Post Views: 5
„Каменот и железото“ е насловот на најновата изложба на Трајко Дурчовски. Академскиот сликар Славко Упевче ќе ја претстави најновата поставка на скулптури на Дурчовски утревечер во Центарот за култура. Ова е 10-та изложба на авторот кој пред охридските љубители на уметноста е препознатлив по скулптурите изработени од железо.„ Со железото се претставив неколку пати , а со каменот за прв пат. Каменот е украс за на ѕид , се буши со бургија и се украсува со бакар и со калај“, појаснува Дурчовски.
Трајко Дурчовски овој пат ќе се претстави со 30 -тина скулптури. Секоја...
Post Views: 1
Лисица со шест мали лисичиња сеуште се шета во стариот дел на градот. И покрај бројните реакции на варошани никој не се најде надлежен за решавање на овај сериозен проблем. Од локалната се оградија велејќи дека немаат никакви ингеренции и дека за тоа се задолжени други институции, а пред се Агенцијата за храна и ветеринарство која е одговорна за применување на Законот за благосостојба на животните. Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак велат дека можат да интервенираат само во случај ако има отстрел на некое диво животно по што излегуваат на терен земаат мостри...
Post Views: 0
Раната идентификацијата на талентите треба да започне од најраната возраст. За прв пат во Македонија се реализира еден грандиозен проект „Откривање и работа со надарени и талентирани во предучилишните установи“. Според проф. Љупчо Кевероски, во фокусот на овој проект е раната идентификација и препознавање на талентите или со други зборови кажано, Македонија прави еден радикален чекор кога станува збор за компетенциите за воспитниот и другиот стручен кадар, да направи своевиден пресврт во однос на гледањето на оваа популација.
„Се работи под секакво соучество на еминентни...
Post Views: 7
Денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу студентскиот парламент при Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” и Националната асоцијација на престижни академски граѓани. Целта на овој меморандум е да се искористи потенцијалот на најуспешните студенти преку низа одржани обуки и натпревари. Дел од нив ќе бидат организирани во странски земји.
Оваа соработка со студентскиот парламент на универзитетот Св. Апостол Павле е само почеток на неколку настани што во блиска иднина ги имаме договорено како и останата настани кои ќе...
Post Views: 16
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско денес го одбележува големиот христијански празник Голема Богородица. Овој ден спаѓа во дванаесетте големи христијански празници а поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Река од луѓе денес ја посетија истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, се помолија за здравје, ксмет, запалија свеќи, каснаа нафора наполнија од осветената вода а некои се причестија после двонеделниот Богородичен или Преображенски...
Post Views: 3
Доцни изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Уште пролетта беше најавено дека овој комплексен проект треба да биде завршен за 15 месеци, а постапката за распишување на тендер требаше да започне веднаш после изборите кои се одржаа во април. Ботаничката градина е дел од проектот во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната,...
Post Views: 1
Денес со поставување на камен темелникот свечено се означи почетокот на изградбата на инфраструктурата на технолошко индустриската развојна зона лоцирана во струшко-охридскиот регион. Ова беше долгогодишна заложба на Владата на РМ и се реализира многу побрзо од очекуваното.
–Она на што сум посебно горд е што цел овој процес се скрати за една година заради одредени измени кои ги направивме во Законот за јавни набавки на едно автентично толкување кое јас го поднесов, а кое овозможи убрзување на сите постапки. Тоа се случи на крајот на јули, а еве сега на крајот на...
Post Views: 2
Лисица со шест мали лисичиња се одомаќини во стариот дел на градот. Според раскажувањата на варошани лисиците веќе подолго време живеат во дувло кое се наоѓа под Самоиловите тврдини. Лисиците најчесто можат да се забележат во ноќните часови кога излегуваат надвор и се спуштаат во околните куќи во потрага по храна. Мештаните зад камера кажуваат дека лисиците се толку припитомени што не се плашат од луѓето па влегуваат во нивните дворови. И децата кои живеат во овој дел од градот имале блиски средби со овие диви животни. Едно седум годишно девојче раскажува дека додека...
Post Views: 3
Просторот помеѓу улиците Коста Абраш и Цар Самоил повторно преполн со паркирани возила. Оваа спојка подолг период претставува проблем за жителите на Стар град кои често пати не можат да си појдат дома, бидејќи просторот е блокиран од паркираните автомобили. Пред летната сезона Телевизија ТВМ, за овој проблем, го контактираше Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици во локалната самоуправа. Од таму не информираа дека проблемот ќе се обидат да го решат со воведувањето на летниот режим на сообраќај и дополнителна патна сигнализација. За воља на вистината, со...
Post Views: 0
Некои големи ѕвезди од YouTube годишно заработуват по неколку милони долари благодарение на успехот кој го направиле на YouTube (нивните видеа ги прегледуваат милиони луѓе ширум светот), некои пак ги напуштиле факултетите и одлучиле да се посветат на кариерата “професионалец” на YouTube која им носи голема заработувачка.
Еден од милионерите со YouTube е осумгодишниот Evan кој на овој сервис стартувал три канали, од кој најпопуларен е EvanTubeHD на кој рецензира игри и играчки (во кој му помагаат неговата сестра и мајка) – неговите канали ги следат повеќе од еден милион...
Post Views: 4
Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот. Сеуште ваква е сликата на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На Овој потег од улицата според одлука на Совет во текот на летниот период од 05 до 20 часот е сообраќајница. На ова место има и огромна фрекфенција на пешаци кои се приморани да се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во тераси на угостителските објекти. Твм пред извесно време на барање на граѓаните пишуваше за овој проблем. Тогаш од Локалната се изјаснија дека опремата е поставена согласно програмата што...
Post Views: 2
Стручњаците во лабораторијата на Институтот Линколн во Кембриџ, во сојузната американска држава Масачусетс, направија лек ДРАКО, кој може да ги излечи сите типови на болести кои се предизвикани од вируси – од настинка, грип, па се до ебола и HIV.Овој лек, според мислењата на стручњаците, би можел да стане најголемото медицинско откритие уште од појавата на антибиотиците. Благодарение на овој лек сите заболувања предизвикани од вирус можат да бидат излечени во само еден ден.
Лекот ДРАКО се врзува за инфицираните клетки правејќи ги самодеструктивни. Досега истражувачкиот...