Ознака: Македонија

rakomet

Ракометарите на чекор до пласман на Европското првенство

Post Views: 7 Машката ракометна репрезентација на Македонија е на прагот на голем успех односно само чудо може да ја спречи да не игра на следното Европско првенство во Србија на почетокот на идната година.Победата над Естонија со 31 – 25 синоќа во Полва веројатно значи враќање на нашиот машки репрезентативен ракомет на Европско првенство по пауза од 13 години. Последен пат 1998-та година игравме во Италија. Голема работа за нас вечерва заврши Унгарија која ја совлада Босна и Херцеговина во Високо и дефинитивно ја отпиша од трката за втората позиција. Единствената лоша комбинација...

Continue reading

zname

Струга одбележува 71 година од македонската химна

Post Views: 13   Струга одбележува 71 година од првото изведување на македонската химна. Агатија Мандоска од Струга сеуште ја памети игранката како да била вчера, кога за прв пат стружанецот Владо Малески на дочекот на Новата 1942 ја испеал „Денес над Македонија се раѓа“. „Тогаш бевме ние поканети за Нова година да ја дочекаме 1942 год, кај Сотир Шута куќата. Бевме повикани таму заедно со мојот сопруг, таму беше Нико Нестор кој беше главен организатор на КПЈ. Беше и Владе Мале кој ја испеа „Денес над Македонија“-раскажува Мандоска. Утре во Струга се одбележува еден важен историски...

Continue reading

Градоначалникот на средба со босанската амбасадорка во Р. Македонија

Post Views: 2 Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со босанската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ. На средбата се разговараше за остварување меѓусебна соработка на повеќе полиња.  Се разговараше за интензивирање на соработката во туризмот, односно, подобрување на понудата за остварување на се повеќе балкански тури. Понатака, градоначалникот и амбасадорката, разговараа и за остварување на соработка во областа на културата, односно, гостување на босански уметници на „Охридско лето“. На средбата стана збор и за продлабочувањето на меѓусебните односи...

Continue reading

kandidati

Од вечерва на полноќ започнува предизборниот молк

Post Views: 6   Првиот круг од претседателските избори е в недела (13 април 2014 година).  Четворица кандидати претендираат за претседателската фотеља, Ѓорѓе Иванов, кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски, кандидат подржан од СДСМ, Зоран Поповски, кандидат на ГРОМ и Илијаз Халими, кандидат за претседател на ДПА. По 20 дена кампања зад нас, неколку анкети, сега на потег се граѓаните, во недела од 07 до 19 часот сите се рамноправни, зад параванот каде никој не гледа, самостојно граѓаните на Македонија ќе можат да го дадат својот глас за оној кои изминативе три недели...

Continue reading

Дали Кеј „Македонија“ трајно ќе стане пешачка зона

Post Views: 1 Кеј „Македонија“ да стане пешачка зона. Ова е идеја на тимот во Локалната самоуправа кој како урбанистички предизвик во рамки на програмата ICLD и SKL International од Шведска ќе го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“. Што за тоа мислат граѓаните. Дали спорд нив е подобро кејот трајно да стане пешачка зона или пак оваа улица е неопходна како сообраќајница. Општината спроведува и Е-АНКЕТА на која граѓните можат да гласаат за или против ваквиот проект. На официјалната веб страна ohrid.gov.mk објавен е начинот на кој секој што сака може да го...

Continue reading

atletika

Последен натпревар пред Европското екипно атлетско првенство во Исланд

Post Views: 6 Во потера по соборување на рекорди, атлетичарите од голем број атлетски клубови од земјава, денес конечно излегоа на стадионот „Билјанини извори“. Вчерашното невреме ги помести датумите за одржување на Атлетскиот куп на Македонија. По принципот „прави се што можеш“ најголемиот број од атлетичарите се натпреваруваа во повеќе дисциплини. Многу од тие дисциплини немаат ниту една заедничка допирна точка. Но верувале или не, младите талентирани атлетичари успеваат да постигнат добри резултати. Таков е случајот и со Александра Спасеска-претставник од Атлетскиот клуб „Охрид“. „Ова...

