Post Views: 0
Mалолетник од Охрид со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка вршел незаконит риболов на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“.
Тој бил затекнат во рибокрадство вчера од страна на патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор, информираат од СВР. На малолетникот одземена му била подводната пушка, одело, маска и други предмети за нуркање. Неодамна пак,...
Post Views: 2
„Зборникот за Охридското востание“ после долгогодишни подготовки денес промовиран пред охридската јавност. Ова дело произлезе од минатогодишниот научен собир што се одржа во Охрид и Дебар по повод 100 години од избувнувањето на Охридско-дебарското востание. Во зборникот се опфатени единаесет реферати во кои е обработено охридско- дебарското востание во кое учествувале од 2500 до 5000 жители од овој крај, од кои голем број биле албанци. Во востанието биле уништени и запалени стотина села и 1000 куќи.
Ова востание не беше промовирано во нашаат историја и покрај тоа што...
Post Views: 2
Познатиот охридски бренд, АД Жито леб успешно ги освојува пазарите во соседните земји. Од таму велат дека во моментов, вистински хит на српскиот пазар се нивните познати охридски ѓевречиња, но додаваат дека до крајот на годината ќе почнат со извоз и на уште еден препознатлив свој производ, односно со производната линија апетисимо.
„Сигурно дека најпрво отидовме со нашиот бренд, кој вие добро го знаете, нашето охридско ѓеврече кое го имаме во две варијанти, како бело охридско ѓеврече и ржано охридско ѓеврече. Пробавме на пазарот во Србија, засега сме успешни и се надеваме...
Post Views: 4
Во акцијата за деминирање на дното на Охридското Езеро која заврши денес извадени се околу 7 тони оружје или 3.500 неексплодирани убојни средства.Од нив 2850 се со голем,а останатите со помал калибар. „Убојните средства потекнуваат од Балканските,од Првата и Втората светска војна, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Тој додаде „Извадивме се што пронајдовме, но вакви акции ќе има и понатаму. Во иднина езерото ќе го чистиме во поголема длабочина и тоа кај местата Калишта, Радожда Пештани и кај плажата “Кадмо”,изјави директорот на Дирекцијата...
Post Views: 3
Започнаа подготовките за проширување на НУ библиотека „Григор Прличев“. Со тоа се реализира одлуката на Владата на РМ донесена уште пред една година, а со која просториите каде моментално функционира НУ фестивал„Охридско лето“ и беа доделени на библиотеката на трајно користење без надомест.
Ние изминатиов период распишавме јавен оглас за спроведување тендерскам постапка на која беше избран економски оператор односно фирма која даде најповолни услови и која од комисијата за јавни набавки во библиотеката беше избрана како најдобар понудувач. Фирмата во наредниов период...
Post Views: 4
Дрвокрадци ги пустошат шумите во охридско-струшкиот регион. Дивата сеча години наназад е доброорганизиран бизнис од кој одлично се профитира. Организирани групи собираат големи количини огревно дрво кое со патнички, теренски и товарани возила најчесто го превезуваат ноќе и го продаваат по многу пониска цена од онаа на пазарот. Според граѓаните кои биле очевидци најмногу дрвокрадци има на планината „Петрино“и тоа над селото Велгошти. Се сечат сите видови дрва, но најмногу се сече бука, велат тие. Според Секторот за шумска полиција при Министерството за земјоделство шумарство...
Post Views: 0
Избрано идејното решение за изгледот на новата плажа на Охридското езеро во општина Дебрца. На анкетата објавена од Министерството за транспорт и врски на која граѓаните можеа да гласаат за вкупно пет идејни решенија за плажа на Охридско Езеро во општина Дебарца, избраното решение добило 56 % од вкупниот број гласови. Плажата во должина од 500 метри се наоѓа во атарот на селото Оровник во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
Според избраниот проект ова мало делче од охридското крајбрежје ќе добие атрактивен лик со модерна и помалку футуристичка плажа во...
Post Views: 0
Поранешниот градоначалник и актуелен советник во Советот во Дортмунд, Германија, Рутиге Шмит, во работна посета на Охрид. Тој оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Германскиот советник со став дека денешната средба претставува добар почеток за широка и долгорочна соработка помеѓу двата града. Градоначалникот Бакрачески нагласи дека постои реална потреба за една ваква соработка во повеќе сфери што е и цел на денешната протолколарна средба. Додаде дека таа соработка во иднина би дала долгорочни резултати помеѓу Охрид и Дортмунд.
„Разговаравме за можностите...
Post Views: 3
Со претставата „Роденденот на господин Нушиќ“ завршува 54 -то издание на Фестивалот Охридско лето. Директорката заедно со музичкиот и драмскиот селктор направија ретроспектива на сите 54 музички и театарски гостувања на врвни уметници, пропратени со низа новитети кои фестивалот го доближуваат до публиката. Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкулоска ги наведе бројните проекти во таа конотација како што се нови технолошки содржини, нови простори и поставување на кровна конструкција на двата најзначајни простори каде што се изведува дел од фестивалската програма...
Post Views: 5
претставата Роденденот на господинот Нушиќ завршува 54- тото издание на Фестивалот Охридско лето.
„ Роденденот на господинот Нушиќ “е претставата со која завршува годинешното издание на Фестивалот Охридско лето. Со гостувањето на актерите од белгардскиот Звездара театар се одбележува јубилејот 150 години од раѓањето на комедиографот Бранислав Нушиќ кој оставил силен белег во драмската литертура на балканските простори. Текстото на Душан Ковачевиќ, „ Роденденот на гоподин Нушиќ“ кој ќе се игра вечерва на сцената во Центарот за култура, донесува потполно нови непознати...
Post Views: 1
По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“. По тој повод вечерва концерт ќе одржат пијанистите од Франција – Уго Леклер и Елен Котино-Коен.Леклер е француски пијанист кој изградил многу успешна кариера, настапувајќи во најпрестижните концертни сали со реномирани оркестри. Дипломирал пијано, музичка теорија и камерна музика со високи одликувања. Настапува како солист и камерен музичар, а неговиот репертоар го сочинуваат дела од речиси сите епохи. Вечерва заедно со својата колешка ќе изведат дела од Дебиси, Пуланк и Стравински.
–Навистина сум среќен што имам...
Post Views: 6
Српскиот виолинист со светска слава Немања Радуловиќ настапува на вечерашното 54-то роденденско издание на Фестивалот Охридско лето. Заедно со Радуловиќ вечерва ќе настапуваат и францускиот гудачки квинтет „Ѓаволски трилери“ и пијанистката Лор Фавр Кан. По синоќешната генерална проба на антички театар уметниците се воодушевени од амбиентот. Денес со големо нетрпение го очекуваат вечерашниот концерт. „ Едвај чекаме да излеземе на сцена да свириме. Со колегите од Ѓаволски трилери и пијанистката Лор Фавр Кан , соработувцаме повеќе од 10 години. Посебно за овој настан...