Tag: права

SSM Makedonija

Измените на Законот за работни односи ги кршат основните права на работниците

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести со кои ќе ги бара правата на работниците. Од Владата остануваат на ставот- измените се во согласност со европските директиви. Најновите измени на Законот за работни односи дополнително ја влошуваат состојбата на работниците. Се кршат нивните основни права, тврдат од Сојузот на синдикати на Македонија. Измените се против потпишаните меѓународни конвенции за заштита на работниците и на одредбите на ЕУ кои го регулираат овој сектор, велат од ССМ. Најголемите реакции се  околу прогласувањето на технолошкиот вишок, ноќната смена, намалувањето...

Continue reading

intelektualna sopstvenost

Во Македонија нема заштита на правата на интелектуална сопственост

Медиумите кои легално емитуваат програма се на удар од оние кои тоа го прават недозволено, а пиратеријата царува. Експертите сметаат дека само со регионална соработка ќе се стави крај на ваквите појави. Медиумите кои легално емитуваат програма не можат рентабилно да работат поради нелојалната конкуренција за сметка на оние медиуми кои немаат никакво право на емитување на одредени емисии или филмови. Авторите на композициите, продуцентите и многу други секојдневно се сретнуваат со проблемот на незаштитени авторски права. Пиратеријата зема се поголем замав. Се поставува прашањето кога во Македонија...

Continue reading

Египќаните повторно во потрага по своите права

„Многу од нас ќе бидат приморани да станат албанци или роми иако тоа не го сакаат“, велат охридските египќани. „Под итно бараме прием кај премиерот Никола Груевски како би му ги кажале проблемите со кои се соочуваме“, додаваат тие. Египќаните од Охрид и понатаму ги бараат своите права кои им припаѓаат согласно уставот на РМ. Сакаат едно пратеничко место во собранието на РМ  да им биде загарантирано по примерот на косовскиот модел за што подршка бараат од охридските пратеници. Од партијата Сојуз на египќани велат дека, уште утре ќе поднесат барање до претседателот на Советот на општина Охрид...

Continue reading

Загрозен статусот на работниците велат од синдикатот

На работниците им се скратија деновите за годишен одмор од 26 на 20. Покрај тоа, повеќе нема да имаат увид во плаќањето на придонесите за пензии и здравствено осигурување, се озакони  неограничено време за работа во ноќна смена, се усвои можноста за прогласување на технолошки вишок и вработување веднаш некој друг, не се дозволува прекфалификација при променети услови. Ова се некои од новините  во Законот за работни односи кои стапија нa сила пред 10 –тина дена. Со нив се кршат  правата на работниците, вели претседтелот на општинската синдикална организација Драган Цветаноски. Додава дека Законите...

Continue reading

Струшките потрошувачи не знаат дека во градот има организација за заштита на нивните права

Стружани не се информирани каде можат да ги запознаат своите потрошувачки права. Иако нивните реакции се многубројни, сепак не знаат каде можат да се обратат на консултативен разговор и како да постапат кон сопствениците на трговските дуќани. Организација на потрошувачи во Струга постои речиси една година. Канцеларијата се наоѓа во општинската зграда и за таа намена се ангажирани две лица. Тие даваат совети со цел да ги заштитат потрошувачите. Од таму потврдуваат дека многу од граѓаните во Струга,  не се информирани за постоењето на организација која е отворена секој работен ден. Од организацијата...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top