Ознака: резултати

Маркоска: Со вложување на најдоброто од себе до светски резултати

Post Views: 0 Младата стрелачка Јана Маркоска постигна нов личен рекорд, 404,7 круга, со воздушна пушка. Таа воедно ја понесе победата во Сандански, Бугарија, на меѓународниот натпревар на кој учествувале повеќе екипи од Македонија и Бугарија меѓу кои и охридскиот стрелачки клуб, со 4 јуниорки. Јана редовно тренира стрелаштво, околу 6 години, спорт кој го избрала од посебни причини кои ги сподели со нас. „Спортов ме привлече бидејќи е многу смирен, треба голема концентрација, секако и мотивација пред се за да продолжиш да тренираш“ Би Сакала да се видам на светско на олимпијада, секако...

Continue reading

Учениците од ОУ„Григор Прличев“ постигнаа одлични резултати по математика и физика на општинските натпревари

Post Views: 13   На општинскиот натпревар по физика кој се одржа на 18.02.2017 год. ученици од 8 и 9то одд. под менторство на наставничката Славица Јолакоска Таштаноска, обезбедија пласман на регионалниот натпревар и  ги освоија следните награди: Ана Димоска IX –I наградаЈана Петреска VIII –I наградаПетар Мишов VIII –I наградаСтефан Каланоски IX  -II награда 18 ученици забележаа одличен успех на општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 25.02.2017 г. Основците од „Григор Прличев“ освоија 9 први места , 6 втори и 3 пофалници. Бисера Вранишкоска IV – I награда ментор:...

Continue reading

Презентирани финалните резултати од „Вотернет“ проектот

Post Views: 1 Со средства од проектот се довршуваат уште 200 метри од пешачката крајезерска патека, од мостот Студенчишта, па сè до комплексот Горица, кујната на Факултетот за туризам и угостителство доби нова опрема, а изградена е и ботаничка градина. Со добар тим, средствата од ИПА фондовите не се толку далечни. Презентирани финалните резултати од проектот „Вотернет“, инаку првиот реализиран проект во рамки на ИПА програмата. Проектот се имплементираше од страна на Општина Охрид, во партнерство со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, Општина Воден од Грција и Факултетот...

Continue reading

logo

Колку пари дневно прави Чико „Гугл“?

Post Views: 2 Компанијата Гугл оствари резултати подобри од очекуваните во изминатиот квартал, односно во периодот од јули до септември забележала заработка од 2,97 милјарди долари, односно дневно близу 34 милиони долари. Приходите на компанијата се зголемени пред се поради огласувањето, а секторот за мобилна телефонија, кој го претставува Моторола, и понатаму бележи губитоци. Акциите на компанијата после објавувањето на податоците забележаа рекордна вредност од 941,25 долари, со раст од 6%.Платените кликови забележаа раст од 28% во однос на третиот квартал од минатата година, а 8%...

Continue reading

strav

Добар сон, лек против стравот

Post Views: 10 Проблемот со решавањето на нерационалниот страв (затоа што рационален страв, на пример од мечка е корисен) е што до сега главен метод е директно соочување со истиот. Метод кој од очигледни причини и не е најпријатен. Сега една студија објавена во Nature Neuroscience анализра како би можело проблемот со нерационалниот страв да се решава на спиење.Во експериментот научниците прво создале страв кај испитаниците поврзувајќи мали електрични шокови, со слики од лица и одредени мириси. По некое време испитаниците се потеле секој пат кога ќе ја виделе сликата или ќе го осетеле...

Continue reading

До врвни резултати во пливањето преку школата за пливање, „Делфина 2012“

Post Views: 0 Сите кои сакаат да ги откријат тајните на пливањето, но и оние кои сакаат да ги доусовршат досега научените техники на овој прекрасен спорт и годинава тоа ќе може да го направат во школата за пливање, „Делфина 2012“. Уписите се во тек, а школата започнува со работа на први јули. До врвни резултати во пливањето преку школата за пливање, „Делфина 2012“. Во тек се уписите во колата за пливање, со која раководи истакнатиот професор и спортски работник, единствената жена акредитирана од FINA за судија во маратонско пливање, Соња Думбалова Делова. Досега повеќе од 100 дечиња...

