Ознака: охридската

Охридската национала установа Завод и музеј ќе врати срeдства само за еден нереализиран проект

Post Views: 0 Установите од културата неискористените средства за реализаиција на проекти ќе треба да ги вратат до крајот на годинава. Охридската национална установа Завод и музеј не реализирала само еден проект заради пандемијата од нацрт годишната програмата за реализација на проекти на Националните установи. Во 2020 година НУ Завод и Музеј конкурирале со 21 проект. Од нив 13 биле од областа на заштита на културната наследство, 5 од музејската дејност, 2 од областа на меѓународна дејност и еден проект од областа на визуелна уметност, архитектура и дизајн, информира Даниела Недељковиќ...

Continue reading

Забрзано се полнат болничките легла со пациенти со COVID 19 во охридската и струшката болница

Post Views: 0 Капцитетот на струшката општа болница за примем на пациенти со ковид 19 е исполнет.  На интерното одделение каде се примаат заразените пациенти има само 10 кревет и а во моментов таму се хоспитализирани 13 пациенти. Од раководството  стравуваат дека бројот на  ковид позитивни на кои ќе им треба болничка нега ќе расте а  можностите за ослободување друг дел се ограничени. „Ситуацијата е алармантна и се разработува план Б, ако дојде до пораст на бројот на болни.  Се надеваме на монтажната болница која треба да ја добиеме. Ако не ја добиеме, ние размислуваме за втора опција....

Continue reading

Учениците и наставниците од охридската гимназија подготвени во случај на елементарни непогоди

Post Views: 10 Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, вчера во Средното општинско училиште „ Св. Климент Охридски” во Охрид се спроведе показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес.Вежбата има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди. Показната вежба се спроведува согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата за практично...

Continue reading

Нови наслови во охридската Библиотека

Post Views: 0 По еден мал застој поради Ковид -19 НУ Библиотека во рамките на Годишната програма отпочна со збогатување на книжниот фонд. Од недела во недела континуирано како што Одделението за обработка ќе го заврши својот дел од работата ви ги преставуваме новите наслови кои ќе можете да ги побарате и да ги прочитате ако сте член на установата. Од овој месец достапни се хрониките на Боб Дилан, „Разделба“ на Силвија Арси, „Килибар и свила на Неџма, „Голмите скиачи“ на Меодија Фотев и многу други.

Continue reading

9 нови наслови за деца во Охридската Библиотека

Post Views: 2 И оваа среда неделниот преглед на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е отстапен за литературата за деца и млади. На одделот за зајмување читателите ги чекаат уште девет наслови. „Свадбата на Ежо и Ежа“ од Александар Кујунџиски, Збирката од група автори „За Денот на детето“ издание на Вера Б Самарјанин, „За сите деца“ од Вера Лилиќ и „Тино од мојот влез“ од Жарко Кујунџиски. Посебен интерес кај читателите се очекува да предизвикаат петте книги од авторката Пола Харисон во кои главен лик е девојчето Кити и се прикажани нејзините згоди и незгоди со...

Continue reading

Министерот за здравсто Венко Филипче во работна посета на охридската Општа болница и специјалната Св. Еразмо

Post Views: 1 Венко Филипче, министерот за здравство се сретна со охридските лекари и медицински персонал во ЈЗУ Општа болница и специјалната Св Еразмо Охридски и ги слушна од прва рака проблемите со кои се соочуваат за време на епидемијата на Ковид 19. Министерот е задоволен како досега охридските лекари и медицински кадар се справуваат со целокупната ситуација при лекувањето на пациентите и при тоа им искажа благодарност. За секојдневниот голем број на позитивни пациенти со Ковид 19, Филипче кажа дека засега се прават пошироки тестирања, со кои навреме се предвидува притисокот на...

Continue reading

„Дениција“повторно пред охридската публика

Post Views: 5 Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз,Франција, во четврток на 23 Февруари во 20:00 часот, во Центарот за култура Охрид, повторно ќе се прокажи драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски. Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006)....

Continue reading

Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19

Post Views: 0 Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19, информира Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница, по вчерашната најава на министерот за здравство д-р Венко Филипче дека повеќе нема место во Клиничката болница во Битола. Директорот Балевски кажува дека охридската болница има стручен и материјален капацитет за справување со новонастаната состојба. Во Општа болница Охрид е повторно направена нова реорганизација за згрижување на пациентите од охридскиот регион. На инфективното одделние има пациенти на различна возраст од 40 до 80 години, информира...

Continue reading

Во охридската градинка немаат официјално известување кога ќе биде спроведен скринингот зa КОВИД – 19 на вработените

Post Views: 2 Во објектите на охридската градинка  „Јасна Ристеска“ веќе втора недела интензивно се работи на подготовки за отворање и враќање на дечињата во установата. Деновиве се врши генерално чистење и темелна дезинфекција на сите пет објекти на градинката, информира директорката Мери Рилкова. „ Почнувајќи од минатата недела во сите објекти спроведуваме темелно  генерално чистење  Се врши темелно чистење на занимални, помошни простории, на кујна, на играчките, дидактичкиот материјал во занималните. “- Рилкова,  директор на ЈОУДГ Јасна Ристеска, Охрид. До крајот на неделава...

Continue reading

Од охридската ТППЕ апелираат до граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата

Post Views: 4 Охридските пожарникари секоја година во овој период се соочуваат со интервеници на отворени пожари кои ги предизвикуваат граѓани кои ги палат на нивите за да се ослободат од сувата вегетација, вели Спасе Прентоски командир на ТПП. При тоа запалениот оган им бега од контрола и ја загрозува околината, напоменува командирот Прентоски. Апелира граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата, а посебно да се внимателни на излетиштата доколку нема карантин за време на Првомајските празници. „Доколку бидеме ослободени и овој викенд на 2 мај се искористи како излетнички...

Continue reading

Опаднат е прометот и пратките во охридската пошта

Post Views: 2 Пандемијата со корона вирусот негативно се рефлектира и врз финансиското работење и прометот на поштенските услуги во охридската поддружница на Македонски пошти. Охридската пошта работи редуцирано заради заштита на своите вработени, информира директорот на подружницата Раим Бајрами. „Уплатата и исплатата ние опадната за околу 20 посто. Исто така и поштенските услуги, пратки и писма и тие се намалени за околу 20 посто “, информира Бајрами. Поштенските пратки функционираат нормално во рамките на државата додека со странство во моментов се одвиваат само со неколку земји....

Continue reading

Зголемен бројот на повици во охридската итна медицинска помош

Post Views: 8 Граѓаните деновиве многу почесто од вообичаено го вртат бројот на Итната медицинска помош. Зголемениот број на повици се однесуваат на здравствени проблеми од кои граѓаните креваат паника, вели д-р Ајсел Зејноска, директорот на Здравствен Дом. „Дуплирани се повиците затоа што граѓаните паничат викаат за обична настинка, зголемена температура, вртат на 194, тимовите на итна медицинска помош се должни да дојдат на повик, ги смируваат пациентите. Апелирам да сите да се смират, трезвено да се придржуваат на сите препораки на министерството за здравство и се ќе биде во ред,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top