Ознака: простор

Узурпирала простор, го издавала како паркинг, заработила кривична

Post Views: 3 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Узурпација на недвижности “, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.К.В. (44) од Охрид. Пријавената, од почетокот на годинава, со незаконски дејствија  узурпирала 599 метри квадратни недвижен имот-земјиште сопственост на Република Македонија. Тоа го направила со намера за владение на недвижниот државен имот лоциран покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан веднаш до нејзината парцела а со цел да го употреби за лична корист. В.К.К. на узурпираното државно земјиште најнапред поставила ограда...

Continue reading

Нов модерен продажен простор на Бако во Охрид

Post Views: 1 Бако , добро познат бренд за охриѓани , ја продолжува шестгодишната успешна приказна во градов. Викендов компанијата свечено го отвори новиот продажен простор. Наместо на досегашната локација на влезот од чаршијата отсега познатите производи на Бако ќе ги најдете неколку метри подолу кон плоштадот кај Чинарот. Во новата продавница, уредена во модерен дизајн со пријатен ентериер и на поголема површина, ќе ги пронајдете познатите по својот квалитет, производи на Бако. „ Во старата продавница бевме редовни муштерии. Еве сега чекавме новава продавница да се отвори, скоро...

Continue reading

Сопствениците на пловни објекти ќе може закупат паркинг простор на каналот Студенчишта

Post Views: 1 Локалната самоуправа ќе воведува ред при паркирањето на пловните објекти во Студенчишкиот канал. Со каналот, досега не стопанисуваше никој и сопствениците на пловилата ги врзуваа кајчињата, глисерите и бротчињата кој каде ќе стигне. Многу често имаше појава и на расправии за паркинг местата. Од ова лето Локалната самоуправа со одлука на градскиот Совет го отстапи каналот на стопанисување на ЈП Билјанини извори. Предлог има сопствениците на едрилици да бидат ослободени од плаќање на закупнина, а за останатите пловила да се плаќа закупнина за просторот на 6 месеци и една...

Continue reading

parking

Нов паркинг во СОУ „Нико Нестор“

Post Views: 2 Во завршна фаза е новиот паркинг на СОУ „Нико Нестор“. Станува збор за паркинг простор кој што се протега на површина од 300 метри квадрати со 30 паркинг места, кој што се гради позади објектот на средното училиште Нико Нестор. Овој простор претходно беше неуреден. Како што за ТВМ изјави директорот на училиштето Никола Затуроски, паркингот е наменет специјално за возилата на професорите, а неговата изградба е комплетна заложба на менаџерскиот тим на школото со несебична помош од и учениците и залагање на професорите. „Се што се прави и се што може финансиски да се избегне...

Continue reading

Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување

Post Views: 6 Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ ќе добијат нов уреден простор за спортување. Тие години наназад реагираа дека младите, но и повозрасните кои сакаат да се занимават со некакви спортски активности немаат во близина никаков спортски терен. Потенцираа дека во оваа населба се наоѓа и училиштето „Кочо Рацин“, па навистина повеќе од потребно беше да се реализира еден ваков проект. Јавното претпријатие „Градски гробишта“ деновиве интензивно работи на уредување на две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, но и на едно детско игралиште на кое ќе бидат...

Continue reading

Се повеќе велосипедисти, а се помалку простор каде да се вози

Post Views: 0 Се повеќе велосипедисти, а се помалку простор каде да се вози. Локалната сериозно размислува како да ја подобри велосипедската инфраструктура во градов и да направи патеки по кои ќе може да се вози без притоа да се стравува дека може некој да настрада. Сите некако сме го заговарале и како политичари и како граѓани решавањето на проблемот со велосипедските патеки во Охрид и ние како општина во овој период преминавме кон изработка на сообраќајната студија од која треба да произлезе и решението за велосипедските патеки. Тендерот е веќе при крај и наскоро ќе пристапиме кон...

