Ознака: се

et

Екстерното тестирање збогум за „надуените“ оценки

Post Views: 8 Во општина Охрид успешно спроведено екстерното тестирање во сите основни и средни  училишта. Овој долго подготвуван метод на министерството за образование,  со кое се  тестира знаењето на учениците стеканото од нивните професори, од старт па се до негвото реализирање  беше дочекано на нож од некои професори, родители и ученици.  Едно е сигурно,  иако оспорувано и оцрнувано, сепак ова тестирање ќе значи крај за непотизмот и надуените оценки.  За тестираните ученици екстерното тестирање, пак, денес беше лесен залак.  Со овој  инструмент ресорното министерство сака да добие ...

Continue reading

plostad

Скромен дочек на Нова Година

Post Views: 3 Полека се ситнат деновите од старата година, a меѓу граѓаните се помалку ја има некогашната еуфорија за што погламурозен дочек на најлудата ноќ во годината. Секој за дочекот на новата година се подготвува на свој начин. Повеќето од граѓаните ќе останат дома, а некои пак ќе мора  да работат и за време на Новогодишните празници. Новогодишната атмосфера во охридската чаршија како да не се чувствува. Трговците и угостителите се жалатдека граѓаните се помалку трошат од семјниот буџет за новогодишните празници. Охридскиот угостител, Љупчо Патчев, вели од година в година сакаме...

Continue reading

peperutka

Занаетчиите се почесто со блокирани жиро сметки

Post Views: 5 Охридските занаетчии се потешко се справуваат со економската криза. Скоро една третина од  180-те регистрирани занаетчии работат со блокирани жиро сметки. Сепак бројот на ново регистрирани занаетчии е во пораст. Во моментов најчесто во занаетчиските дејности  се регистрираат лица кои се  без работа и користат грантови за занаетчиски дејности од УНДП и од Агенцијата  за вработување. Она што во моментов изненадува е податокот што за шест месеци само двајца регистрирани занаетчии од Охрид се пријавиле да користат субвенции за македонски уметнички творби. Средствата во висина...

Continue reading

sala

Наскоро ќе се реконструира спортската сала во Велгошти

Post Views: 5 Реконструкцијата на спотската сала во Велгошти  ќе започне наскоро. Нејзината доизградба ја најави директорт на Агеницијата за млади и спорт Лазар Попоски. Владата веќе одобрила 20 милиони денари за нејзино  ставање во целосна функција, кажа Попоски пред велгоштани. „Во  услови на светска економска криза која реално с е проширува и во реалниот сектор во Македонија сепак инвестициите во спортот нема да се запостават. Секој вложен денар се седум денари заштеда во фондот за здрвственоосигурување и тоа е минимален потик да продолжиме со инветсициите, кажа Попоски.    Оваа...

Continue reading

tocaci polaganje

Одржана манифестацијата „Детски семафор 2012“

Post Views: 20 Во последно време се подолу се спушта границата од која може активно да се учествува во сообраќајот.“ Оттука одржувањето на ваквите манифестации е особено важно за всадување на сообраќајните правила во младите детски глави. „Се она што не е дел од редовната настава секогаш повеќе ги привлекува децата а згора на тоа и самиот факт што децата уште од млади години стануваат реални учесници во сообраќајот, значи не теоретски дел или некаде настрана одвоени туку точно учесници како велосипедисти, како мопедисти, пешаци па и мотористи од млади години во реалниот сообраќај...

Continue reading

Zeleznicka

Железничка повторно на „тапет“

Post Views: 6 Булевар Железничка станува се понебезбедна сообраќјаница, реагираат од ВМРО-НП. Обвинуваат дека улицата, што два пати се пушташе во употреба пред парламентарните избори, се уште е недовршена и со  неквалитетно поставен материјал. Овој магистрален пат со ознака М-5, кој требаше да го растерети  градскиот сообраќај од тешки моторни возила, сега  им задава сериозни главоболки на жителите од северо источниот  дел на градот. Како причини што улицата станува се поопасна по животот, и неодамна однесе еден човечки живот, од Вмро НП ги посочуваат  неквалитетно поставените шахти,...

Continue reading

ucesnici vo realno show

Реално шоу – Гладијаторски борби, ќе се снима во Охрид

Post Views: 9 Спортски спектакл, реално шоу  ќе се снима во Охрид. Во наредните две недели 18 фајтери и 5 капетанки преку гладијаторски борби ќе се трудат да ја освојат главната награда на организаторот од 30 илјади долари. Освен класичните натпревари во кик-бокс меѓу учениците од Соединетите Американски држави, Колумбија, Канада и европските земји, шоуто ќе биде збогатено со дополнителни содржини, како задачи за натпреварувачите. Ќе има трчање по угорнина до селото Велестово, некои натпреварите ќе се  одвиваат на плажата Куба Либре, а дел од натпреварите ќе се одиграат на Античкиот...

Continue reading

Antonio Milisoski

Од лидерската средба во понеделник не треба премногу да се очекува

Post Views: 6 Од лидерската средба во понеделник не треба да се очекува премногу, таа може да биде само добар вовед за она што допрва ни претстои, изјави Министерот за надворешни работи на РМ, Антонио Милошоски. „Во секој случај позитивно ја оценувам средбата и што премиерот ја свика. Оваа средба може да биде добар вовед во она што допрва ни претстои. Од како евентуално ќе имаме нов  предлог за името, тогаш ќе треба со сета сериозност и одговорност, сите политички чинители, повторно да завземат конечен став кој на најдобар начин ќе ги застапува македонските интереси“ , рече министерот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top