Ознака: Македонија

lajka

„Лајкамобил “ од први јули трет мобилен оператор во Македонија

Post Views: 0  Над 10 земји од Европа и Балканот учествуваат на 4- тата меѓународна конференција на агенциите  за електронски комуникации.  Директорот на македонската агенција за електронски комуникации , Сашо  Димитријоски , истакна дека на средбата е разговарано меѓу другото и за спречување на сајбер криминалот. Изнесе податоци и за процесот на намалување на цените на роаминг услугите. Кажа дека цените  се намалувале  кон Србија, Црна Гора , БиХ и Македонија  сукцесивно, а сега на 1 јули се очекува и второто  намалување. Дoсега цените на услугите за роаминг кон овие земји биле намалени...

Continue reading

Oдбележан денот на заедницата на Балканските египќани во Македонија 24-ти јуни

Post Views: 6 Вистински предизвик денес е обидот да се излезе од еден затворен круг во кој владеат стереотипите, предрасудите, асимилацијата секојдневното стигматизирање од страна на мнозинските заедници кое доведува до изолација на заедницата од општествените текови. Иако преамбулата на уставот е извор на права, сепак египќаните и некои други помали заедници кои живеат во зермјава не се споменати во неа, па така денес политиките на државата се креирани и наменети за припадниците на заедниците кои ги има само во неа. Неодамна и Народниот правобранител напомена дека со години наназад...

Continue reading

rudari

Безбедноста на рударите треба да биде приоритет

Post Views: 9 Од осамостојувањето на Македонија до денес ретки се годините во кои нема барем по една жртва во македонските рудници. Иако во изминативе неколку години постои тренд на подобрување на условите во кои работат рударите, а главно поради воведувањето на новата регулатива за безбедност при работа, сепак експертите укажуваат дека компаниите мора уште повеќе да внимаваат на заштитата на нивните вработени. Јанко Јанчевски, професор на Машинскиот факултет, кој бил ангажиран и како вештак во македонските рудници, вели дека впечаток е дека компаниите не вложуваат доволно во заштитата...

Continue reading

tutun

Се сади македонското „жолто злато“

Post Views: 4 Започна садењето тутун во прилепските села Канатларци и Кадино. – Расадот е добар, полека почнува садењето на тутунот во прилепско, а поинтензивно по празниците. Главно, годинава за 20 насто е поголем интересот за оваа индустриска култура, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. За годинава во земјава се подигнати 33.090 евидентни листови од подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, што е за 4.000 повеќе од ланските 29.090 евидентни листови кои се виза за производството. {loadposition...

Continue reading

Croatia osiguruvanje jubilej

Признание за успех во осигурителниот бизнис

Post Views: 8 Грижа за клиентот пред се. Ова е главното мото под коа делува „Кроација осигурување“ АД неживотно осигурување. Синоќа во Св. Наум, во хотелот „Маркони“, одбележан јубилеј по повод 2 години успешна работа во Македонија, посебно во охридско – струшкиот регион. Првиот човек на „Кроација осигурување“, АД Скопје, Драган Лазарески, вели дека не случајно е избран комплексот Св Наум, место од кое се црпи енергија и инспирација. Според него посветеноста кон клиентите во овие тешки економски услови е главна задача на неговиот менаџерски тим. Ова осигурително друштво од останатите...

Continue reading

Граѓаните да побараат оштета од ЕВН Македонија

Post Views: 1 Изгореа телевизори, фрижидери и други електрични апарати поради проблем со електричното напојување. Жителите од станбениот комплекс на ул. „Туристичка“ наспроти ОУ „Григор Прличев“, утрово се обратија до нашата телевизиска куќа реагирајќи дека не е прв пат да се соочуваат со ваков проблем. „Некаде околу 10 часот настана проблем со струјата….сијалиците чудно се однесуваа, се слушна некаков звук и некаде окиолу 10 и 30 се запали телевизорот…ги повикав комшиите, се обидовме да го санираме проблемот, имаше голема миризба, исклучивме се и за кратко време сите...

Continue reading

sovet na ministri EU

Советот на министри на ЕУ за Македонија ќе решава во јуни

Post Views: 14 Советот на министри на Европската Унија во јуни ќе одлучува дали на Македонија да ѝ се одреди датум за почеток на пристапните преговори. На вчерашниот состанок во Луксембург, Советот ја одложи одлуката за нашата држава, што значи дека конечниот исход ќе го дознаеме на самитот закажан за 28 јуни во Брисел. По завршувањето на состанокот, заменик-претседателот на ирската влада и министер за надворешни работи Емон Гилмор, како претседавач со Советот за општи работи, посочи дека на министрите за надворешни работи им биле претставени извештаите на Комисијата за Македонија,...

Continue reading

Интензивирање на економската соработка помеѓу Македонија и Чешка

Post Views: 2 Продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Чешка по примерот на соработката во областа на културата и развивањето на пријателските односи помеѓу двете земји. Ова меѓу другото беше пренесено денес од страна на претседателите на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и на Република Чешка, Милош Земан на отворањето на македонско-чешкиот бизнис форум во Охрид. Според претседателот Иванов, традиционално добрите пријателски односи помеѓу Македонија и Чешка треба да се пресликаат и во областа на економската соработка. “Особено значајна за двете држави се...

Continue reading

altea

Македонските бранители и мисијата АЛТЕА

Post Views: 0 Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 59. седница на која на дневен ред е Предлог одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА. Во насока на продлабочување на соработката и придонесот на земјата кон мировната операција предводена од Европската унија, Република Македонија го продолжува учеството во ЕУФОР, АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Ќе биде испратен уште еден медицински тим во состав од десет припадници на Армијата и еден офицер-правен советник...

Continue reading

Ohrid

Македонија земја на гостопримството

Post Views: 2 Светскиот економски форум, во својот најнов извештај ја прогласи Македонија за четврта земја во светот според гостопримливоста за туристи. Меѓу бројните анализи објавени во “Travel and Tourism Competitiveness Report 2013” има и рангирање на земјите според “Односот на популацијата кон посетителите од странство.” Најпријателска држава за туристи во светот е Исланд, Нов Зеланд е на второ, Мароко е на трето, а зад нас на петтото место е Австрија. На другата страна на листата, како најмалку пријателски расположена кон туристи е наведена Боливија, а...

Continue reading

Stefan Fule

Македонија се надева на позитивен извештај од ЕК

Post Views: 2 Се очекува Европскиот совет на Самитот во јуни, најдоцна во декември ќе додели датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Македонија ќе има позитивен извештај од ЕК, а Европскиот совет на Самитот во јуни, најдоцна во декември ќе додели датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави за агенцијата МИА европратеникот Бернд Поселт. Германскиот пратеник во Европскиот парламент Бернд Поселт, непосредно пред средбата со комесарот за проширување Штефан Филе, кој попладнево ќе го објави извештајот за Македонија, рече: „Ја видовте изгласаната...

Continue reading

dr Vladimir Ortakov

Третман или тортура за лицата лишени од слобода

Post Views: 10 Моментално во затворите во Македонија има околу 2.300 затвореници, а капацитетите се за 30% помали од потребно, велат податоците на Управата за извршување санкции во Министерството за правда. Во земјава пак има и над 2.000 душевно болни лица.Присилна хоспитализација, недоволна грижа спрема болните, неинформираност и кршење на правата на пациентите, тоа пак е реалноста во психијатриските болници во Македонија, велат од канецеларијата на Хелсиншкиот комитет во Македонија. Покрај народниот правобранител, единствено друго тело кое има увид во овие институции, а кои се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top