Ознака: овој

logo

Со мировен марш ќе се одбележи Меѓународниот ден на мирот

Post Views: 2 На ден 19.09.2014(петок) Локалната самоуправа и Општинската организација  на сојзуот на борци  ќе го  одбележат  21-ви Септември  “Меѓународниот ден на мирот”. Учесниците во Мировниот марш во 11 часот ќе тргнат од пред старата дирекција на “Гранит” , а централно место на прославата ќе биде на плоштадот „ Св.Климент Охридски“ каде ќе се положи свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк, ќе се прочита пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун, а ќе се обратат заменик градоначалникот Анѓел Јанев и  потпретседателот на Сојузот...

Continue reading

gluvce

Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид

Post Views: 5 Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид. Покрај штетата која ја предизвикуваат овие штетници имаат и епидемиолошко значење, бидејќи се преносители на околу 40 различни болести кај човекот дали дирекно или преку вектори. Според Законот за заштита на населението од заразни болести за дератизација на населбите и околината е надлежна Општината, со стручна и техничка помош на Центарот за јавно здравје. Како и лани така и оваа година, но овој пат еден месец порано, на 25-ти и 26-ти септември, ќе се изведе системска дератизација од страна на ЈП „Нискоградба“...

Continue reading

Најскапите чаеви на светот

Post Views: 4 Чајот е неверојатно популарен пијалак на сите 4 страни на светот. Го зазема второто место, веднаш зад незаменливото кафе. Асортиманот е огромен, но најчесто се консумираат белиот чај, зелениот чај, улонг, црниот чај и ројбос. Ако го обожувате овој пијалак, тогаш веќе сигурно знаете дека „Ritz Carlton“ во Хонг Конг го има најскапиот чај на светот, чија цена е 8.888 долари за пар, односно за двајца. Сепак, мора да напоменеме дека станува збор за „High Tea“ — комбинација од оброк и чај. Чајот „Darjeeling“ е исто така во оваа група. Неговата висока цена е резултат на тоа...

Continue reading

Ohridsko Ezero

Албанската страна од Охридското Езеро конечно под капата на УНЕСКО

Post Views: 1 Албанската страна од Охридското Езеро конечно пред вратите на УНЕСКО. Ова треба да се постигне со реализацијата на проектот за интегрално управување со целокупниот регион на Охридското Езеро со кој треба да се подготви номинацијата на Албанија за статус на заштита на културното и природното наследство, но воедно и рекапитулација на листата на природни и културни вредности од македонска страна. Воедно во рамките на проектот ќе се изготвува и стратегија за развој на туризмот во регионот, односно т.н софт туризам насочен кон максимално искористување на културните и природни...

Continue reading

sportski bon ton

Спортски бон-тон и фер плеј традиционални игри во Охрид

Post Views: 1 Тегнење јаже, скокње во вреќа, борба за седнување на столче и уште неколку традиционални игри, покажаа децата учесници на манифестација Спортски Бон – Тон која денес се одржа на кејот Македонија во Охрид. Целта на проектот е преку традиционалните спортски игри да се врати значењето на детската игра и меѓусебното дружење. Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека децата кои учествуваат во овој проект го согледуваат светот кој е надвор од нивните училници, надвор од компјутерите и новите технологии. „Од реакциите што ги гледаме кај децата навистина на нив им годи да се потестуваат...

Continue reading

badminton

Охрид домаќин на најмасовниот Балкански бадминтон шампионат досега

Post Views: 11 Нашиот град од денес па се до недела е домаќин на најмасовниот балкански турнир во бадминтон. Преку 120 учесници во конкуренција на сениори и ветерани ќе ги одмерат силите во овој интересен спорт, прилично невообичаен за нашите простори. Претседателот на Македонската бадминтон федерација, Диме Стефановски смета дека значењето на овој шампионат е од огромно значење не само поради својата масовност туку и поради квалитетот на натпреварувачи кои на него учествуваат. Меѓу другите, дел од него се и три поранешни европски шампиони како и еден учесник на олимписки игри. Додава...

