Ознака: пари

Заев – украдените пари ќе им се вратат на граѓаните

Post Views: 4 Слободни и еднакви граѓани, плати кои ќе обезбедуваат пристоен живот, ефикасно јавно здравство и образование, преиспитување на спорните судски пресуди и враќање на украдените пари на државата и граѓаните. Ова се дел од ветувањата на коишто ги најави лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, пред граѓаните на граѓанскиот протест пред Владата. Во дел од своето обраќање Заев излезе со конкретни предлози и ветувања до граѓаните коишто се, како што рече, начела по кои се води опозицијата.„Македонија ќе биде пример на социјална држава којашто ќе се грижи за сите категории...

Continue reading

Општина Охрид една од општините која доби пари за рурален развој

Post Views: 0 Преку Програмата за рурален развој, која се спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, од буџетот на Република Северна Македонија, обезбедени се финансиски средства од околу 38 милиони евра, за реализација на 202 проекти во сите општини и плански региони. Со овие средства директно ќе се овозможи подобрување на условите за живот во малите општини и руралните средини. Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче...

Continue reading

Нема општински пари за кофинансирање на концерти во екот на туристичката сезона

Post Views: 2 Повеќе нема пари од буџетот на општината за финансиска поддршка на концерти во екот на туристичката сезона. Охридските советници на последната седница едногласно одлучија повеќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти и јавни настани во периодот од 15 јули до 15 август. Вакви музички манифестации редовно се одржуваа во Охрид во шпицот на туристичката сезона, на просторот кај спортската сала „Билјанини Извори” , а не беа во насока на продолжување на туристичката сезона за што се залага општина Охрид, изјави в.д градоначалникот Константин Георгиески...

Continue reading

alkohol i cigari

За друго може и да нема пари, ама за цигари мора!

Post Views: 9 Македонците трошат повеќе пари за алкохол и цигари отколку за овошје, млеко, чевли, риба или за култура и рекреација, за образование. Просечно четиричлено домаќинство во земјава лани се почестило со 9.423 денари, од кои 6.335 денари за тутун, а 3.088 за алкохол, пишува „Дневник“. Тоа е сума која е далеку повисока од парите што просечно домаќинство ги одвојува, на пример, за овошје (6.607 денари), обувки со вклучени поправки (5.950 денари) или за рекреација и култура за што вкупно годишно се одвојуваат 7.113 денари. А девет пати е помала од таа што се издвојува за образование...

Continue reading

„ПАРИ“ ОТКРИВА: Најголемите даночни должници се на иста адреса и наскоро треба да се избришат

Post Views: 6 Порталот „Пари“ направи анализа која се однесува на најголемите должници во земјава. Она што е особено интересно е што 3 од најголемите 5 должници се на иста адреса, наведува порталот. Управата за јавни приходи редовно ја објавува листата на должници. Последната е за долгови доспеани до 30.09.2021 и неплатени до 31.12.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Порталот Пари наведува кои се 5-те најголеми даночни должници во државава: ДОЛЖНИК ИЗНОС во евра Глобал...

Continue reading

sednica

Криза во струшкиот Совет

Post Views: 1 Криза во струшкиот Совет. Само што почна втората седница, на Советот на општина Струга советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија. Според координаторот на советничката група Перо Петкоски, предлог точките на дневен ред биле обемни и тие немале време да се подготват за истите.   „Исто така Комисиите не беа формирани точките не беа разгледани па прво беше даден предлог да се формираат комисиите, а ние сметаме дека не треба да се избрзува околу формирањето на комисиите. Изненади тоа што советниците на СДСМ кои се во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ останаа на седницата. Ставот...

Continue reading

dokumenti

100 милиони евра платиле македонците за бугарски пасоши

Post Views: 1 По реакцијата на ЕУ за издавањето на бугарски пасоши на граѓани надвор од Бугарија и најавата за ревизија на овие постапки на државната администрација на Бугарија, Стојко Стојков од ОМО Илинден, македонската партија кај нашиот источен сосед, вели дека процесот не е запрен. Според неговата проценка, досега Македонците платиле околу 100 милиони евра за бугарски пасоши.Во изјавата за радиото Канал 77 Стојков вели дека многумина од тие кои извадиле бугарски пасоши давале пари за мито. „Станува збор за навистина големи суми. Мојата проценка е дека македонските граѓани досега...

Continue reading

Германија рај за перење пари и затајување на данок

Post Views: 1 Иако важи за политички и економски мотор на Европа, Германија е мотор и во незаконски финансиски работи, стои во извештајот на Европската мрежа за долгови и развој (Eurodad) која брои 46 невладини организации од 20 европски држави. Нивната студија за 15 европски држави, кои ја пренесоа водечките светски медиуми, истакнува дека постојат сериозни закани на создавањето транспарентен даночен систем во Европа базиран на еднаквост, а една од најголемите пречки е Германија. Критиките до најголемото европско стопанство се нечесни даночни договори со развиените држави, недоволно...

Continue reading

logo

Антикорупциска ќе каже колку коштаа изборите

Post Views: 4 Aнтикорупциската комисија неделава ќе го објави финалниот извештај за тоа колку пари потрошиле партиите во изборната кампања за предвремените парламентарни избори, како и за претседателските избори. Од Комисијата велат дека повеќето од партиите ги имаат поднесено извештаите, но ќе чекаат до законски предвидениот рок пред да излезат со финалните бројки. – Рокот до кога партиите треба да ги достават извештаите за изборите е еден месец по завршувањето на вториот круг што беше на 27 април. Некои ги доставуваат по пошта, па затоа ќе причекаме. Кандидатите за претседател,...

Continue reading

владика

Апелација го одложи случајот за Вранишкоски

Post Views: 7 Апелација ја одложи јавната седница за случајот „Расколник“, во кој првообвинет е расчинетиот владика Вранишковски. Неговата одбрана тоа го коментира како неодговорност на судот.Ново рочиште е закажано за 18 јули, за случајот во кој Вранишковски е обвинет за проневера на 250.000 евра црковни пари и обид за нивно перење преку купување на имот и земјиште во Скопје и во Штип на име на ПОА и нејзините припадници. {loadposition content9}

Continue reading

Земјоделците се обучуват и се информираат како да извлечат пари од европските фондови

Post Views: 2 Земјоделците многу малку искористиле пари од европските фондови. Само 3% од нив настапиле при аплицирањето за Програмата за рурален развој како здружение, а сите останати аплицирале како поединци. Овој минимален процент најверојатно се должи на фактот што од 800 испитаници од сите 8 плански региони дури 714 истакнале дека не добиваат навремено информации за програмата и можностите кои што ги нуди, особено доколку се жители на поодалечените рурални средини. Таква е состојбата и во Југозападниот регион каде припаѓаат и општините Охрид и Струга. Се едни од регионите кои...

Continue reading

drisla

Какво богатство крие депонијата „Дрисла“?

Post Views: 23 Перница полна со злато, чанта со документи, пари – сите овие работи граѓани по грешка ги фрлиле во ѓубре и потоа оделе да ги бараат или во камионите на “Kомунална хигиена” или на депонијата “Дрисла”, пренесува “Дневник”. На никој од нас не му е пријатна миризбата на ѓубрето знаејќи што се’ се крие во него, но кога се во прашање скапоцени предмети или документи што завршиле таму, секој е подготвен да пробуричка за да ги најде. Портпаролот во јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ Ана Марија Бранѓолица вели дека досега повеќе пати...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top