Ознака: Охридско

ох лето

На Охридско лето концерт од опусот на композитирот Томислав Зографски

Post Views: 16 На програмата на Охридско лето вечерва е концерт посветен на творечкиот опус на македонскиот композитор Томислав Зографски. Зографски  е еден од основоположниците на македонската композиторска школа. Концеротот е во знак на одбележување на 80 години од неговото раѓање.  Вечерва во Св. Софија настапуваат покрај искусни музичари  етаблирани на македонската музичка сцена, како флејтистот Страшо Темков,  и талентирани студенти како виолинистот, охриѓанецот  Ѓорѓи Петровски. Целиот креативен  век професорот  Зографски го посвети работејќи со студентите и остави композиции ...

Continue reading

mrvica

Концертoт на виртуозот на пијано, Максим Мрвица, исфрли на површина повеќе организациони фалинки

Post Views: 10 Хрватскиот пијанист Максим Мрвица на сите кои саботата навечер беа на „Антички“ им приреди едно незаборавно доживување. Овој виртуоз на пијано кој настапи во рамките на фестивалот „Охридско лето“  на начин препознатлив само за него изведе кросовер композииции од своите десет албуми, како и еден помал блок класична музика и ја стана публиката на нозе. Овој концерт по се изгледа ќе се вброи во еден од најдобрите на овогодинешното фестивалско издание. Но, зачуди фактот што и за еден ваков светски настан античкиот театар пред почетокот на концертот остана полупразен па...

Continue reading

granati

Во охридско пронајдени гранати од Прва светска војна

Post Views: 5 Тринаесет артилериски гранати се пронајдени во Лескоец, охридско. До нив дошле работниците на скопската фирма Вардар вчера при вршење ископ за поставување на фекалната канализација во ова село. Тие веднаш прекинале со работа и случајот го пријавиле во полиција. Љупчо Прескакулов, од Дирекцијата за заштита и спасување вели дека веднаш после укажувањето од охридскиот сектор за внатрешни работи екипи излегле на лице место и ги извршиле сите потребни активности за детектирање и деактивирање на убојните средства. Според него станува збор за неексплодирани  гранати со калибар...

Continue reading

Zdrelo

Трагикомичната фарса „Ждрело“-претстава за алчноста на современото општество

Post Views: 3 Урбаната бајка за консумеризмот и потрошувачкото општество „Ждрело“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, утревечер на програмата на Охридско лето.  Оваа трагикомична фарса како што ја опиша режисерката Зоја Бузалковска говори за алчноста на материјалистичко-лакомиот свет кој е присутен глобално. Директорот на Драмскиот театар, Роберт Велјановски, вели дека Драмски втора година со ред игра премиери на Охридско лето. „Не постои национален театар без национална драма. Оттука Драмски, секоја година изведува драмски текстови на домашни автори, Драмскиот театар промовира...

Continue reading

Cetkar

Четкар му го честита роденденот на Аквариус со извонреден концерт

Post Views: 7 Како подарок за 23тиот роденден на култното охридско кафуле “Аквариус“, синоќа свој концерт одржа светски познатиот џез гитарист Владимир Василески – Четкар, охриѓанецот кој со својата гитара и насмевка го плени светот. Негово музичко друштво синоќа беа и Оли Јосифовски на бас и Гоце Стевковски на тапани. Веќе неколку години наназад Четкар, еден од најперспективните домашни џез музичари, на овој ден настапува во „Аквариус“ а покрај многубројната охридска публика еден од неговите најверни фанови е и Претседателот на република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Синоќа пред публиката...

Continue reading

отело

Драмскиот дел на Охридско лето започнува со претствата Отело

Post Views: 2 Со претставата Отело актерите на битолскиот народен тетар го заполчнуваат драмскиот дел на фестивалот Охридско лето. Младите актери од битолскиот театар ја подготвувале претствата под режисерското водство на Диего де Бреа. Костимите се дело  на Благој Мицев. Мицев е здоволен од соработката со режисерското име на де Бреа. „ Тој за нас беше исклучително искуство,  режисер што се случува еднаш на неколку години. Де Бреа  успеа да ги повлече работите и во организација и во идеја, визуелно,  и на се она што го работиме. Отело е една претстав која на многу нивоа ги поместува...

