Ознака: Охридско

Ohridsko leto

Завршува 40 дневната дружба со фестивалот Охридско лето

Post Views: 5 52 реализирани термини, 10 театарски претстави од кои 6 премиери, 30 музички настани. Нови инструменти, промоција на недвиќно културно наследство, изложби на современ накит, графики и минијатури. Богата и професионална соработка со медиумите, нови сцени…Според директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска, ова се само дел од успесите кои ги постигнале на годинешното издание на Охридско лето. „На сцените во црквата Света Софија, Антички театар, предворје, дворот на училиштето Свети Климент, Куќата на Уранија, предворјето на хотел Палас, настапија 770 уметници...

Continue reading

brakja karamazovi

„Браќа Карамазови“ за драмско финале на годинешното Охридско лето

Post Views: 14   Вечниот текст на Достоевски, „Браќа Карамазови“ ќе биде јагодата на шлагот во драмската програма на годинешното издание на Охридско лето. Претставата која е во изведба на театарот „Марин Држиќ“ од Хрватска, после цели 35 години го носи театарот од Дубровник повторно на Охридско лето. Нивната врска со фестивалот е секако македонскиот режисер, Дејан Пројковски. „Соработката со Дејан Пројковски е извонредна. Мислам дека го имаме од една страна Александар Македонски кој освојувал со меч, а Дејан Пројковски освојува со својот талент и големата љубов кон театарот и сите...

Continue reading

Nemanja Radulovic

Музичкиот дел на Охридско лето, завршува со концертот на Немања Радуловиќ

Post Views: 0 Со концерт на српскиот виолинист Немања Радуловиќ, кој се вбројува меѓу највпечатливите уметници од младата генерација на денешната музичка сцена, во пијано придружба на Сузан Маноф од САД, вечерва се затвора музичкиот дел од програмата на Охридско лето 2013. Познатиот виолинист, кој со своите атрактивни настапи го одушевува аудиториумот и пијанистката позната по својот афинитет кон камерната музика , во акустичната Света Софија ќе изведат дела на Чајковски, Моцарт, Бах, Франк, Равел. „Во коципирањето на програмата на музичкиот дел на фестивалот Охридско лето големо...

Continue reading

pretstava

Премиера на „Живот под кирија“ на Охридско лето

Post Views: 4 „ Живот под кирија“  е претставата  која утревечер ќе се прикажува на фестивалскиот репертоар на Охридско лето. Театарската претстава е надреална сатира, премира, фокусирана на животот на младиот режисер Дин и неговите почетоци за создавање на еден нов свет во театарот. Неговото искуство ќе покаже дека тука не оди се така лесно. Дин се соочува со непослушност на акатерите  и  управата кои театарот го гледаат како начин за постигнување на други цели. Улогата на Дин ја толкува актерот, Бесфорт Идризи.  Автор на сценариото на претставата „Живот под кирија“ е Рефет Абази...

Continue reading

tartif

Класиката на Молиер, „Тартиф“ , вечерва на Охридско лето

Post Views: 5 Драматуршката класика на Жан Батист Молиер, „Тартиф“ вечерва на програмата на Охридско лето. Оваа приказна за лицемерието добива многу поширок контекст благодарение на Битолскиот народен театар кои при работењето на „Тартиф“ најпрво тргнале од сите моди кои се случуваат во религијата, за потоа да ја опфатат и политиката и да дојдат до концептот „лицемерие и наивност“. „Тартиф е една од најновите продукции на битолскиот народен театар. Ја направивме некаде на почетокот на оваа година, се разбира од националната програма за култура на Министерството за култура и одтогаш...

Continue reading

Rachard Galijano

Француска вечер на Охридско лето

Post Views: 0 Годинава честа да настапи на овој реномиран фестивал, но и наша да ја слушаме неговата изведба ја има уметникот од светски глас, виртуазот на хармоника Иван Денион и Маестро Ричард Галијано уметник кој со својот настап не само што ќе го одбележи 53 то издание на фестивалот туку воопшто ќе даде посебен допринос за целокупната фестивалска историја. „Маетро Галијано е познат како голем виртуоз на хармоника и неговиот допринос е токму тоа што инструментие од поп музиката ги донесе во светот на синфониската музика на синфонискиот оркестар. Познат како голем виртуоз  мајстор...