Continue reading

preteca

Денес се празнува денот на отсекување на главата на Св.Јован крстител

Post Views: 5 На денешен ден Светата православна Црква го празнува денот на отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител. Свети Јован Крстител или уште како се нарекува Св. Јован Претеча живеел во исто време кога и Исус и тој всушност го најавува неговото доаѓање. Јован уште пред Исус ги крштевал луѓето во реката Јордан и притоа им велел „Јас ве крштевам со вода, но ќе дојде друг кој ќе ве крсти со Дух“. Јован го крстил и Самиот Исус во реката Јордан. Во времето кога Јован проповедал во Палестина, во Галилеја владеел Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прославил...

Continue reading

ucesnici

Охридските млади музичари дел од „Концертот на 100 млади“

Post Views: 11 Даниел Мојсовски, Александар Грунчевски и Бајрам Рамадановски се музичките таленти од Основното музичко училиште „Методи Патчев“ од Охрид, кои беа дел од  европскиот партнерски музички прект, “Концертот 100 млади”, кој неодамна се одржа во Белград. Таму младите охридски музичари  настапија и како солисти и како дел од големиот оркестар. Вложениот труд пред и за време самиот камп им донесе голема сатисфакција на идните големи музичари. „Прво ќе кажам дека овој оркестар содржеше ученици од 10-12 години, а за нас како најмлади таму беше огромно задоволство...

Continue reading

bazen

Зошто Кинезите од мали ги учат да не мочаат во базен?!

Post Views: 5 Базенот со солена вода во кинеската провинција Сичуан е популарен меѓу населението и како да целата Дајинг област, во која се наоѓа, тргнала да се избања баш во исто време. Во прашање е најголемиот воден парк во Кина, кој се простира на 30 илјади квадратни метри и може да прими до десет илјади капачи. Се проценува дека ова лето преку милион луѓе ќе го посетат овој базен, популарно наречен „Мртво море“. За капење во овој базен важат строги правила, па така забрането е нуркање, а земајќи го во предвид бројот на луѓе во вода, тешко дека некој ќе може нешто да направи освен...

Continue reading

velosipedska pateka

На Охрид му е потребна велосипедска инфраструктура

Post Views: 1 Освен на булеварот „Туристичка“ во градов нема обележани велосипедски патеки ниту пак уредени паркиралишта за точаци и друга велосипедска инфраструктура. Граѓаните реагираат дека патеката на булеварот Туристичка во делови е избришана а на делови се вратени назад контењерите врз патеката. А на добар дел од неа се паркираат автомобили. Факт е дека во општина Охрид не постои велосипедска инфраструктура, но и основна култура на третирање на велосипедистите и пешаците како рамноправни учесници во сообраќајот, вели Жанко З`Ш Голабоски од ВК З`Ш Точак. Тој смета дека итно треба...

Continue reading

racin

Уницеф ќе опреми центар за ран детски развој во Радојца Новичиќ, во Пештани ставен во мирување

Post Views: 2 Градинката ќе се проширува со една паралека во населбата Радојца Новичиќ. Една просторија во која ќе бидат згрижени 30-тина деца ќе се адаптира во основното училиште Кочо Рацин. Проектот е финасира од Уницеф на идеја на Тлер. Интересот кај родителите е многу  голем за воспитно  згрижување на  децата од 3 до 6 годишна возраст од по 3 часа во денот, информира директорката Роза Костеска. Комисијата на министерството за труд и социјална работа веќе и утврдила  условите на терен во Радојца Новичиќ. „Имаше обврска градежниот инжинер или архитект да изработи нацрт план на фактичката...

Continue reading

pestani grobista

Гробиштата во Пештани стануваат претесни

Post Views: 4 Постојните гробишта во туристичката населба Пештани веќе се исполнуваат, а на таа локација повеќе нема простор за ширење. Пештани ќе нема каде да ги погребува покојните, ако во меѓувреме не се изнајде некоја нова локација, укажува претседателот на Месната заедница Драган Тренески. Тој кажа дека стручните служби на општина Охрид биле известени за овој горлив проблем и ветиле дека  ќе изнајдат начин за негово решавање. „Самото проширување е технички неизводливо и како модерна туристичка населба бараме дислокација односно отворање на нови гробишта. Тие нови гробишта со...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top