Ознака: одбор

strajk

Штрајк во охридската Гимназија

Post Views: 12 Половина од професорите од охридската гимназија денес не ги одржаа часовите. Тие ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески објаснува дека наспроти гласините дека штрајкот не е најавен, тој вели дека е легитимен бидејќи тие ја испочитувале законската процедура за негово пријавување  со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката во петокот, пред назначувањето на новиот директор Звонко Трпески...

Continue reading

gimnazija

Штрајкувачки одбор гимназија: „Во понеделник ќе има штрајк“

Post Views: 1 Од понеделник  во охридската гимназија ќе штрајкуваат професорите кои ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески, кој денес беше надвор од градот, во телефонски разговор за ТВМ открива дека тие законската процедура за пријавување на штрајкот ја испочитувале со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката вчера, пред назначувањето на новиот директор била доставена и потпишана од досегашниот...

Continue reading

direktori skoli

Училишните одбори од гимназија и економски наредната недела со предлог за директор на двете институции

Post Views: 11 „Се работи за строго утврдена законска постапка во која што ние како чинители во тој процес едноставно немаме право на мешање во автономијата на училиштата во тој дел. Тоа е исклучиво надлежност на училишниот одбор кој што треба да ја донесе одлуката. Мислам дека заврши огласот согласно динамиката предвидена со закон, во текот на наредната недела, мислам дека треба да излезат со конкретен предлог.“-вели секретарот на општината, Димитар Спасески. {loadposition content9}

Continue reading

svr

Уште една, трета по ред кривична пријава за поранешниот градоначалник на Охрид

Post Views: 4 „Поранешниот градоначалник и поранешниот директор на јавното претпријатие „Билјанини извори“, спротивно на Законот за градежно земјиште и спротивно на одлуките на Советот, донесле одлуки за издавање на времен закуп од пет години на 308 паркинг места во централното градско подрачје на приватен закупец. Воедно пријавениот поранешен градоначалник и поранешен директор, извршиле влијание врз претседателот и членови на управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“, да овозможат донесување на одлука со која се намалува висината на тогашната цена за закуп на паркинг просторот во...

Continue reading

svecen rucek

Охриѓани масовно се собраа на градскиот плоштад да запалат свеќа и да се помолат пред свети Димитрија

Post Views: 4 Врнежливото време не ја поколеба вербата на охриѓани. Денес, огромен број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден. И годинава, веќе традиционално се организираше ручек за верниците кои се собраа на градскиот плоштад. „Многу убаво е. Луѓето се весели, да доаѓаат, да си го прослават, да остане од прадедо празникот и да не чува сите. Прво младите да се здрави и живи и да им даде Господ среќа, пари, работа, дечиња, кој...

Continue reading

sonk

Охриѓани повторно кажаа „не“ на штрајкот на СОНК

Post Views: 7 Десетици членови на охридскиот огранок на синдикатот за образование наука и култура денеска излегоа на мирен протест пред просториите на СОНК во Охрид. Тие изразија револт против намерата на претседателот на СОНК Јаким Неделков за разрешување на претседателот на охридскиот регионален огранок Аце Речкоски. „Претседателот Јаким Неделков дојде со намера да ја побара мојата оставка, со што не беше удостоен, значи нема јас сега да ја поднесам мојата оставка, или пак побара да има мое разрешување на Советот на СОНК“– вели Речковски. Неделков побарал оставка од Речкоски...

Continue reading

rakomet

РК Охрид подготвен за супер лигата

Post Views: 6 РК „Охрид 2013“ на само еден ден пред почетокот на ракометната супер лига за мажи, подготвен е за успешен старт. Димитар Спасески претседателот на клубот во име на Управниот Одбор кажа дека главната цел минатата година била остварена, односно обезбедиле опстанок на клубот во рамки на супер лигата. „РК Охрид 2013 АД“ оваа година влегува со поголеми амбиции од минатата година како резултат на тоа зголемен е буџетот од страна на локалната самоуправа и бизнис заедницата која го поддржува клубот. И сакма да изразам голема благодарност до градоначалникот Бакрачески и Локалната...

Continue reading

sonk

Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември

Post Views: 1 Охридскиот регионален СОНК не дава поддршка за штрајк на 29 септември. Охридскиот регионален одбор на СОНК не го поддржува генералниот штрајк на 29 септември. Тоа е став на членството на регионалниот одбор по претходното изјаснување на синдикалните  организации.  Членството во Охрид брои околу 900 синдикалци , а од регионалниот одбор велат дека повеќето од нив биле против штрајкот или немале кворум за работа. Од 21 организација колку што ги има во регионот,  13 синдикални организации се во образованието, 4 во културата, 3 во високото образование и една во детската градинка....

Continue reading

zona b

Различни ставови околу тоа дали Советот треба да дава согласност на одлуката за промена на паркинг зоните

Post Views: 4 Советот на општина Охрид има надлежност само во давање на согласност на одлуките на Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ по однос на регулирање на цените вели претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. „Зонирањето на сообраќајниците, која во која зона ќе припаѓа е предмет на регулирање со правилник кој е интерен акт на ЈП „Билјанини извори“ и кој го носи Управниот одбор на јавното претпријатие без притоа да има потреба тој правен акт да поминува филтер на добивање на согласност на седница на Советот на општина Охрид.“-вели претседателката на...

Continue reading

atletika

Во криза атлетиката во Охрид

Post Views: 2 Управниот одбор на Атлетскиот Клуб, „Охрид“ ќе си поднесе колективна оставка, доколку во рок од 7 дена не се преземат мерки за надминување на финансиските проблеми, со кои овој клуб се соочува години наназад. Спортот што треба да е прв, е меѓу последните во Македонија. Базичен спорт, кралица на спортовите, основа за сите други спортови, така ја нарекуваат атлетиката во светот, вели Пецо Неданов. Тој додава дека немаат средства атлетичарите да ги пуштат на натпреварување а да не зборуваме за подготовки, опрема и некаков стимул.   „Управниот Одбор со овој проблем се бори...

Continue reading

logo

Кривична пријава за поранешен директор на МЈП „Проаква“ – Струга

Post Views: 13 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т.(53) од Охрид, поранешен директор на МЈП „Проаква“-Струга, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на претпријатието на седница на управниот одбор во 2009 година предложил поради превработеност и тешка материјална состојба да бидат прогласени 23 вработени како технолошки вишок во РЕ „Водовод“-Охрид која е дел од МЈП „Проаква“-Струга. Пријавениот ги довел во заблуда членовите на управниот одбор предлагајќи да донесат одлука на овие вработени противзаконито да...

Continue reading

alijansa

Бучковски: „Ние немаме 2046 проекти, ние имаме три, реално остварливи проекти“

Post Views: 5 Коалицијата за позитивна Македонија со митинг пред охриѓани. Вработувања, меѓуетничка толеранција, почитување на разликите, и владеење на правото, се дел од ветувањата и заложбите на кои вчера пред граѓаните се обврза оваа партија. Носителот на листата во втората изборна единица и претседател на главниот одбор на АПМ, проф. д-р Владо Бучковски, ги презентираше трите проекти кои според него се реални и остварливи, а за кои тие ветија дека ќе се заложат во новата влада.  Тие се однесуваат на развој на аграрот, поддршка на младите кои имаат добри бизниси со кредити во висина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top