Ознака: на

кз

Во охридскиот кардиолошки завод постојано се инвестира

Post Views: 6 Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан”  ќе инвестира во подновување на установата.  Директорката на кардиолошкиот завод, д-р Изабела Афтовска  Наумоска информира дека во  2015  ќе инвестираат во немедицинска опрема за разлика од лани кога инвестирале во медицинска опрема и едукација на медицинскиот кадар.  Директорката објаснува дека со сопствени средства ќе инвестираат во купување  агрегат за струја и подновување на болничката перална. „ Оваа година приоритетот  ставивме на немедицинската опрема....

Continue reading

laboratorii

Во болничката лабораторија нема реагенс за тумoр маркери за простата

Post Views: 0 Во охридската болничка лаборатотија е зголемена побарувачката за тумор маркери за испитување на простата. Некои пациенти чекаат термин за испитување на тумор маркерите  според  планот за работа на лабораторијата, вели д-р Елена Шикаловска, раководител на специјалистичката болничка лаборатотија. „ Во моментов  е потрошен тој реагенс бидејќи имаше интензивно трошење. Во тек на оваа  недела ќе добиеме нов реагенс и продолжуваме со работа. На  пациентите им е  закажан термин да се јават или  да им се  јавиме ние. Досега  не сме имале недоразбирање или конфликти со пациентите...

Continue reading

lokalna

Општина:Земјиштето се продава на барање на транспорт и врски

Post Views: 5 Чувствувајќи потреба да им  ги  објасни   основни законски чекори и постапки на охридските  Социјалдемократи , општина Охрид посочува дека   објавата  за отуѓување на градежното земјиште во УЗ  1  блок  1.2,  блок 1.4  и дел од блок  3.4  во Охрид   се спроведува по барање на  Министерството за транспорт и врски.  Градежната парцела е во согласност со Урбанистичкиот план со  вкупна површина од 201 м2 и површина за градење од 90,9 м2. Максималната  висина до венец  е од 3,9 м  и катност- Приземје  ( минус две нивоа).   Почетната цена  за отуѓување  на  градежното земјиште  ...

Continue reading

pasosh

Се враќаат ли визите?

Post Views: 2 Европската комисија денеска во Брисел  ќе расправа за предлогот за воведување на механизам за брзо и привремено враќање на визниот режим за одредени земји. Новинските агенции јавуваат дека тоа не значи повторно воведување на Македонија и Србија  туку станува збор за дополнување на постојната регулатива на Унијата, со што ќе се создаде можност за побрзо враќање на визите во некои земји поради „вонредни ситуации“, за разлика од досегашната долга процедура. а не за целосно враќање на  визниот режим. {loadposition content9}

Continue reading

zid

Се одрона потпорниот ѕид над црквата Света Богородица Пандoнос

Post Views: 0 Се срушија камени блокови во должина од 7 метра од потрпониот ѕид над црквата Св Богородица Панданос. Попушти камениот ѕид  долг 10 м чиј дел не е ѕидан со бетон туку е граден со камен врз камен.  Одронот од големи блокови камен за среќа не ја уништи малата малска црквичка, велат жителите. Сега стравуваат да не почне да се лизга и пропадне и улицата  Кузман Капидан. Жителите од месната заедница Стар град утрово реагирале до Фодот за комунален развој за да го санираат руинираниот ѕид. Љупчо Танески, раководител на Фондот за комунален развој, информира  дека утрово веднаш ...

Continue reading

Охриѓани се помалку се жалат на работата на државните службеници, тврди секретарот на општината Спасески

Post Views: 0 Извршувањето на работните задачи на седумдесет административни службеници  се под директен надзор на секретарот на општината Димитар  Спасески. Спасески два пати во текот на годината ги отценува како тие ја извршуваат нивната  работа. Се оценуваат по 9 критериуми  и се формира просечна оценка.Во неговиот мандат вели дека само еднаш изрекол  негативна оценка за работа на службеник, додава секретарот.„ Согласно законот едно негативно  оценување значи прераспределба на државниот службеник на работното место соодветно на неговото образование. Ако бил раководител на сектор...

