Ознака: овој

sneg

Охрид под снег

Post Views: 10 Снег на средината од април. Е овој снег навистина не изненади. Граѓаните кои забрзано се подготвуваат за најголемиот христијански празник-Велигден за кој вообичаено имаме убаво сончево време, изненадено велат дека  според времето надвор како да доаѓа Божик. Снегот што од синоќа паѓа во поголемиот дел од западна Македонија формира покривка која на повискоите места достигна и до 40 сантимети. Во Охрид снегот не се задржува, меѓутоа снежна покривка и до 15 сантиметри е забележана во околните села и на повисоките места. Охриѓани загрижени за сопственото здравје поради големите...

Continue reading

logo

Требеништа денес попладне на кратко без струја

Post Views: 1 Oд ЕВН Македонија,информираат дека  денеска, 16-ти април, во периодот од 15:30 до 17:00 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од селото Требеништа. Од компанијата додаваат дека причина за прекините во снабдувањето со електрична енергија е реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион. {loadposition content9}

Continue reading

genetika

„Генетика на кучињата“ утре пред охриѓани

Post Views: 8 Претставата „Генетика на кучињата“ премиерно ќе биде изведена утре, 16ти април, во 20:00 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.  Овој пат „Аматер“ подготвија посериозен проект кој бара поголема одговорност од нивна страна, како и поголема екипа и организација на истата. Освен членовите на „Аматер“: Јован Цветкоски, Катерина Петреска, Томе Укоски и Леа Новеска, овој пат актерската екипа брои уште неколку членови: Звонимир Србиноски, Милан Србиноски, Никола Србиноски, Ирина Ристевска, Никола Буџакоски и Дарко Милески. Екипата која работи на подготовка...

Continue reading

Силување на место на кое најмалку се очекува такво нешто

Post Views: 0 Една од најпопуларните серии на игри “Grand Theft Auto” стана позната по тоа што играчите имаат на располагање богата палета на правење кривични дела – од грабежи до убиства. Но, тоа очигледно некому не му е доволно па се поиграле со кодот на играта и додале уште едно кривично дело – силување. Во овој вознемирувачки тренд, заљубениците во играта “Grand Theft Auto V” виртуелно силуваат аватари кои ги контролираат останатите играчи во онлајн играта, а потоа ги објавуваат на YouTube како доказ на својот “успех”. Овие виртуелни силувачи го измениле кодот на играта за да...

Continue reading

Постои начин како да го избегнете Facebook Messenger

Post Views: 7 Неодамна допишувањето од официјалната Facebook апликација е исфрлено, а голем број на луѓе се незадоволни со оваа промена и одбива да инсталира Messenger. Покрај ова,Facebook апликацијата, а и самиот Messenger, кој мораме да го инсталираме за да продолжиме со пишување пораки, уште повеќе ја троши батеријата и завзема простор од меморијата. Меѓутоа, за да пристапите до најпопуларната мрежа и без овие апликации, постои начин. Секој смарт телефон има инсталиран интернет пребарувач. Сé што е потребно е да појдете на мобилната верзија на Facebook (m.facebook.com), и да се...

Continue reading

blinker

Започна ловот на Охридската пастрмка и белвица со блинкер

Post Views: 0 Од овој месец започнува ловот со блинкер на влечење од пловен објект за Охридска пастрмка и Охридска белвица, информира концесиоенерот Пастрмка 2012. Блинкерот на влечење ќе биде дозволен во периодот од месец Април до месец Ноември, од 1(први) до 15(петнаести) во месецот, како и во ден недела и за Државни празници. Оваа година новина  е тоа што цената на дозволата за блинкер на влечење е намалена па така од досегашната цена од 800 денари сега дозволата же изнесува само 600 денари. Дозволите се издаваат во просториите на Концесионерот Пастрмка 2012 во стара барака на...

Continue reading

zdravstven dom

Светскиот ден на здравјето одбележан и во Охрид

Post Views: 5 Под мотото „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април – Светскиот ден на здравјето. Годинава овој ден е посветен на векторските заразни болести, кои се добиваат преку убод од инсекти. Од Светската здравствена организација препорачуваат дека е потребна контрола на преносителите (комарци, крлежи, песочни муви, болви…) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија. Светскиот ден на здравјето се одбележа и во Охрид. Здравствен дом Охрид имаше поставен пункт кај Чинарот. Лекарските екипи на граѓаните им мереа шеќер...

Continue reading

Се појави фотографија на iPhone6 во фабричко пакување

Post Views: 2 Иако iPhone6 е најавен за 9 септември и интернетот е преполн со бројни шпекулации и наводни фотографии, не постои причина да се поверува дека Apple ќе претстави нешто поинаку од сето она што сме имале прилика да видиме, а најновите слики одат во прилог на ова тврдење. Кога беше претставен iPhone5 малкумина беа изнeнадени. Неколку слики на овој телефон веќе наголемо кружеа по интернет, а се чини дека приказната кога е во прашање iPhone6 е иста. Иако имавме прилика да ги видиме наводните фотографии на овој уред, неодамна се појавија фотографии на новиот iPhone во продажна...

Continue reading

Blagovec

Празник на радосната вест и на пролетната убавина

Post Views: 7 Празникот Свето Благовештение, меѓу народот познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. се смета за тежок празник. некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв Велигден“. Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, или на 25 март според стариот календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец прв...

Continue reading

писмо

Да му помогнеме на Томче Костадиноски

Post Views: 3 Томче Костадиноски, четиринаесет годишно момче од населеното место Д. Седларце боледува од Душенова мускулна дистрофија (ДМД). И покрај сите извршени прегледи и лекувања во скоро сите  државни и приватни здравствени установи во нашата земја, констатирана му е мускулна дистрофија на ‘рбетот и колковите, за која кај нас нема соодветно лекување. Членовите на семејството во потрага по соодветен третман се обратиле до Медицинскиот центар за матични клетки “ВУ’’, Болница Шижентенг во Пекинг, Кина од каде што добиле позитивен одговор, односно овој центар кој е докажан во...

Continue reading

maz spie

Мажите не мислат само на секс !

Post Views: 1 Овој длабоко вкоренет мит конечно е разоткриен. Многу време се зборува дека патот до срцето на мажот е преку неговиот стомак. И навистина излезе дека е точно. Мажите поминуваат повеќе време мислејќи на храна – и спиење – отколку на секс, покажува нова студија. Мажите размислуваат за тие три работи многу почесто отколку што жените го прават тоа. Истражувањето открило дека, спротивно на општото мислење, мажите не мислат на секс секои седум секунди. Студијата била спроведена од професор Тери Фишер, психолог на универзитетот во Охајо. „Стереотип е дека мажите...

Continue reading

codefest

Викендов, второ издание на „Codefest“

Post Views: 4 Овој викенд на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по втор пат ќе се одржи програмерскиот маратон „Codefest“. Овој настан, уникатен по својата природа, претставува маратон во програмирање на кој непрекинати 32 часа млади програмери од цела Македонија ќе развиваат креативни и иновативни идеи со добар бизнис потенцијал. „Codefest“ ќе започне во сабота на 5 април, во 9:00 часот наутро, а ќе трае до недела, 6 април  до 17:00 часот. Настанот е организиран како идеја и иницијатива на тимот од студенти на Универзитетот за информатички...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top