Ознака: такси

logo

Започнуваат испитите за такси возачи

Post Views: 1 Охридските таксисти во текот на месеците октомври и ноември ќе можат да полагаат испит за авто такси возачи. За таа цел Охридската локална самоуправа објави Јавен повик за пријавување на кандидати за полагање на овој испит, заедно со термините за одржување на полагањата. -Кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возач треба предходно да завршат обука за авто такси возач и за истата да им се издаде потврда за завршена обука од правното лице за вршење на обука овластени од Градоначалникот на општина Охрид. Трошоците за обуката и за издавањето...

Continue reading

taksi

Таксистите ќе водат список на патници од еден дo друг град

Post Views: 4 Доколку сакате да патувате со такси превоз од Охрид до Струга, Битола, Скопје или било кој друг град во земејава задолжително треба со  име и презиме да бидете евидентирани во дневникот на патници кој треба да го поседува секој лиценциран авто таски превозник. Тоа го предвидуваат најновите измени во Законот за патен сообраќај во делот на вршење авто такси превоз. Таксистите не сакаа јавно да коментираат како овие измени би се рефлектурале врз нивната работа, но, од една страна сметаат дека оваа законска одредба ќе донесе повеќе проблеми во авто такси превозот а од друга...

Continue reading

taxi

Продолжен рокот за пријавување за полагање Англиски јазик за таксистите

Post Views: 0 По барање на такси компаниите, рокот за пријавување за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик) за сите такси возачи со цел да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик, се продолжува до 30 април 2015 година. Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите да приложат: 1. М1/М2 образец не постар од 60 дена2. Kопија од лична карта. Имено согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси...

Continue reading

такси

Се заоструваат критериумите за дејноста такси возач

Post Views: 10 Таксистите за да возат ќе мора да полгаат и  да добијат сертификат за работа. За да дојдат пак, до лиценца  ќе мора да се подготвуваат и да знаат „Колку е висока Самоиловата тврдина“, Кои фестивали на песни и игри се одржуваат во  Охрид, или Кога  е откриена Златната маска, ова се само дел од 300 прашања во прирачникот со кој такси возачите ќе стекнуваат сертификат за работа. Поголем број таксисти имаат забелешки  на прашањата од  прирачникот,  но и за полагањето на англиски јазик како и на цените кои треба да ги издвојат од буџетот, за да ги платат и тоа 5000 денари...

Continue reading

taksi

Објавен јавниот повик за пријавување на кандидати за добивање сертификат за такси возачи

Post Views: 1 Општина Охрид го објави јавниот повик за добивање сертификати за авто такси возачи. За да може истите да полагаат испит за добивање на сертификатот, најпрво ќе треба да поминат обука за авто такси возачи и за тоа да добијат потврда од правното лице овластено за вршење на вакви обуки. Сите лица кои имаат ваква потврда и возачка дозвола за Б категорија, може да се пријават на некој од испитите кои ги организира општината за добивање на сертификатот. Кандидатите, за да се пријават за испитот, треба да поднесат пријава до Архивата на општина Охрид која може да се подигне...

Continue reading

taksi

Воведување ред во такси превозот

Post Views: 10 Таксистите ќе се ставаат во колосек. Со назначувањето на новиот советник инспектор за патен сообраќај се средуваат пропустите со авто таксистите во градов. Ова е еден од најгорливите проблеми кој се повеќе е изразен за време на летната сезона и за кој години наназад надлежните очајно бараат излез. Досега најчестиот изговор за незавидната состојба во која се наоѓа такси превозот во градов беше префрлање на топката од еден на друг. Раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски во врска со овој проблем излезе со првичните резултати на изречени казни.„Досега...

Continue reading

галеб

Низ градов тешко е да се вози линиски превоз

Post Views: 25 Немањето автобуски постојки, нивно неодржување, немањето табли со возен ред, узурпацијата на постојките од дивите такси превозници се само дел од проблемите со кои се соочува АД „Галеб“, кое го спроведува линискиот превоз во градов. Раководителот Димитар Василевски вели дека повеќе пати им се имаат обратено на надлежните во Локалната и до сообраќајната полиција за да ги отстранат овие аномалии. Но досега нема некој конкретен ефект. Во градов има само две постојки кои се со настрешници и клупа за седење. Едната е кај некогашниот Тим маркет, а другата од спротивната страна....

Continue reading

такси

Локалната подготви програма за поефикасно работење на такси превозот во Охрид

Post Views: 3 Локалната самоуправа ќе воведува мерки за поефикасен такси превоз во градот. Програмата  утре ќе биде ставена на усвојување пред советниците на 35-тата седница на совет.  Со промените во превозот ќе бидат засегнати околу 350 такси превозници. ТВМ  ги контактираше претседателот на здружението на охридските таксисти и сопствениците на неколку такси компании за мерките кои  ќе се преземаат за  ефикасен такси превоз.  Повеќето од нив тврдат дека не ни знаат за програмата. Нагласуваат дека пред 2-3 месеци одржале работна средба со градоначалникот Бакрачески пред кого ги изложиле...

Continue reading

grb

Охридските такси возила со нов грб

Post Views: 4 Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици  при општина Охрид, известуваат дека такси-компаниите  коишто вршат трговска дејност на територијата на градов  започнаа  да поставуваат  лепенки со новиот грб на општина Охрид на своите  такси возила. Надлежните велат дека овој процес ќе  се реализира и наредниве неколку денови.Инаку,  информативни табли со новиот грб на општина Охрид веќе се поставени пред некои од основните  и средни училишта во градов. {loadposition content9}

Continue reading

taksi postojka

Само една такси постојка во Охрид е дислоцирана

Post Views: 3 Такси постојката на пресекот од ул „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“, која што требаше да биде дислоцирана уште во јули месец сеуште на старото место. Според локалната, поместувањето на постојката имаше за цел  да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, како и увидувањата на Секторот дека во летниот период заради оваа такси станица се формирало тесно сообраќајно грло. Просторот на местото на такси постојката требаше пред 5 месеци да биде уредено како пешачка зона. „Што се однесува до дислокација на такси постојката на ул Гоце Делчев...

Continue reading

taksi

Слаб интересот кај охридските такси превозници за курсевите по англиски

Post Views: 0 Слаб интересот за изучување на англиски јазик кај охридските такси превозници. Обуката за англиски јазик се спроведува како соработка помеѓу Министерството за транспорт и врски и локалните самоуправи. До истекот на рокот за пријавување, такси превозниците имаат уште две недели, но барем засега, според нивните кажувања, или не се запознаени со процедурите и роковите за пријавување или пак воопшто не постои интерес за посета на таквите обуки. „Не сум се пријавил досега, не сум заинтересиран. Ова го работам привремено така да оставам на младите, тие нека учат.“ „Не не сум...

Continue reading

taksi

Ново лето, стари проблеми

Post Views: 17 И ова лето Охриѓани и туристите со низа забелешки во врска со такси превозот во градов. Никако да се надминат  старите проблеми. Повторно  некои од таксистите одбиваат да возат на кратки релации, не издаваат фискална сметка па цената која ја наплаќаат  ја тресат од ракав, љубезноста не е на завидно ниво како и услугата. Многупати патниците сами треба да си го сместат багажот, а таксистот си седи во возилото, ова се само дел од поплаките на патниците.Од Локалната велат дека свесни се за проблемите кои се провлекуваат во такси превозот во градов. –Знаеме за полаките...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top