Continue reading

izgubeni germanci

„Изгубени Германци“, претстава за вечните теми, животот, смртта и општеството

Post Views: 0 Утревечер во драмскиот дел на Охридско лето, публиката ќе може да ужива во целовечерната драма „Изгубени Германци“ на Дејан Дуковски. Оваа престава која обработува современи идеи, се базира на амбиент кој се базира на периодот од Втората светска војна. Приказната е сместена при крајот на војната, во 1944 година кога одредена група германци се затворени во еден рудник барајќи некаква руда. „Така заробени во тој простор, би рекол Дуковски со својот најнов текст, асоцира по начинот на пишување на она што го прави Јонеску во „Затворениот круг“, на неможноста да се излезе...

Continue reading

hamlet

Пикантно издание на Шекспировиот „Хамлет“ утревечер на Охридско лето

Post Views: 8 Урнебесно комична верзија на Шекспировата класика „Хамлет“ утревечер на програмата на Охридско лето. „Хамлет во пикантен сос“ е комедијата со која за прв пат на Охридско лето ќе настапат и театарот „Комедија“ од Скопје, но и режисерката на оваа претстава, Александра Кардалевска. Според неа, „Хамлет во пикантен сос“ е претстава која создава амбивалентен однос кон животот, храната и смртта. „Истата таа приказна е ставена во други околности. Имено дејството се случува во кујната на дворецот, мрачниот дворец „Елсинор“ каде што главниот готвач Фроги, ги прави сите сплетки...

Continue reading

press Ohridko leto

„Мизантроп“ од Молиер ќе биде првата премиера на Охридско лето

Post Views: 2 „Мизантроп“ на текст на Жан Батист Поклен-Молиер, а во изведба на Турскиот театар од Скопје, на репертоарот на Охридско лето утревечер. Ова ќе биде првата од шесте премиери на Охридско лето. Селекторот на драмската програма Ѓорѓи Јолески не го криеше своето задоволство што токму  Турскиот театар од Скопје ќе ја одигра првата премиера на овогодинешното издание на фестивалот. „Турскиот театар е карактеристичен токму по младта актерска екипа која неколку години го освојува Турскиот пазар не само во Македонија туку и на светските театарски сцени“, вели Ѓорѓи Јолески, драмски...

Continue reading

pretstava

„Кога бев мртов“-бурлеската без текст го отвора драмскиот дел на Охридско лето

Post Views: 5 Драмскиот дел од 53то издание на Охридско лето ќе добие немо но нималку тивко отворање. Несекојдневната претстава „Кога бев мртов“ работена според немиот филм на Ернст Љубич, ќе ја има задачата да ја насмее присутната публика. Претставата нема текст, па актерите своите улоги ќе ги одиграат со изразување преку телото. Поради тоа, според режисерот Диего де Бреа оваа претстава отвора нови полиња на изразување во театарот. „Приказната не е некоја драмска класика. Тоа е приказна за еден обичен, но невозможен однос помеѓу машко и женско кои на секој начин се одвојуваат за...

Continue reading

DmitriHvorostovski

Дмитри Хворостовски вистинскиот избор за „Охридско лето“

Post Views: 0 Сибирскиот баритон Дмитри Хворостовски го отвора овогоиднешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Човекот кој првите музички чекори ги направил свирејќи во еден  хеви метал бенд и би одбил 1 милион долари да и се врати на поп музиката, па таа понуда да доаѓа и од Мадона, пристигна во Охрид. Заедно со својот син Максим, а во придружба на диригентот и негов личен пријател Константин Орбелиан, не го криеше задоволството што ќе биде дел од свечената церемонија на оваа реномирана музичко-сценска манифестација. „Многу сум среќен поради тоа што збороувам не само во свое...

Continue reading

maketa

Започна првата летна архитектонска школa

Post Views: 0 Триесеттина студенти по архитектура и дизајн, во наредниве седум дена ќе учествуваат на првата „Летна Школа за архитектура и дизајн Охрид 2013“. Студентите ќе имаат задача да го осмислуваат визуелниот идентитет на три локации од нашиов град. Викторија Ермеева  декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Американскиот колеџ од Скопје, објасни дека сите архитектонски, дизајнерски и визуелни интервенции во просторот,  ќе бидат презентирани на самиот крај од школата. Изготвените решенија ќе и бидат понудени на локалната самоуправа, како почетни идеи за реализација на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top