Ознака: охридската

Охридската општа болница повторно се полни со пациенти со тешка клиничка слика на Ковид 19

Post Views: 3 Граѓаните се опуштија, се  организираат забави и дружење и токму затоа Охрид е на второ место во земјава по број на новозаболени од корона вирусот. Во моментов во општината има  397  активни случаи, но лекарите стравуваат од нов бран. Особено загрижува британскиот сој на вирусот кој  е за 70% позаразен а беше откриен кај охриѓанец кој се лекуваше во охридската болница.  „Добиваме  пaциенти кои се стварно со тешка клиничка слика, така да се уште  работиме по таа истата програма  како на почетокот. Пациентите се распределени на трите оддели на интерно, инфективно, геријатрија....

Continue reading

Нови книги за деца и возрасни во охридската градска библиотека

Post Views: 8 Оваа среда НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во изборот на книги ви нуди уште девет нови наслови кои со сигурност ќе го привлечат вашето внимание. Библиотеката подеднакво внимава да набавува нови наслови и за деца и за возрасни се разбира според понудената продукција од нашите македонски издавачи. Децата и учениците уште од денеска можат да ги позајмат: „Мојата ризница со бајки за принцези“ во издание на Просветно дело, „Малечката библиотека“ од Елинор Фарусон – НАМАПРЕС и „Сонувалко“ од Сања Михаиловиќ – Костадиновска, издавач Бегемот. Во одделот за зајмување...

Continue reading

Поставена е модуларната болница во кругот на охридската болница

Post Views: 2 Поставена е модуларната болница во дворот на охридската Општа болница. Новата болница има површина од 1.000 м2 и 40 легла за пациенти. Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата „МН-АС Констракшн“ од Струга, за реализирање на градежните активности. На просторот каде се поставуваат монтажните објекти претходно беше извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, се постави водоводна и канализациона мрежа и се спроведоа приклучоци за...

Continue reading

Охридската општа болница ќе се подновува со современа медицинска апаратура

Post Views: 4 ЈЗУ Општа болница Охрид ќе ја подновува старата медицинска апаратура. Во тек е тендер за набавка на апарат за ласерско кршење на камења во бубрезите. Современиот апарат чини околку 220.000 евра. Ќе има примена за хируршко лекување на пациентите, информира д-р Горан Балевски, директор на општа болница. „Тоа е комплетен столб со 4К за ендоскопски, лапараскопски и за ласер хирургија кој ќе може да се користи на повеќе одделенија, хирургија и гинекологија. Но, акцент е сепак на уролошкото одделение за да може да се работи бидејќи досега луѓето одеа на лекување во приватни...

Continue reading

Од охридската општа болница стравуваат од притисок врз здравствениот систем по претстојните празници

Post Views: 2 Сто пациенти се лекуваат во ковид центарот во општа болница Охрид во моментот. Половината од пациентите кои се на болничко лекување со потешка клиничка слика се на кислородна поддршка. Засега има слободни кревети, лекови и кислородни боци инфромира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Опша болница Охрид. Директорот е сепак загрижен од неизвеснит тек на пандемијата по претстојните новогодишни и верски празници. Повикува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот и да не се групираат. „Искрено стравувам многу сега почнуваат празниците. Охрид од Св Никола до...

Continue reading

Охридската болница најавува изградба на систем за снабдување со течен кислород за сите одделенија

Post Views: 1 Изградба на систем за снабдување на течен кислород за сите болнички одделенија, најавува д-р Горан Балевски директор на општа болница Охрид. Довод на течен кислород има само во ново изградениот хируршки блок. Стариот дел на охридската болница и болничките павилјони се без централен довод на кислород. „Се обидуваме со градоначалникот да направиме еден систем на течен кислород кој би го обезбедил како донација општината. За наредните 50 години болницата да добие течен кислород. Тоа би биле големи танкери од кои ќе го добиваме кислород во течна форма. Со посебен систем...