Continue reading

proekt

Ефектен завршеток на проектот „Единство во Различноста“

Post Views: 4 Официјално заврши проектот „Единство во Различноста“. Во склоп на овој културен настан кој денес се одржа на струшкото пливалиште, беше организирана изложба со дел од фотографиите кои учествуваа на конкурсот на тема „ЕДИНСТВО ВО РАЗЛИЧНОСТА“. Воедно, беа доделени наградите на авторите на наградените фотографии, кои како самите кажаа, инспирацијата ја нашле во Струга, соживотот на нејзините граѓани како и нивните секојдневни навики. Проектот „ЕДИНСТВО ВО РАЗЛИЧНОСТА“ започна со реализација во октомври 2010 година и траеше шест месеци. Беа одржани 4 меѓуетнички дебати,...

Continue reading

Drim

Новата летна туристичка сезона, вистински тест за нашите хотелиери

Post Views: 0 Некои помалку, некои повеќе подготвени да се фатат во коштец со предизвикот кој експертите го најавуваат за ова лето. Останува да видиме дали навистина најспособните ќе опстојат на туристичкиот пазар.  Вистинскиот тест за охридските и струшките хотелиери допрва претстои. После и не така бериќетното финале од минатата година, кога за новогодишните празници само некои од хотелите можеа да се пофалат со исполнети капацитети, следува сезона за која експертите кои се занимаваат со туризам, велат дека ќе биде една од најтешките. Не остана недопрена точка во економијата што...

Continue reading

pivo

Пивото ги прави мажите попаметни

Post Views: 4 Научно е докажано дека пивото ги прави мажите попаметни… ова е податок кој сигурно ќе израдува голем дел од мажите.Имено, мажите кои пред решавањето на задачите испиле неколку пива имале подобри резултати од оние кои не консумирале алкохол, велат американските научници.Испитаниците добиле задача на низата од три зборови да го додадат четвртиот збор кој се вклопува во образецот. На пример, на поимот „сирење“ можат да се придружат зборовите „свежо“, „кравјо“, „швајцарско“, „мувлосано“.Половина испитаници испиле литар пиво, додека другата група не консумирале никaков алкохол....

Continue reading

hoteli

Со подобра патна инфраструктура и нови хотелски капацитети до резултати во туризмот

Post Views: 2 Градење на нови хотелски капацитетти, достигнување на бројка од еден милион гости годишно, поволни каматни стапки за добивање кредити, креирање на производ кој е привлечен за странските туристички гиганти, изградба на соодветна патна инфраструктура за поуспешна и подолга туристичка сезона во земјава. Ова се само дел од желбите, идеите и предлозите на туристичките работници со чија реализација тие сметаат дека многу би се подобрила туристичката слика во земјава. Како една од пречките за реализацијата на нови инвестиции во делот на хотелските капацитети, според претседателот...

Continue reading

Poraka Nova

„Порака Нова“ бележи позитивни резултати

Post Views: 2 13 годишната Марина Петреска своето слободно време го поминува во рекреативниот центар „Порака Нова“ од Струга, наменет за прифаќање на  лица со интелектуална попреченост. Марина заедно со останатите 48 корисници,  кои работат под менторство на повеќе едукатори и волонтери, можат да спортуваат,  но и да изучуваат странски јазици, компјутери, фолклор, градинарство. Рекреативниот центар „Порака Нова“,  наменет за лицата со интелектуална попречена функционира скоро 11 месеци. Лицата кои го посетуваат центарот по 4 часа неделно, се на возраст од 6 до 50 години. Центарот...

Continue reading

Подарок од Samsung: Божиќни откази

Post Views: 4 Јужнокорејската компанија Samsung, без претходна најава, одлучила да ја затвори својата најголема продавница во Велика Британија, “experience store” во Лондон. Демонтирањето на ентериерот започнало ноќта помеѓу 23 и 24 декември, кога сите вработени биле известени за отпуштањата, што во очи на католичкиот Божик сигурно не е убав подарок. Samsung прецизирал дека сака да ги задржи другите продавници во Велика Британија, но затворањето на најголемата не е позитивен сигнал дека ќе продолжи моделот на продажба и претставувањето на производите креиран по примерот на продавниците...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top