Ознака: Софија

Остра реакција од струшкиот Музеј за Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“

Post Views: 32 Денешната прмоција на Монографијата  посветена на „Д-р Никола и Софија Незлобински“ беше повод и за остра реакција од директорот,  на Националната установа  Музејот „Д-р Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски.  На прес конференција Цветкоски упати  обвинување до авторите дека присвоиле документи, материјали,  фотокопии и факсимили сопственост на НУ. „ Објавувањето на оваа книга, факсимилите и материјалите се сопственост на Музејот и дел од неговиот легат. Авторите ни ги присвоиja и објавија без довола на Националната установа и стручниот колегиум на институцијата, иако...

Continue reading

d-r Nezlobinski

Објавена монографија за животот и работата на Д-р Никола и Софија Незлобински

Post Views: 13 Промовирана Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“,  од авторите Д-р Стојан Ковачески и историчарот Проф Д-р Марјан Димитриевски. Оваа книга е за брачниот пар Незлобински кои на почетокот од 20 век емигрираат во  Кралството СХС за после неколку години да добијат преместување во Струга. Д-р Никола Незлобински  е  првиот лекар во овој град кој се зафатил со сузбивање на маларијата и останатите заразни болести кои коселе низ населението на овие простори. Бил иницијатор за изнаоѓање на чиста вода за пиење,  мелоризација на блатото и сузбивање на ларвите на комарците. ...

Continue reading

Овации за Симон Трпчески во Софија

Post Views: 7 Софиската Филхармонија и светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески одржаа концерт во најпознатата сала за класична музика „Бугарија“, јави дописникот на МИА од Софија. Концертот вклучуваше тристепено дело на Лудвиг ван Бетомен за виолина, виолончело и пијано. Заедно со Трпчески, свиреа и неговиот сонародник Александар Крапоски, виолинист од операта во Барселона и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, кој работи во Филхармонијата во Стразбур, Франција. Концертот беше невиден успех, публиката во Софија долго време аплаудираше на Симон Трпчески и неговите...

Continue reading

Во Лагадин одбележан верскиот празник Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија

Post Views: 0 Со служење на света литургија и кршење на погача денес во елитната туристичка населба Лагадин беше одбележан празникот посветен на Вера, Нада, Љуба и мајката, великомаченица Софија. Голем број верници традиционално се собраа во малата црквичка на езерскиот брег и го одбележаа овој христијански празник. Тие со свеќа и молитва си посакаа здравје, љубов и благосостојба. Прославата на овој верски празник во Лагадин започна пред 17 години на иницијатива на познатиот угостител Љупчо Патче. По повод 2.000 години од христијанството, Патче како ктитор, ја изгради малата црква...

Continue reading

Свети архиерејски литургии во црквата „Света Софија“

Post Views: 0 Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 30-ти септември, сабота, во катедралниот храм „Света Софија“, со почеток во 09.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие) Вечерта во манастирот „св.Климент и св.Пантелејмон“–Плаошник во 17:00 часот ќе се служи вечерна богослужба. Во 18:30 во катедралната...

Continue reading

Софија Тренеска во финалето на Hippo интернационалниот натпревар по англиски јазик

Post Views: 0 Додека течат последните подготовки околу патрониот празник и прославувањето на 40 годишнината од постоењето на ОУ “Христо Узунов”-Охрид, пристигна уште една  одлична вест. Имено, Софија Тренеска, ученичка во IX одделение успеа да се пласира во финалето на Hippo интернационалниот натпревар по англиски јазик English Without Borders. Hippo натпреварот како единствен од таков вид , се одржува по петти пат и е наменет за ученици од 9-19 годишна возраст во јавните и приватни училишта од целиот свет. Примарна цел е да се промовира англискиот јазик и да се негува меѓусебната ...

Continue reading

Авион на „Луфтханза” не полета од аеродромот во Софија поради птици во моторот

Post Views: 4 Патнички авион на германската авио-компанија „Луфтханза“, што утринава требаше да лета од Софија за Франкфурт, остана приземјен откако во еден од неговите мотори влегле птици, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во инцидентот нема жртви, а патниците потоа биле упатени на други летови. Од аеродромската управа соопштуваат дека на турбината на авионот на германската авио-компанија имало констатирани помали оштетувања.

Continue reading

ikona

Денес се слават верата, надежта, љубовта и мудроста

Post Views: 2 Православните христијани денес го прославуваат денот на светите маченички Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија. Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно...

Continue reading

„Сонот на Гогољ“ вечерва во предворјето на Св Софија

Post Views: 1   „Гогољ“ е тема која девет години е на репертоарот на „Сфумато тетарот“ од Бугарија. Таа секогаш се изведува во сали исполнети до последното седиште со љубители на театарската уметност. Театарската претстава „Сонот на Гогољ“ зборува за еден провинциски човек кој доаѓа од Украина и се наоѓа во Санкт Петербург. Тој сонува за својата земја каде ќе ја сретне својата мајка, а ќе се најде и во лудница. Истакнатиот професор од Факултетот за драмски уметности во Софија, Иван Добчев, образложува дека актерите на Сфумато театарот од Бугарија ќе го доловат Гогољ преку човекот...

Continue reading

Goce Delcev

141 годинa од раѓањето на Гоце Делчев

Post Views: 13 Со низа пригодни свечености ќе биде одбележана годишницата од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Со света литургија во црквата „Св. Спас“ каде се наоѓа и гробот на Гоце Делчев ќе се одбележи годишницата од неговото раѓање.Покрај тоа, државна делегација, претставници на АРМ, на образовни институции, политички партии, општини, установи и здруженија именувани по Гоце Делчев ќе положат цвеќе на споменикот на плоштадот Македонија, како и на споменикот во Градскиот парк.Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен...

Continue reading

barmeni

Перунковски и Бошев се најдобрите коктел мајстори во Македонија

Post Views: 13 Експериментирајќи со разни пијалаци и овошја, како и користејќи различни техники при приготвување вкусни коктели, вчера заврши осмото државно првенство на бармени. Во најдобро светло, според оценката на стручното жири кое специјално за ова првенство пристигна од Црна Гора, се покажа гевгеличанецот Методи Перунковски. Тој ќе ја претставува нашата земја на светското првенство во Софија, Бугарија. „Го достигнав врвот на моето барменско работење“ –  возбудено изјави Перунковски. „Секој бармен би посакал да ја претставува Македонија на светското првенство, заради тоа...

Continue reading

sv.sofija

Литургии за Благовештение во црквите „Св.Софија“ и „Св.Богородица – Каменско“

Post Views: 0   Македонската православна црква, Дебарско-Кичевската Епархија информира дека по повод празникот ВЕЛИКИ ВТОРНИК – БЛАГОВЕШТЕНИЕ утре изутрина ќе се држи Утрена со Златоустова Архиерејска литургија, едно-црквие во црквата „Св. Софија“, со почеток во 7,30 часот. Вечерта пак ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот. {loadposition content9}  

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top