Ознака: поставување

Угостителите и општина Охрид на чекор пред конечен договор за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема

Post Views: 7 Угостителите и општина Охрид на чекор пред конечен договор за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема. Вчера во големата општинска сала претставниците од Здружението на угостители „Охридски еснаф“ одржаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски на која беа отворени повеќе прашања од угостителската проблематика, посебно во делот на надоместокот за поставување на урбаната опрема. Градоначалникот истакна дека оваа средба можеби требало да се случи порано, со цел да се избегнат сите недоразбирања, додавајќи дека на истата се постигнало доближување до ставовите...

Continue reading

Повлечена точката за Предлог – одлуката за утврдување на висината на надоместокот за поставување урбана опрема

Post Views: 6 На денешната седница на советот на општина Охрид Предлог, одлуката за утврдување на висината на надоместокот за поставување урбана опрема беше повлечена. Градоначалникот Јован Стојаноски смета дека сосема една ваква постапка е коректна и легитимна посебно кога реагираат граѓаните или сите оние кои се засегнати од одлуката. Тој појасни дека поскапувањето се однесувало во само во делот за поставување маси и столици и утврдувањето на периодот за којшто може да се поставуваат истите. „За некој ден ќе закажиме средба со угостителскиот еснаф и отворено од наша и нивна страна...

Continue reading

Охридските угостители незадоволни од новите тарифи за поставување урбана опрема

Post Views: 8 Поставувањето урбана опрема многу ќе ги чини угостителите. Советот на Општина Охрид даде предлог одлука за воведување нови тарифи за поставување урбана опрема со што угостителите и сите оние кои ќе сакаат да постават урбана опрема ќе треба да плаќаат за 60% повеќе средства од тоа што било досега. Ова предизвика негодување кај еснафот поради што испратиле и допис до локалната во кој ги наведуваат сите пропусти во оваа предлог одлука, како и негативниот ефект што ќе ја има истата доколку се донесе во таа форма. Од охридскиот еснаф на угостители покрај тоа што реагираат...

Continue reading

Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети

Post Views: 2 Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети на две локации во градов. Едната локација е во централното градско подрачје до Амамот, другата кај Горна Порта. Избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион кои се носители на овој проект , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Локалната е ангажирана околу обезбедување на приклучоци за струја, поставување на броила, приклучок за вода и канализација во овие контејнери....

Continue reading

Жителите од Стар град бараат поставување држачи на стрмните улички

Post Views: 8 Поставување на држачи на стрмните улички во стар град, бараат варошани. Со поставување на држачи би им се олеснило движењето на повозрасните жители. Иако, наизглед станува збор за ситен комунален проблем држачите имаат огромна важнст за нив. Во делови на уличките во Варош и Месокастро веќе има поставено вакви држачи кои го помагаат и олеснуваат движењето. „ Тешко е за постарите жители да ги совладаат тесните сокаци и улички. Потребна е една иницијатива за поставување на држачи по тесните улички“, ги  посочува потребите на жителите   Патчев. Претседателот на УЗ Стар град...

Continue reading

Протест против поставување на базана станица во Влашка маала

Post Views: 4 Преку протест жителите на Влашка маала ќе бараат отстранување на Вип антената за мобилна телефонија. Претседателот на Урбаната заедница Горна Влашка маала Томислав Голеишки, Трпе рече дека и покрај нивните напори и противења, мобилниот оператор ВИП продолжува со поставување на базната станица на приватен објект во нивната маала. Тој посебно нагласи дека од овој проблем засегнати се над 1500 млади пред се ученици во ОУ „Христо Узунов“ и деца од градинката „Јасна Ристеска“. „Воедно, ги повикуваме градоначалникот, пратениците од Охрид, советниците во советот на општина...