Continue reading

saem

Македонија атрактивна турстичка дестинација

Post Views: 0 Се поголем број Холанѓани, Белгијци, Германци, Британци, како и туристи од Србија, Турција, Албанија и Бугарија се одлучуваат да ја посетат Македонија и да се запознаат со природните богатства со кои располага. Со растот на инвестициите во туризмот, а со тоа и добивање на поатрактивна туристичка слика, очекувањата се дека приливите од туризмот и во иднина ќе се зголемуваат – минатата година во буџетот биле инкасирани над 200 милиони евра. – Туризмот е двигател на социо-економски развој. Има пораст на девизни приливи, има подобрување на платниот биланс, креирање...

Continue reading

sportska sala

Европско кошаркарско првенство во „Атина Бојаџи“

Post Views: 5 Охрид силно чука на вратите на европскиот и светскиот спорт. Во месец јули салата „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин на Европското првенство во кошарка во женска конкуренција до 20 години. Со потпишувањето на договорот меѓу ЈП Билјанини извори и КФМ Охрид беше одреден како централна фигура во ова атрактивно натпреварување. „Ова е значаен настан и за Македонија и за градов и за нашево претпријатие. После одржаното европско првенство во ракомет во 2008 година, ова е втор поголем настан што се одвива.“-рече Гордана Јованоска-Директор на ЈП „Билјанини извори“ Јованоска додава...

Continue reading

atletski miting

Државен рекорд на oхридско тло

Post Views: 1 И во Охрид се поставуваат државни рекорди. Неприкосновен во македонската младинска атлетика, Скопјанецот Кристиjан Ефремов го постави првиот државен рекорд на Охридскиот тартан.  И сега кој рече дека во Македонија нема таленти? Ова е веројатно првото прашање што си го поставувате кога ќе слушнете дека некој млад талент поставил државен рекорд. Резултатите се остваруваат самостојно, успехот неретко се финансира од сопствениот џеб, а кога ќе дојде време за фалење со по некој ваков резултат, редицата на подржувачи одеднаш станува многу, многу долга. Кристиан очигледно...

Continue reading

Формиран охридскиот огранок на партијата Единствена Македонија

Post Views: 1 Промовиран општинскиот комитет на партијата „Единствена Македонија “ во Охрид. Јанко Бачев,претседателот на партијата Единствена Македонија пред охриѓани ја претстави нивната политичка опција. Во изминатиов месец интересот на граѓаните за нашата партија е голем. Голема лага му се сервира на македонскиот народ во однос на ЕУ и НАТО, рече Јанко Бачев , претседателот на партијата Единствена Македонија. „Сето тоа го гледаме и луѓето ја прифаќаат нашата идеја. Ние пред еден месец најавивме радикален стратешки пресврт во нашата надворешна политика. Приоритет и заложба ќе ни...

Continue reading

ritsko iskacuvanje

Јованоски Јован – Државен Првак за 2011 во дисциплината ридско искачување

Post Views: 4 Напорен велосипедски викенд во Скопје, но во секој случај успешен за охридѓани. На два велосипедски натпревари, две златни медаљи за Екодром. Велосипедистот на „Екодром“, Јованоски Јован стана Државен Првак за 2011 во дисциплината  ридско искачување. Ден подоцна Јован освои уште едно златен медал, овојпат на редовниот натпревар за бодовната ранг листа на Велосипедската Федерација  на Македонија во планински велосипедизам. „ Немав некои големи очекувања, но во секој случај се чувствувам одллично, истака Јован. Ридското Државно првенство беше во организација на Велосипедската...

Continue reading

fk Ohrid

Охрид доби прволигаш

Post Views: 22 „Чувството е прекрасно, играв со Охрид во Првата лига, а еве денес и како тренер се радувам на овај огромен успех. Ова е голем плус за градот, за младите спортисти, кои сигурно ќе имаат многу поголем мотив да продолжат да го играат фудбалот.  Прва лига и си е прва лига, и уште еднаш им честитам на сите во клубот, управниот одбор фудбалерите  што успеавме да го внесеме Охрид во првата лига “- вели стратегот на тимот од Охрид, Зоран ЃорескиПо една долга и напорна сезона Охрид го прекина постот и на 90-годишнината од своето формирање по втор пат ќе игра во најсилната конкуренција. ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top