Continue reading

5 нови наслови во Охридската Библиотека

Post Views: 1 Од денеска на пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ве очекуваат уште пет нови наслови издание на „Матица македонска“ од Скопје. Се работи за следните наслови кои со согурност ќе побудат интерес кај читателската јавност. „Госпоѓица Коко и мирисот на љубовта“ од Мишел Марли, „Не сум виновна“ од Јелена Бачиќ – Алимпиќ, „Загубената сестра“ од Лусинда Рајли, „Призрак во ноќта“ од Тес Теритсен и „Од името на семејството“ од Сара Дунант. И покрај постојаните набавки и збогатувањето на фондот со нови наслови НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид...

Continue reading

СЕ ИНТЕНЗИВИРАА ПОДГОТВИТЕЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО СКЛОПОТ НА ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА

Post Views: 0 Општина Охрид ги започна градежните активности за подготовка на просторот во болничкиот комплекс каде што ќе биде поставена Модуларната болница за третман и лекување на пациентите со КОВИД 19. Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата “МН-АС Констракшн” од Струга, за реализирање на градежните активности. На просторот каде што ќе бидат поставени монтажните објекти ќе биде извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, ќе биде извршено...

Continue reading

Охридската гимназија Св Климент Охридски го одбележа патронатот на школото

Post Views: 1 Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патронатот на школото. Се случи ковид кризата која меѓу двата патронати  ни го промени начинот на работа со далечинско учење. Наместо во училиште наставата се одржува од дома, според националната платформа, но успешно се вклопивме во новиот начин на работа и учениците и професорите, информира Весна Цветкоска директор на СОУ Св Климент Охридски. „Многу успешно се снајдоа во таа ситуација посебно од 1 октомври од кога започна новата учебна година кога се вклучивме без поголемни проблеми на Националната платформа во наставата...

Continue reading

Охридската Гимназија го одбележува својот Патрон – Свети Климент Охридски

Post Views: 1 Oва година нашиот Патронат, денот на светиот учител Св. Климент Охридски, го прославуваме на еден поинаков начин. Во време на светска пандемија овој наш ден , денот на нашето училиште му го посветуваме на великанот на македонската лингвистика и литература Блаже Конески. Македонија ја прогласи следнава година, за година на Конески, еден век од неговото раѓање. Во чест на нашиот свет учител и великанот Конески , учениците од нашето училиште преку видео линкови со снимени рецитации, музички и ликовни творби се вклучуваат во нашето чествување. Нека ни е честит денот, вечно...

Continue reading

Нова неделна понуда на книги во охридската библиотека

Post Views: 2 Во новата, неделна понуда од нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ овој пат доминираат македонски автори и Достоевски со четирите тома – руска класика „Браќата Карамазови“. На пултот за издавање уште денеска можете да ги побарате и следниве наслови: „Светли и темни ѕвезди во душата“ од Јован Стрезовски, „АОА“ од Борис Јанков, „Тајната на Алексови“ – семејна сага за три генерации од Наде Стоиљковиќ „Моќта на словото“ од Радослав Љубиќ и Силвана Јакимова и романот „Проклетството на Палмизанови“ од Рафал Надал. Годишна членарина во библиотеката, за возрасни е 300...

Continue reading

Во моментов 111 пациенти се болнички згрижени од ковид 19 во охридската општа болница

Post Views: 2 Во Општа болница Охрид се лекуваат 111 пациенти од ковид 19 во моментов, информира директорот на болницата д-р Горан Балески. Во болницата има 5-6 слободни кревети во зависност од бројката на отпуштени и излекувани пациенти во текот на денот. Луѓето кои се лекуваат во општа болница се на возраст од 35 до 90 години. Имаме 40 паценти кои се на кислородна поддршка, а 20 тина пациенти се со потешка клиничка слика. „Сепак 111 паценти да примите не е лесно лекувањето. Во саботата имавме потрошувачка од 50 боци кислород. За еден ден, во текот на 24 часа беа потрошени по 40...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top