Continue reading

sednica sovet

Урбаната опрема во 5 до 12 на седница во Струга

Post Views: 7 Старата добро проверена тактика, во пет до дванаесет да се доставуваат материјалите за суштинските точки и овој пат не изостана на 41 та седница на струшкиот Совет. Станува збор за  точката која се однесува за поставување на урбаната опрема за 2012 година на територијата на општина Струга. Комисијата за урбанизам добро ја изготвила програмата но кога е во прашање нејзината реализација на терен, тука застануваат сите работи констатира, Момчило Аврамоски, советникот на ВМРО – ДПМНЕ.  „Јас ја поддржувам одлуката на комисијата за редовна наплата на сите издадени објекти...

Continue reading

Охридско семејство веќе неколку месеци бара правда поради недозволеното поставување на далекувод од страна на ЕВН во нивниот имот

Post Views: 5 Во имотот на семејството Џамтоски од Охрид, кој се наоѓа во селото Лескоец пред неколку месеци, речиси преку ноќ е поставен далекувод од ЕВН Македонија. Сопствениците на парцелата тврдат дека претходно ниту биле информирани ниту консултирани за поставувањето на овој објект и бараат тој да биде отстранет од имотот или да им се плати оштета бидејќи со неговото поставување вредноста на парцелата е повеќекратно намалена, а и им е оневозможено да ја искористат за тоа што планирале. Веднаш пријавив во полиција, а после тоа дури затекнав и работници кои го поставуваа на кои...

Continue reading

bandera

Струга заплеткана во пајакова мрежа

Post Views: 12 Под тежината на километри кабел од кабелските оператори, паѓаат столбовите за улично осветлување во Струга. Во близина на пливалиштето, кај кафе барот „Адмирал“ веќе две недели стои срушен еден ваков столб. Тажгур Сулејмани – соработник за јавно осветлување О.Струга, вети дека во најскоро време истиот ќе биде подигнат. „Тој столб досега требаше да биде подигнат од страна на приватна фирма „Сити Лајт“, но не знам зошто досега не е извршена таа услуга, па денес, најдоцна до утре и тој проблем ќе биде решен“, вели Сулејмани. Сулејмани кажа дека кабелските оператори од...

Continue reading

Втор тендер за поставување урбана опрема на улицата „Ванчо Николески“ и Кеј „Македонија“

Post Views: 2 Пропадна тендерот за поставување урбана опрема на улицата „Ванчо Николески“ и Кеј „Македонија“ наспроти хотел Палас. На првата локација со површина од 64м2 предвидено е детско игралиште за забава на отворено, а на другата локација со површина од 40 м2 на местото на постоечкиот шанк познат како Сквер Жиголо, предвиден е покриен или непокриен шанк. Општината по втор пат распиша јавен повик за овие локации. Немаше пријавени на тендерот. Деновиве е повторно распишан јавен повик кој ќе трае до 13ти февруари. Останува јавниот повик со истите услови и сигурни сме дека на повторниот...

Continue reading

Програмата за поставување времени објекти ги револтира граѓаните кои имаат такви објекти

Post Views: 0   Донесувањето на предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти на седницата на совет која се одржа во понеделникот, ги вознемири граѓаните кои имаат такви објекти. Денес реагираа сопствениците на објектите на локација бр. 6 која се наоѓа наспроти автобуската станица каде има 13 времени објекти. Таа одлука е крајно незаконска и поради нејзиното донесување ќе сносат одговорност и советниците кои ја изгласаа, а и градоначалникот кој е подносител. Овие објекти не може да се стават во таа програма бидејќи за нив има одлука на совет ...

Continue reading

Од втор обид изгласана предлог Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти

Post Views: 1 Предлог Одлука за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти во општина Охрид за 2016 година, точка која предизвика најмногу дискусии на  педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид. Откога на минатата седница оваа точка не беше изгласана, денес по втор пат беше ставена на дневен ред со објаснување дека е од исклучително значење за граѓаните на Охрид кои имаат времени објекти. Опозицијата со низа забелешки потенцираше дека со донесувањето на оваа одлука Локалната за едни граѓани ќе биде мајка, а за други маќеа бидејќи во 2013та година на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top