Post Views: 15
Можност македонските алпинисти да станат светски признаени планински водичи. Под менторство на Словенечкото здружение на водичи на високи планини, македонските алпинисти ќе се запознаат со што се е потребно да станат планински водичи по ИФМГА стандардите. Во моментов Македонската организација на водачи во планина е со статус на Член аспирант. Стекнувањето на овој статус е најделикатниот и најтешкиот дел од процесот на зачленување во организацијата, станува збор за долг процес, но ние сме свесни дека треба да почне некогаш, вели алпинистот Антонио Додески.
Додески додава...
Post Views: 30
Градоначалникот ја посочува и лошата состојба во која се наоѓа манастирскиот комлекс Св. Наум. Сето тоа е резулатат на недефинираната сопствност, нагласува Петрески. Овој прекрасен простор на охридското крајбрежје исто така остава грда слика. Наместо да го развиваме туризмот оставаме впечаток дека објектите и туристичките комплекси ни се запоставени од негрижа, а како виновник за тоа најчесто прстот е вперен кон градските власти.Министерот за култура пак, Елизабета Канческа Милевска решавањето на овој проблем го гледа со завршувањето на процесот на денационализација...
Post Views: 8
Инвестициите во сопствениот бизнис се исплаќаат. Охридскиот хотел „Силекс“, од Меѓународниот саем за туризам, кој минатата недела се одржа во Нови Сад, се врати со награда „Нов квалитет во туризмот“. Оваа несекојдневна награда е голем предизвик, успех и заслуга која треба да се оправда, вели менаџерот на овој угостителски објект Тошо Чочороски.„Направивме големи вложувања во време кога бизнис климата се соочува со економска криза“, вели Чочороски. Додава, дека, иако моментот не бил најпогоден, морало да се преземат тие инвестициони зафати, пред се, заради имиџот на хотелот....
Post Views: 11
За изградба на хотел од висока категорија на овој туристички локалитет, Министерството за транспорт и врски со секој несупешен обид за продажба ги менуваше и условите нагласува Петрески. Продажбата првично стартуваше со услови за купувачот да има ланец од 200 хотели и на охридското крајбрежје да изгради хотел од висока категорија, а земјиштето се нудеше по 50 евра од метар квадратен. По неуспешниот обид повторно се намалија критериумите. Купувачот овој пат требаше да има ланец на хотели со светски бренд, а за земјиштето можеше да се наддава по цена од 100 евра. Сега,...
Post Views: 2
Како што веќе ве информиравме постапката за избор на прв човек на градинката закочи уште на самиот старт. Очекувано беше градинката некое време да остане без директор, според изјавите на дел од членовите на Управниот Одбор на оваа установа. Владо Суклоски на 11 септември годинава во изјава за ТВМ како член на У.О. поточно како претставник од министерството за труд и социјална политика посочи низа прекршувања на статутот на градинката. И овој пат Суклоски, со назначувањето на Вршителот на должност на охридската градинка Марина Петроска Тодороска, смета дека градоначалникот...
Post Views: 4
Варминско-мазурската филхармонија „Феликс Нововејски“ од Олшин, Полска гостува во Охрид. Овој музички настан од класичната музика е освежување по затишјето на бројните културните случувања во летниот период. Нашиот град покрај, Скопје и Битола влезе во програмата за одбележување на 200 годишнината од раѓањето на Шопен, со концертот на полската филхармонија Феликс Нововејски. Ќе се изведижуваат композиции од полски автори и од Шопен. Со музичкиот оркестар ќе раководи диригентот Јануш Пшибилски ,а пијано изведбата е на Станислав Джевицки. Пијанистот Джевицки ќе свири...
Post Views: 7
Започнаа јавните анкети и презентации на петте спорни нацрт детални урбанистички планови. Овие пет Нацрт – ДУП – ви беа донесени на 21-ва седница на Советот на општината. Околу нивното донесување советниците од позицијата и опозицијата имаа дијаметрално спротивставени ставови.
Денес во големата сала на општината на ред дојде јавната анкета и презентација на нацрт – ДУП за УЗ 1, Уб 1.1 опфат1. Имено станува збор за Просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој е ,е во границите на улиците:”Св.Климент Охридски”, “Климентов Универзитет”...
Post Views: 19
Светата православна Црква на денешен ден го празнува споменот на светите маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж. По повод овој голем христијански празник, во месноста Лагадин денеска по единаесетти пат се одржа голем црковно народен собир. На самиот брег на Охридското езеро е подигната млечка црквичка која го носи името на овие светителки, а неа пред десет години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче.
Патче изрази задоволство што од година во година се зголемува бројот на верници кои доаѓаат во Лагадин да го прослават овој верски празник. Тој додаде, дека поради се поголемиот...
Post Views: 5
Можат ли македонските мали и средни компании да ги пронајдат вистинските бизнис партнери во Европа и регионот?
Иако постојат толку многу можности за партнерства, информации за фондови, иницијативи и проекти, сепак се потребни големи предзнаења и вложување на многу напор. Enterprise Europe network или мрежата на бизнис можности, преку Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, им овозможува на малите и средни претпријатија бесплатно да започнат соработка со друга компанија од регионот како и од Европа, вели Бернард Делакур, од Европската агенција за...
Post Views: 0
Општината сеуште не знае колку пари се инаксирани по основ на поставена урбана опрема од охридските угостители. Одделението за даноци и комунални такси кое треба да ја следи наплатата нема изготвени податоци нити извештај за досегашната финасиска состојба по овој основ. Портпаролот на општината немаше одговор ни по пет дена од нашето барање за информација колку пари има во општинската каса од поставените маси и столици пред угостителските локали. Но, затоа се огласи градоначалникот Петрески. Тој за ТВМ изјави дека не е задоволен од наплата, но ни од работата...
Post Views: 6
Отворен проблем во образовниот процес на ОУ „Братство Единство“. Децата кои изведуваат настава на турски јазик сеуште се без соодветни учебници по редовните наставни предмети. Родителите со право реагираат, но се обраќаат на погрешна адреса, вели директорот на ова училиште Осман Османи. Тој вели дека од негова страна прави големи напори децата што помалку да трпат поради овој проблем. Османи вели дека неговиот апел до ресорното министерство досега не вродил со ефект.Проблемот со превод на учебниците на турски јазик најверојатно лежи во немање доволно кадар на преведувачи...
Post Views: 7
Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денес во Охрид го промовираше Просторниот план за Охридско-преспанскиот регион. Министерот во својот говор пред присутните изјави дека „Солидниот просторен план на Охридско – преспанскиот регион има повеќекратно значење во развојот на Р Македонија. Ова е регион кој игра голема улога во туризмот, меѓународната соработка, а пред се во македонскиот биодиверзитет“. Министерот додаде дека просторниот план претставува еден од најважните стратешки документи на охридско струшкиот регион.
„ Министерството за животна...