Ознака: сообраќајна

Сообраќајна несреќа на улицата „Стив Наумов“

Post Views: 11 На 22.09.2021 година во 21:20 часот, на кружната крстосница на булеварот „Туристичка” и улицата „Стив Наумов” во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шеврполет” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) и мопед „Кивеј” со охридски регистарски ознаки, управуван од В.И.(51), двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

SVR Ohrid

Прегазена 24 годишна стружанка

Post Views: 0 Несреќата се случила синоќа во 21 часот на самиот влез во Струга, каде врз сега починатата удрило патничко моторно возило „Фиат пунто“ со струшки регистерски таблички управувано од 27 годишниот О.Ш, од Лабуништа. Според портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димовски причина за несреќата било неправилно преминување на улицата од регионалниот пат, од страна на починатата, во која, со левиот преден дел удрило возилото, од што таа на лице место им подлегнала на повредите. На возачот на патничкото возило одредена му е мерка притвор во траење од 15 дена. Тој возилото го управувал...

Continue reading

nesreka

Тешка сообраќајна несреќа кај Лозово

Post Views: 1 Во тешката сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу шинобус-воз и автобус во близина на бензинската „Мики петрол” на патот Штип-Велес, во близина на Лозово според непотврдени информации најмалку 30 лица се повредени од кои некои веќе се пренесени на скопските клиники. Според очевидци, глетката била страотна и според информации од теренот повредените патници се пренесувани на лекување во штипската и велешката болница. Силвана Мишева портпарол на Општа болница Велес изјави дека претпладнево во болницата со приватни автомобили и возила на Итната медицинска служба...

Continue reading

Дали Охрид конечно ќе добие сообраќајна студија

Post Views: 1 Охрид сеуште нема сообраќајна студија. Тоа е причина за сообраќајниот хаос кој што посебно во летниот период е евидентен низ охридските улици. Актуелниот градоначалник Јован Стојаноски потсети дека минатата локална власт четири години ветувала дека ќе ја изработи оваастудија, но овај важен проект за градов не беше реализиран. Објаснувањето тогаш беше дека за отпочнување на таа студија се потребни минимум 200 000 евра, пари кои општината ги немаше. Стојаноски се согласува дека овој проект е скап, но вели дека е еден од неговите приоритетите и веќе сериозно се работи да...

Continue reading

Тешка сообраќајна незгода кај црквата „Св Еразмо“

Post Views: 1 Тешка сообраќајна незгода се случи утрово околу 8 часот и 30 мин, на магистралниот пат, Охрид – Кичево, во близина на црквата Св Еразмо. Во незгодата се повредени три лица У.Б.(38) од Охрид, возачот на патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки и И.Д. од Охрид, совозач во истиот автомобил како и А.Б. (37) од Струга, која го управувала патничкиот автомобил марка „Опел мерива“ со струшки регистарски ознаки. „Овие возила се движеле во спротивен паравец на магистралниот пат и при нивното меѓусебно разминување случена е сообраќајната незгода при тоа двете возила...

Continue reading

Локалната самоуправа прави сообраќајна анализа

Post Views: 5 Локалната самоуправа прави сообраќајна анализа за решавање на проблемите во сообраќајот и за воведување смс систем на паркинзите во градов. Планирано е поставување рампи во стариот дел на градот на двата негови влеза со што ќе се регулира сообраќајот во летниот период. Овај пат Локланата ќе се потруди да понуди издржливо решение кое во најголем дел ќе одговори на она што значи предизвик за зголемениот сообраќај и зголемениот број возила во текот на летниот период. Во тек се анализи што нам како на локална ќе ни биде попрактично и финансиски поисплатливо, вели Томе Џамтоски,...

Continue reading

Сообраќајна лектира

Post Views: 5 Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2017 година, утре-13.10.2017 година (петок), ќе отпочне со реализација на едукативната кампања „Безбедноста е најважна лекција“. Кампањата, ќе се реализира во текот на овој месец во соработка со Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот заедно со учениците од трето одделение при основните училишта во Охрид. Предвидено е, претставници на ОСБСП, да ги посетат основните училишта и на третоодделенците да им поделат сообраќајно-едукативна брошура „Сообраќајна лектира“,...

Continue reading

Сообраќајна несреќа кај Опеница

Post Views: 1 На 15.08.2021 година во 11:10 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај охридското село Опеница, се случила сообаќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Форд Мондео” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(60) од Охрид и мотоцикл „Априлија” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(25) од Прилеп. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, додека Т.Т.(24) од Прилеп, сопатничка на мотоциклот, се здобила со телесни повреди. Увид извршиле полициски екипи – информираат од...

Continue reading

Сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајна незгода

Post Views: 1   Употребата на сигурносните појаси е законска обврска, не само за возачите, туку и за сопатниците. Оваа обврска и покрај тоа што е задолжителна, сеуште е голем бројот на возачи кои немаат навика да ги користат сигурносните појаси кога седнуват во автомобил, посебно на кратките релации или кога возат низ град. Полицијата делува превентивно, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Додава дека нивната цел е да се применуваат одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, да се внимава, да се подигне степенот на безбедносната култура, а пред се да...

Continue reading

logo

Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Струга – Дебар

Post Views: 1 Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на регионалниот пат Струга-Дебар загина 29-годишниот Агрон К. од Струга. Несреќата се случила околу 3 часот и 50 минути во близина на струшкото село Велешта. Стружанецот кој управувал автомобил БМВ изгубил контрола над возилото и удрил во ѕид од куќа по што починал на лице место. Повреден е и неговиот сопатник, 42-годишниот Б.В кој бил веднаш  пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Струга. {loadposition content9}

Continue reading

Тешка сообраќајна несреќа кај кичевско Букојчани

Post Views: 1 Три лица ги загубија животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 19 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на селото Букојчани, информираат од СВР Охрид. Од здобиените повреди, на лице место починале Халит А.(16), Адмир В.(19) и Зуфер З.(46), сите од кичевското село Колари. Нивната смрт е констатирана од лекар од Брза помош. Во сообраќајната незгода, со телесни повреди се здобиле Џ.Ј.(50) од селото Букојчани и А.М.(25) од селото Зајас. Сообраќајната незгода се случила кога возило марка „Форд Ескорт“ со кичевски регистарски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top