Continue reading

emo

Синдикатот од АД ЕМО бара помош од охридскиот градоначалник

Post Views: 5 Синдикатот на АД Емо поднесол список од 80 вработени со барање за помош до градоначалникот Никола Бакрачески. Бараат да им се помогне да не бидат тужени заради неподмирени долгови кон трите јавни претпријатија, Проаква, Комуналец и Нискоградба и  да не им се пресметуваат камати.  Станува збор за  членови на синдикатот од некогашниот стопански гигант во Охрид кој  во моментов се наоѓа во тешка финсиска состојба.  Ова барање  следува по ветувањето на градоначалникот Бакрачески дека ќе ја разгледа можноста Локалната самоуправа да им помогне на  вработените, напоменува Миле...

Continue reading

corba

По 4 пат во Охрид рибна чорба, за Денот на рибарите

Post Views: 2 Три дена траше подготовката на 1600 литарската рибја чорба за Денот на рибарите. Четврта година по ред, по стариот добро познат рецепт со 400 килограми лосос, професорите и учениците од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, се потрудија на охриѓани и бројните гости да им зготват деликатесна рибна чорба. Подготовката на  чорбата ни стана рутина, рецептот се покажа добар и не го менуваме, вели наставникот Блаже Јорданоски. „Во подготовката на чорбата учествуваа околу 15 ученици, 8 професори и кадар од нашето училиште. Значи се подготвуваше во училиштето,...

Continue reading

лебед

Лебедите на Охридското езеро без конкретна законска заштита

Post Views: 1 Лебед  со скршено крило плива во Охридското  езеро. Пред два дена до НВО „Анималија“  пристигнала дојава од граѓани дека е забележан лебед со скршено крило. За повредениот лебед  знаеме  околу два месеци, информира  Димитар Ставрески од  Анималија  Здружение за заштита на животните.  Се обиделе да исконтактираат некои институции за да се вклучат во санирање на повредата, но не можеле да најдат кој е одговорен, објаснува  Ставрески. Слично искуство имале и пред неколку години. И тогаш и овој пат наишле на  оградувања на надлежностите од институциите, појаснува Ставрески....

Continue reading

docek

Мирна новогодишна ноќ во Охрид

Post Views: 0 Охрид во Новата 2015 година влезе мирно. Од СВР Охрид, од безбедносен аспект, дочекот на најлудата ноќ  во годината ја оценуваат позитивно без инциденти и сообраќајни несреќи. Стефан Димовски портпаролот на СВР Охрид изјави дека на градскиот плоштад организираниот дочек  на новата година поминал во пријатна атмосфера без инциденти и без употреба на нелегална пиротехника. Бил евидентиран само еден случај на нарушување на јавниот ред и мир од страна на лице под дејство на алкохол, кое предизвикало инцидент во еден угостителски објект. Алкохилизираниот гостин побарал алкохол,...

Continue reading

снег

Охрид блокиран со првиот снег

Post Views: 0 Блокирани патни правци кон Охрид, завеани автобуси и патнички возила, домаќинства без електрична струја, паднати дрва, бандери и кабли беше денешната зимска слика на Охрид по првиот снег. Околу 20 часа автобуси и патнички возила останаа завеани на Пресека, а 4 автобуси на Галеб останаа заглавени  на автобуската станица во Кичево. Раководителот  на АД Галеб, Димитар Василевски информира дека се водело грижа  патниците да не останат без грење, биле понудени со храна и пијалок, Колку што дозволувале можностите во тие услови се водело максимална грижа за патниците. Се правеле...

Continue reading

tribina

Мобилен парламент : Како влијае урбанизацијата врз уништување на Охридското езеро

Post Views: 3 На јавна дебата граѓани,експерти, екологисти, ученици, политичари  ги искажаа своите ставови на темата „Дали прекумерната урбанизација го уништува Охридското езеро“.  Големата посетеност на дебатата потврди дека охриѓани и стружани се загрижени за она што му се случува на езерото.  Трибината беше организирана од страна на граѓанската асоцијација Мост, на која изостана присуството на преставници од Локалната  власт, од охридските пратеници, но и од најповиканите од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро. Се слушнаа дискусии во кои граѓаните посочуваа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top