Continue reading

logo

Лекарите кои оствариле право на пензија може да работат со фондот

Post Views: 1 Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите лекари – носители на здравствена дејност, вработени на неопределено време со полно работно време, во приватни здравствени установи кои не се корисници на простор под закуп и кои оствариле право на пензија, дека со можат да продолжат да работат со Фондот. Како што е соопштено во вторникот, ваква одлука донел Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Оваа можност лекарите може да ја остварат под услов пензијата да ја имаат ставено во мирување и да имаат валидна дозвола за...

Continue reading

sednica

Одложено продавањето на објект на МЈП Проаква – Струга

Post Views: 1 Одложена е продажбата на вториот објект на МЈП Проаква, во Струга. На последната седница на струшкиот Совет не помина  точката за оттуѓување на недвижниот имот на МЈП Проаква Р.Е. Струга. Истата беше одложена за наредната седница. Сепак, градските власти и раководниот тим на  претпријатието, гледаат оправданост од една ваква постапка. Градоначалникот Рамиз Мерко смета дека продажбата на зградата би била во интерес на нови инвестиции за градот, а со самото тоа и ќе порасне и приливот на средства во општинската каса. „Во тој дел на градот има ДУП кој предвидува градба...

Continue reading

Keret Kuka

Куќа за живот на калач

Post Views: 6 Во предградието Вола во Варшава, Полска се наоѓа домот наречен „Куќата Керет“. Она што го прави драматично различен од било кој останат дом е тоа што ова е најтесниот во светот. Всушност неговиот најширок дел е само 152 сантиметри, а најмалиот дел е само 92 сантиметри што не е доволно широк за да собере еден автомобил или било што слично на кауч. Полскиот архитект Јакуб Шчесни посетува еден од своите проекти. Пред 4 години, шетајќи низ Варшава, го открил овој тесен простор помеѓу зградите. Претесен е за низ него да минуваат автомобили, но е доволно широк во него да се...

Continue reading

Летен режим на наплата на јавниот паркинг простор во Охрид

Post Views: 0 ЈП „Билјанини Извори“ ги известува граѓаните на Охрид дека од утре 01. 06 (четврток ) започнува летниот режим на наплата на јавниот паркинг простор. Со одлуката на Советот на град Охрид од минатата година во летниот период (јуни, јули и август ) Зона А за еден час паркирање за физички лица од 30 денари ќе се наплаќа 40 додека Зона Б од 20 денари за еден час ќе се наплаќа 30 денари.

Continue reading

Во Охрид се одржа конференција за управување со Интернетот кај државите од поширокиот простор на Југоисточна Европа

Post Views: 2 Aндреа Бeкали менаџер во американска информатичката компанија ИКАН ја нагласува потребата луѓето активно да се вклучуваат во управувањето и развојот на интернетот. На конференцијата Управување со Интернетот кај државите од Југоситочна Европа сме присутни да дадеме поддршка на заедницата во Македонија и регионот. Зборуваме за употребата и да објасниме што поддржуваме во развојот на интернет технологијата и како интернетот да се употребува во иднина, напомeнува Бeкали. „За таа цел баравме идните генарации под 25 години што повеќе да го употребуваат Интернетот. За прв пат...

Continue reading

mravka

Зошто научниците испратија мравки во вселената?

Post Views: 11 Научниците сакаат да видат како мравките ќе се навикнат на околина речиси без гравитација. Една колонија мравки ја набљудува својата околина со испраќање мравки за да го истражат регионот. Повеќете мравки имаат слаб вид, па функционираат благодарејќи на сетилото за мирис. Мравките мора да бидат близу до нешто за да го откријат. Меѓусебно, мравките комуницираат со мирис и добирање на антените. Изминатите милиони години, овие инсекти развиле алгоритми за да дознаат колку мравки има во нивната околина итн. Откако ќе дознаат колку „пријатели“ има околу нив, тие се организираат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top