Ознака: пливачките

Пливачките школи започнаа со работа на пливалиштето кај малото пристаниште

Post Views: 0 Започнаа со работа пливачките школи. Од утрово раздвижена и во спортски дух е атмосферата на отвореното пливалиште кај малото пристаниште. Младите пливачи под будното око на тренерите започнаа да ги совладуваат пливачките техники, а други пак кои тренираат подолго време продлжија со понапредни техники. Иво Коталески е еден од младите пливачи кој, вели, со радост чекал да почнат тренинзите по пливање. „Пливав во базенот, а сега ќе пливам во езерото“,  вели Коталески , малиот вљубеник во пливачкиот спорт. За безбедно одвивање на тренинизите по пливање се изготвени...

Continue reading

Локалната самоуправа ќе им обезбеди простoр за тренинзи на пливачките школи оваа сезона

Post Views: 0 Младите пливачи сепак летово ќе има каде да тренираат. Локалната самоуправа ќе им излезе во пресрет на пливачките школи ќе се постават пливачки патеки пред малото пристаниште. Заради Ковид 19 под клуч ќе останат отворените базени на СРЦ Билјанини извори. Спортскиот клуб Охридски бранови поднесе барање за спортските активности да се одвиваат на малото пристаниште, информира Јоне Станкоски од одделението за спорт при ЛС. Општина Охрид е во фаза на издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за пливачките патеки за да се одвиваат тренинзите по пливање....

Continue reading

Голем е интересот за почнување со работа на пливачките школи и клубови во Охрид

Post Views: 0 Пливачите и тренерите по пливање со нетрпение чекаат да почнат со работа отворените базени во Охрид. Спортските работници од пливачката школа Акваспирит се во голема неизвесност дали и кога ќе се отворат двата пливачки базени на СРЦ Билјанини извори. Нивните телефони постојано ѕвонат, а тие немаат одговор на прашањето од младите вљубеници во овој спорт кога ќе почнат новите уписи и тренинзите, вели пливачкиот тренер Славчо Цветкоски од ПШ Акваспирит. „Има голем интерес за отворање и отпочнување со работа на пливачките школи и клубови посебно во летниот период...

Continue reading

Пливачката федерација на Македонија во Охрид ги носи пливачките ѕвезди во маратонско пливање на 10 км

Post Views: 0 Светски пливачки ѕвезди ќе пливаат на Меѓународниот пливачки маратон на 10 км во Охрид на 19 август. Во машка конкуренција ќе пливаат маратонските пливачи, аргентинците Алехандро Морено и Гилермо Бертола , бугаринот Венцислав Ајдарски, холанѓанецот Марсел Шоутен, и макоеднките Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски. Во женска конкуренција ќе плива Сесилија Беџоли, а за прв пат и македонската пливачка Ева Петровска, појаснува Томи Стефаноски потпретседател на Македонската Пливачка Федерција и претседател на далечински трки. „ Утре во 10.30 од пред хотел Ројал...

Continue reading

Голем интерес за пливачките клубови од најмладите охриѓанчиња

Post Views: 0 Детскиот жагор и пливачките радости се вратија на градскиот базен „Атина Бојаџи“ на СРЦ Билјанини извори ова лето. По минатогодишниот прекин на тренинзите во двата базени заради пандемијата, годинава продoлжуваат часовите по пливање на отворениот градски базен. Децата тренираат во зависност од нивната возраст и совладаните пливачки техники. Охридските пливачки клубови меѓу кои и  Акваспирит стануваат се попривлечни меѓу најмладите охриѓанчиња од година в година.Можам да кажам дека годинава интересот е поголем. Опфатени се деца од 5 годинишна возраст па нагоре. ...

Continue reading

bazen

Склучен договор помеѓу пливачките школи и ЈП „Биљанини извори“

Post Views: 0 Пливачките школи и оваа година склучија договор со ЈП „Билјанини извори”. По тој повод денеска, во 12.00 часот, на базенот во ЈП  „Билјанини извори”, претставници на Локалната самоуправа и претставници на пливачките школи официјално ќе го означат стартот. {loadposition content9}

Continue reading

mal bazen

Децата желни по школите за пливање

Post Views: 0 Децата Бајрам, Амет и Наум ги најдовме во водите на базенот како се разладуваат  во топлото  јулско претпладне. Овие млади пливачи сакаат да тренираат водени спортови за да станат врвни пливачи, маратонци, па дури и ватерполисти.  Тие како што велат, неизмерно го сакаат спортот и  пливањето, па со нетрпение очекуваат да почнат со работа школите за пливање. Од пливачкиот клуб „Охридски бранови“ потврдуваат дека интересот на децата за посета на школите за пливање е огромен. Најавуваат дека веќе од утре школите  стартуваат со подучување на пливачките техники....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top