Ознака: Македонија

Нови можности за туристичка промоција на Македонија на „Дубаи Експо 2020″

Post Views: 10 На светската саемска манифестација „Дубаи Експо 2020″ која започна на 1-ви октомври 2021 и ќе трае до 31-ви март 2022 година, во тек е неделата посветена на туризмот каде повеќе од 190 земји ги презентираат своите туристички потенцијали и можности за инвестиции во овој сектор. Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар е се поголема, воочувајќи го истото на вчерашната презентација на „Дубаи Експо 2020″. На презентацијата организирана од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот присуствуваа повеќе од 25 туроператори, медиуми...

Continue reading

viza

Суспендирањето на слободниот визен режим за Македонија сеуште актуелно

Post Views: 4 Иако бројот на македонски баратели на азил во Германија е намален, суспендирањето на слободниот визен режим е актуелно, особено по писмото до Даблин на министрите на Германија, Австрија, Холандија и Велика Британија, информира Дојче Веле. Укинувањето на слободното движење во Европа поради стотината сиромашни луѓе од Македонија кои бараат подобар живот во Германија го сметам за – авантуристички. Алармот на министерот Фридрих го гледам само како тема која е во контекст на престојните избори. Но, до толку повеќе е загрижувачки ако се знае дека германското МВР заедно...

Continue reading

ag

Со проектот Македонија вработува досега се вработиле над 630 охриѓани

Post Views: 1 Со низа поволности за вработување во евиденцијата на охридската Агенција за вработување стапката на невработеност од лани досега се намалила за 15 проценти. Минатата година од 4800 активни баратели на работа годинава бројката се намалила за над 600. Со проектот  Македонија вработува од минатата година до сега се вработиле поголем број охриѓани од најразлични профили, степен на образование и возраст, информира директорот на Агенцијата за вработување Јован Баткоски. „Сакам да потенцирам дека во минатата година овој бенефит го искористиле повеќе од 630 лица во центарот...

Continue reading

Големо поскапување на горивата во Македонија

Post Views: 2 Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм...

Continue reading

mekdonalds

Ќе си замине ли ланецот „Мекдоналдс“ од Македонија?

Post Views: 12 Од централата на оваа фирма за Европа, велат дека „Мекдоналдс Европа“ го прекинала договорот за франшиза со македонската компанија „СЈ“, која пред 16 години го отвори првиот ресторан на овој синџир во земјава. „По прекинот на договорот, „СЈ компани“ веќе не ги поседува правата да работи со рестораните под брендот „Мекдоналдс“, вели за Дневник Агнес Вандаи, директор за комуникации во „Мекдоналдс Европа“ и додава дека компанијата која до сега ја имаше лиценцата, сега сама ќе одлучи дали рестораните ќе работата под некој друг бренд. Засега не се познати причините за прекинот...

Continue reading

Уникатни инстрименти за прв пат во Македонија на Охридско Лето

Post Views: 1 Фестивалот Охридско Лето ја потврдува својата ексклузивност преку гостување на уметници кои музицираат на ретки инструменти кои до сега не се слушнати во Македонија, но и во регионот. Како што информираше музичкиот селектор на Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, по извонредниот настап на „Glass Duo“, фестивалската публика вечерва ќе има ретка можност да ужива во музицирањето на уште еден уникатен инструмент, Алфорн. Станува збор за дуо, кое со интерпретација на својот уникатен звук доживува огромни успеси насекаде во светот, додава Неделковска. „Во нашата меѓусебна...

Continue reading

hilton hotel

Групацијата „Хилтон“ влегува во Македонија

Post Views: 7 Светски познатиот бренд Хилтон влегува во Македонија со потпишување договор за франшиза за отворање ексклузивен Double Tree By HILTON во Скопје, со Stone Bridge Hotel. Хотелот, што ќе се гради во населбата Аеродром покрај кејот на Вардар, спроти Универзитетот ФОН, треба да почне со работа на почетокот на 2016 година. Според најавите, новиот хотелски објект ќе содржи 172 елитни соби, вклучувајќи 20 апартмани, како и 1.400 метри квадратни простор за организирање настани, поделен на два големи салони, и дополнителни три конференциски сали. Треба да содржи и бизнис центар,...

Continue reading

Признанија за објективно известување за „Нова Македонија“

Post Views: 3 Дневниот весник Нова Македонија од своите успешни почетоци, преку тешките периоди, денес успева да стигне до престижните признанија за објективно известување.

Continue reading

Ivanov

Иванов се сретна со младите лидери во Охрид

Post Views: 2 Претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов оствари средба со лидерите на младинските организации на политичките партии. Ова е втора по ред средба од ваков карактер, со цел Иванов да ги слушне младите, како би се извлекла заедничка оценка за начинот на кој беа спроведени предвремените парламентарни избори. Иницијативата за оваа средба потекна уште од првиот разговор во пресрет на изборите, кога Иванов ги повика младите лидери да го развиваат политичкиот дијалог како и да придонесат за спроведување на фер, демократски и мирни избори, без насилство и инциденти. Младите...

Continue reading

Lozanoska

Југозападниот плански регион започна со реализација на проектите

Post Views: 5 Центарот за развој на Југозапдниот плански регион започна со активностите за имплементација на шест проекти одобрени од стана на владата на Р Македонија и финансирани преку министерство за локална самоуправа односно биро за регионален развој. На состанокот кој се одржа денеска во Струга претставниците на 13 те општини од регионов на некој начин беше иницијален за почеток на имплементација на проектот. „Генерално сите проекти се во насока на програмата за национален развој на југозападниот плански регион со националната стратегија за рамноправен регионален развој. Сите...

Continue reading

logo

Македонија на 120-то место според слободата на медиумите

Post Views: 2 Во светот во текот на минатата година е забележан пад на медиумската слобода, а процентот на популацијата која живее во земјите со целосно слободни медиуми падна на најниско ново во изминативe 16 години. Ова се наведува во извештајот на организацијата Фридом хаус во кој се додава дека ситуацијата со слободата на медиумите во Македонија е една од најлошите земји на Балканот.Македонија е најниско рангирана земја во регионот на 120 место кое го дели со Турција, Конго, Фиџи, Либерија и Сејшели. Во ланскиот извештај на Фридом хаус Македонија беше на 115 место кога имаше...

Continue reading

logo

И Македонија го слави Меѓународниот ден на трудот

Post Views: 6 И Македонија денеска го одбележува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права, а во знак на почит кон жртвите на штрајкот одржан од  до 4 мај 1886 година во Чикаго. Главна цел на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top