Ознака: претседател

brod

Сириското хемиско оружје, ке се уништува на американски брод во Средоземно Море

Post Views: 9 Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама предлага сириското хемиско оружје да се уништи во меѓународни води на американски брод. Планот, кој треба да биде одобрен предвидува оружјето да биде уништено на бродот „Кејп Реј“ во Средоземно Море, додека во близина патролираат бродови на американската воена морнарица. Планот за уништување на сириското хемиско оружје разработен е од Пентагон и се претпоставува дека на тој начин ќе бидат избегнати дипломатски и еколошки проблеми, како и безбедносните опасности ако уништувањето биде на територијата на некоја земја.Претходно,...

Continue reading

Putin i Papa

Путин во Ватикан

Post Views: 5 Рускиот претседател Владимир Путин денеска е во посета на Италија и Ватикан каде оствари средба со лидерот на Римокатоличката црква, Папата Франциско. На средбата ќе се разговара за односите меѓу католичките и православните цркви, а ќе биде разгледана и ситуацијата на Блискиот исток, при што особен акцент ќе се стави на ситуацијата во Сирија. Потоа Путин ќе има средба со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, а утре во Трст ќе разговара со премиерот Енрико Лета. Претседателот Путин практикува средби со католичките водачи. Тој претходно се сретна и со Јован Павле...

Continue reading

Џафери отпечатен како претседател

Post Views: 5 Доцна синоќа печатницата „Графички центар“ го отпечати новиот број на „Службен весник на РМ“, а во него и одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, пренесува порталот „Фактор“. Денеска одлуката и официјално ќе биде објавена во „Службен весник“. Со оглед на тоа дека веќе утре има судско рочиште за отворање на стечајна постапка за „Графички центар“, ова ќе биде и последното отпечатено издание на „Службен весник“ во оваа печатница, а за следните изданија Јавното претријатие Службен весник ќе треба да бара нова печатница. Дописот со одлуката за избор...

Continue reading

Vladimir Putin

Forbes: Путин е најмоќниот човек на планетава

Post Views: 2 Рускиот, а не американскиот претседател, е највлијателниот човек во светот.Ова го покажала анкетата на магазинот „Форбс“ спроведена за оваа година, каде Владимир Путин е прв на листата од 72-ца државници, бизнисмени и филантропи. Според уредниците на „Форбс“, позицијата на Путин годинава е поради лошата фаза во која во последно време се наоѓа Обама, но и зацврстувањето на позицијата на Русија на меѓународната сцена. На третото место е кинескиот претседател Кси Џинпинг, а потоа следуваат Папата Франциско и германската канцеларка Ангела Меркел, која е најмоќната жена на...

Continue reading

Макрон, нов претседател на Франција

Post Views: 7 Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон синоќа им се обрати на своите приврзаници пред музејот Лувр во Париз со звуците на химната на Европа. Тој пред неколку илади луѓе вети дека ќе стори се французите да немаат причина да гласаат за екстремните опции. „Европа и целиот свет не гледаат. Тие од нас очекуваат насекаде да го браниме духот на светлината“, изјави Макрон кој беше придружуван од неговата сопруга Брижит. Тој веднаш по објавувањето на резултатите доби честитки од претседателот во заминување Франсоа Оланд, од германската канцеларка Ангела Меркел, од...

Continue reading

molitvi

Јужноафриканците се молат за Мандела

Post Views: 0 Со молитви и песни, илјадници Јужноафриканци ноќта ја минаа пред болницата каде што веќе дваесетина дена се наоѓа Нелсон Мандела. Јужноафриканскиот претседател Џакоб Зума изјави дека 94-годишниот нобеловец „се уште е во критична, но стабилна состојба“. Здравствената состојба на Мандела се подобрила во текот на минатата ноќ, но и натаму останува критична. Неговото семејството ги обвини медиумите дека се како мршојадци, нестрпливо чекајќи ја неговата смрт. Нелсон Мендела беше првиот црн претседател на Јужна Африка по окончувањето на Апартхејдот во 1994 година. {loadposition...