Continue reading

Barbara Fritoli

„Охридско лето“ по 54-ти пат

Post Views: 8 Охрид и годинава ќе ги собере уметниците од сите страни на светот, а македонската и светската публика во наредниве четириесет дена ќе ужива во нивната интерпретација на уметноста. Палењето на фестивалскиот оган на античкиот театар во Охрид и годинава го означи почетокот на уште едно, 54-то по ред „Охридско лето“. Честа да ја отворат оваа најголема музичко – сценска манифестација во земјава годинава им припадна на италијанските оперски ѕвезди, Барбара Фритоли и Лео Нучи. Пред публиката која традиционално го следи македонскиот синдром да доаѓа пред самиот почеток...

Continue reading

priem vila Biljana

Оперските ѕвезди Фритоли и Нучи на средба со претседателот Иванов

Post Views: 1 Покровителот на фестивалот Охридско лето, претседателот Ѓорѓе Иванов организираше прием за оперските ѕвезди Барбара Фритоли и Лео Нучи во вилата Билјана во Охрид.           Атрактивната сопранистка и еден од најдобрите баритони на денешницата, вчера по слетувањето на аеродромот Свети Апостол Павле заминаа во претседателската вила.           Претседателот Иванов на средбата им раскажал за историјата на Република Македонија, ги запознал со историјата на Охрид, како и со легендите за нашиот град. Високите гости се воодушевиле од убавините што ги виделе од терасата на...

Continue reading

aerodrom

Пристигнаа ѕвездите што ќе го отворат Охридско лето

Post Views: 2 Пристигнаа звездите на 54 тото издание на реномираниот фестивал Охридско лето, сопранистката Барбара Фритоло и баритонот Лео Нучи од Италија. Светски познатите уметници не го криеа задоволството што се во Охрид. Првите впечатоци ги добиле летајќи со приватниот авион над Охридското езеро. „Многу сме среќни што сме овде, прв пат сме во вашата земја мило ни е што ја имаме оваа можност да настапиме пред публиката во оваа прекрасна земја – вели Фритоли. Сите ми кажуваа дека ова е прекрасно место со убаво езеро и навистина е така. Ви ветувам дека утре ќе ви приредиме...

Continue reading

fakel oh leto

Oхридските пратеници на гости во „Охридско лето“

Post Views: 3 Oхридските пратеници Александар Николовски и Сашо Василевски гости во „Охридско лето“. Тие со директорката на фестивалот  Елизабета Јанкуловска при посетата разговараа за условите и начинот на работа на оваа национална установа, како и за напорите што се прават за уште едно успешно фестивалско издание. Констатирале дека фестивалот од година во година е се поуспешен бидејќим ги носи најголемите светски имиња од светот на културата во Охрид. – Предизвикот што го имавме минатата година со добивање на највисоката награда за туристички настан за 2013 година за нас беше...

Continue reading

Dolni Saraj

Срушена огрaдата пред Долни Сарај

Post Views: 4 Срушена огрaдата  пред Долни Сарај. На овој простор Локалната самоуправа ќе гради паркинг простор наменет, како што кажуваат, за жителите на Варош. 30-тина паркинг места ќе добијат жителите кои од неодамна не смеат да паркираат околу источниот и јужниот дел од црквата Св. Софија. Граѓаните ќе добијат доволно, бесплатни паркинг места за нивни потреби. Секое паркинг место ќе биде обележано со  број  и жителите точно треба да знаат кое место им припаѓа. Зеленилото и дрвјата нема да се сечат. Само ќе се оплеменува овој простор и ќе се постават бекатон плочки, најавува директорката...

Continue reading

Охрид Преспа

Охридско-Преспанскиот биосферен резерват доби заштита под Унеско

Post Views: 1 Регионот Охрид Преспа прогласен за  биосферен резерват под заштита на Унеско. Вчера  во Шведска беше донесена едногласна одлука овој  биосферен резерват и официјално да стане дел од семејството на УНЕСКО.  Стручната комисија на Унеско од 50 -тина апликации од различни земји во светот прогласи 13, меѓу кои и Охридско преспанскот регион распослан во двете соседни држави Македонија и Албанија, потенцира  Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро. Паноски нагласува  дека  сличните  заштитени резервати во светот најчесто овие подрачја ги  користат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top