Ознака: нафта

Цената на нафтата под притисок од промените во Саудијска Арабија

Post Views: 3 Цената на барел нафта на меѓународните пазари се намали под притисокот на прекумерната понуда и неочекуваната промена во редот за наследство во Саудијска Арабија. На лондонската берза цената на барел нафта падна за 44 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 64,2 долари, додека на американските берзи барел нафта се тргуваше по 50 центи пониска цена, од 56,56 долари. Кралот на Саудијска Арабија вчера го смени престолонаследникот и помлад полубрат, принцот Mukrin и на негово место го постави министерот за внатрешни работи Muhamed ben Najef кој досега беше втор...

Continue reading

Цената на барел нафта продолжи да оди нагоре

Post Views: 3 Цената на барел нафта на берзата во Лондон на крајот од неделата е на највисоко ниво во 2015 година, поттикната со загриженоста во врска со снабдувањето од Блискиот исток по најновите воздушни напади во Јемен. На берзата во Лондон цената на барел нафта порасна за 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 65,45 долари, додека на американските берзи барел нафта се тргуваше за 10 центи пониска цена во однос на Лондон, која изнесува 57,64 долари. Послабиот долар и силниот пораст на стопанството во Европа и Азија исто така ја поттикнаа цената на нафтата, кој...

Continue reading

benzinska

Повторно зглемување на цената на бензинот

Post Views: 2 За половина денар се зголемува малопродажната цена на „евросупер БС-98“. Малопродажните цени на „евросупер БС-95“ и дизелот остануваат непроменети, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 80 денари за литар. Според одлуката на РKЕ, се зголемува и цената на мазутот и таа ќе изнесува 40,8 денари за килограм. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 101,066 долар за барел и е за 0,39 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени...

Continue reading

Цената на нафтата на светските берзи повторно во опаѓање

Post Views: 3 Цената на барел нафта вчера на меѓународните пазари достигна 59 долари, притиснати со порастот на американските резерви и можното зголемување на производството во Саудијска Арабија, што го поттикна стравувањето од прекумерно производство. На Лондонската берза цената за барел нафта падна 1,52 долари во однос на претходниот ден на 59,01 долари. Ден порано имаше скок до на најголемо ниво во последните два месеци, од 63 долари. На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 2,1 долари пониска цена во однос на претходниот ден, од 50,04 долари. Вниманието на пазарот...

Continue reading

Најголем скок на цената на нафтата во последните две седмици

Post Views: 0 Минатата седмица цената на нафтата доживеа најголем скок во последните 17 години, што е последица на затворање на бушотини, намалување на инвестициите на нафтените џинови и поттикнување на стопанските мерки на кинеската централна банка. На берзата во Лондон цената на барел нафта пораснала за 9%, на 57,80 долари, додека во последните две седмици цената скокнала за 19% што е најголем двонеделен скок од 1998 година. Сепак, растот на цената не беше праволиниски бидејќи минатата седмица таа осцилираше, па во еден ден на американските берзи цената на нафтата падна за 9%, откако...

Continue reading

obrazovanie sredstva

Средствата за нафта и превоз во училиштата континуирано ќе се зголемуваат поради наследените долгови кон економските оператори

Post Views: 0 Благодарение на поголемиот прилив на средства во општина Охрид, локалната ги зголеми предвидените средства за превоз и нафта во училиштата. Овие дополнителни средства кои се издвоија со последниот ребаланс на буџетот, според секретарот на општината Димитар Спасески се единствено во насока на регулирање на наследените долгови на училиштата кон економските оператори кои ги снабдуваат училиштата со нафта и кои го вршат превозот на учениците. Според опозицијата во градскиот совет пак, ваквото зголемување наговестува дека локалнатата работи недомаќински во делот на трошењето...

Continue reading

Нов пад на цената на суровата нафта

Post Views: 1 Цената на суровата нафта денес падна на најниско ниво во последните четири години на пазарот во Лондон пред министерскиот состанок на членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC). Барел сурова нафта за испорака во февруари чини 76,49 долари, а барел “brent” нафта чини 78,76 долари.Цените паѓаат под влијание на шпекулациите дека OPEC на денешниот состанок во Виена нема да донесе одлука за намалување на производството, пренесува TASS. Светските цени на нафтата се намалени за скоро 30% во последните шест месеци. Играчите на пазарот претпоставуваат дека...

Continue reading

Еве како Исламската држава заработува три милиони долари дневно

Post Views: 0 Американските разузнувачи минатата недела изнеле информација како милитантите на Исламската држава заработуваат три милиони долари на ден. Ова се начините со кои ги финансираат своите активности. -Богати донатори – Како и многу милитантни групи во Сирија и Исламската држава во голема мерка зависи од донациите на богатите симпатизери кои во својот револт против претседателот Башар застануваат на страната на сунитските милитанти. Повеќето пари се собираат на територијата на земјите на Арапскиот полуостров а потоа на турско-сиријската граница се предаваат во рацете на исламистите....

Continue reading

greenje

Прекината наставата во струшкото ОУ „Јосип Броз Тито“, нема нафта за греење

Post Views: 0 Денес прекината наставата во ОУ „Јосип Броз Тито“. Учениците и нивните наставници останаа без греење. Нафта за греење нема од средата, но заради поволните временски услови децата доаѓале на училиште, но утрово, со падот на температурата децата не дојдоа в училиште. Претседателот на Советот на родители од ова уличиште Крсте Бунчески напоменува дека ситуацијата со набавка на нафта за греење е тешка. Според него е недозволиво во 21 век среде зима  децата да останат без греење. Смета дека 5те тони нафта кои училиштето досега ги добило за централното и двете подрачни училишта ...

Continue reading

Се ближи крајот на резервите на нафта?

Post Views: 1 Спрема резултатите на истражувањето кое неодамна го објави BP, спрема моменталниот степен на извлекување на нафта, за 53,3 години овој вреден и моментално незаменлив ресурс ќе биде потрошен. Подоцна или порано ќе се извлече и последната капка нафта од земјата, а ако се верува на истражувањето од BP, тоа ќе се случи за околу 50 години, пренесува USA Today. Тие предвидуваат дека моментално има резерви на нафта во количина од 1.687,9 милијарди барели, што е подобрување на прогнозата во однос на 2013 година. За овие пооптимистички прогнози може да се заблагодари на САД за...

Continue reading

radiator

Проаква еден ден без нафта

Post Views: 4 Дали МЈП „Проаква“ Охрид, се соочува со недостиг на нафта за греење? Дел од вработените во ЈП, реагираа дека вчера работеле во студени простории до 11 часот по што си заминале. Имено, радијаторите во административните простории биле ладни поради немање на нафта за греење. Првиот човек на меѓуопштинското претпријатие Златко Старкоски убедува, дека проблемот што вчера се работело само до 11 часот не бил во недостигот на нафта, бидејќи цистерната пристигнала во претпријатието истиот ден во 10 часот и 30 минути. „Вчера имавме ние еден мал проблем, ако може да се каже од...

Continue reading

opstina

Локалната без греење

Post Views: 0 Познато е дека Локалната самоуправа и подрачните единици на министерствата користат иста зграда. Според општинскиот гласноговорник Симон Илиевски во однос со обезбедување на нафтени деривати за време на грејната сезона постоел меѓусебен договор меѓу Локалната и државните подрачни единици, за тоа со која динамика треба да се финансира обезбредувањето со нафта, кој колку троши според квадратурата на работната површина со која располагаат. Договорот не бил испочитуван бидејќи министерствата до сега не си ја исполниле својата обврска поради која не само локалците туку и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top