Continue reading

100 години од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров

Post Views: 9 Киро Глигоров е роден во Штип во 1917 година. Дипломирал право на белградскиот Правен факултет. Во текот на Втората светска војна, претседателот Глигоров учествувал во борбата против фашистичките сили и бил секретар на Иницијативниот комитет за формирање на АСНОМ. Бил на повеќе важни политички и економски функции во СФР Југославија и во Сојузот на комунистите на Југославија. По независноста на Македонија, Глигоров во јануари 1991 година беше избран за прв претседател на државата. Оваа функција ја извршуваше во два мандата, до ноември 1999 година. На 3 октомври 1995 година...

Continue reading

Nelson Mandela

Здравствената состојба на Мандела, критична

Post Views: 1 Мандела веќе 24 часа се наоѓа во животна опасност, соопшти јужноафриканското претседателство синоќа. Претседателот Јакоб Зума, претседателот на владејачката партија Африкански национален конгрес, Сирил Рамафоса и сопругата на Нелсон Мандела, Граса Махел, се сретнале во болницата за да разговараат за ситуацијата. „Лекарите го прават она што е можно за подобрување на состојбата. Тој е во добри раце“, изјави Зума. Минатата недела Зума и најблиските на Мандела соопштија извесно подобрување на болниот поранешен претседател. Мандела, кого во Јужна Африка го нарекуваат со традиционалното...

Continue reading

Branko Crvenkovski

Претседателот Црвенковски во официјална посета на Унгарија

Post Views: 5 Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Унгарија. Шефот на македонската држава во Будимпешта ќе се сретне со неговиот домаќин претседателот на Унгарија Ласло Шојом, со кого е планирано да има тет а тет средба, по што ќе биде одржан и пленарен состанок на двете делегации. Претседателот Црвенковски ќе се сретне и претседателката на унгарскиот Парламент Катлин Сили, како и со градоначалникот на Будимпешта Габор Демски, а ќе положи и венец на Споменикот на унгарските херои.     {loadposition...

Continue reading

Талат Џафери од утрово во кабинетот на собранискиот претседател

Post Views: 6 Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, од утрово е во Кабинетот на собранискиот претседател, откако ги добил клучевите. Иако вчера му беше привиот работен ден на новата функција, тој не успеа да влезе во кабинетот, оти тој беше зафатен од претходниот претседател Трајко Вељаноски и пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Прв гостин на Џафери во неговиот Кабинет е амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар. Од СДСМ велат дека сега е работа на собраниските служби да ги завршат понатамошните процедури со кои и официјално Џафери ќе може да го испрати писмото до...

Continue reading

Evo Morales

„USAID“, протерана од Боливија

Post Views: 9 Боливискиот претседател Ево Моралес изјави дека ja протерува Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID) од неговата земја за наводно мешање и заговор против владата, јавува Си-Ен-Ен. “УСАИД е надвор, јас побарав од министерот за надворешни работи веднаш да комуницира со Амбасадата на САД”, изјави Моралес во својот говор вчера, според државната АБИ новинска агенција. Според боливискиот веб-сајт на УСАИД, агенцијата работела таму од 1964 година и оваа агенција, се грижи за здравјето, одржливиот развој и еколошките програми во земјата. Агенцијата вели...

Continue reading

guantanamo

Затворот Гвантанамо конечно под клуч?

Post Views: 3 Американскиот претседател Барак Обама уште еднаш повика на затварање на затворот Гвантанамо на Куба,при што наглaси дека тој затвор им штети на интересите на САД. Изјавата на Обама доаѓа по бројните вести за штрајк со глад на затворениците, како и мерките на присилно хранење што се вршат над нив од страна на затворските служби. -Затворот е штетен на меѓународен план, ја загрозува соработката со нашите сојузници во борбата против тероризмот и служи единствено како оружје за регрутација на екстремистите изјавил Обама. Во затворот со глад штрајкуваат 166 затвореници,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top