

Post Views: 4 Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” деновиве спроведоа активности за расчистување на просторот во непосредна близина на подрачното училиште “Свети Климент Охридски” во населбата Далјан. Со помош на механизација, просторот е целосно исчистен од дива вегетација, капини, коров и трева. Како дел од редовните активности за одржување на јавното зеленило во градот, екипите на претпријатието се тековно ангажирани за косење на тревните површини на улиците, во дворовите од градинките, градскиот парк и во дел од селските населби.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top