Tag: крст

Спасителите на Црвен Крст од Охрид пронајдоа женски леш над Лагадин

На 27 јануари оваа година, околу 17 часот, во СВР Охрид, припадник на планинарска спасителна служба на Црвен Крст-Охрид, пријави пронајден женски леш. Безживотното тело, врз кое, според првичните сознанија немало траги на насилство, било забележано на планинската патека која води од селото Горно Коњско кон населбата „Лагадин“. На местото на настанот излезен е Јавен обвинител по чија наредба, увидот ќе биде извршен денеска.

Continue reading

Пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL во Црвен Крст

Поради големиот интерес Црвен крст Охрид започнува нов, пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 11 февруари 2019 г, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид. Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, или на тел. 046 262-706 и 070 315309 или на е-маил: ohrid@redcross.org.mk најдоцна до 10.02.2019 г. TOEFL (Test of English as a Foreign Language)...

Continue reading

Иван Лотески го фати чесниот крст во Охрид

Иван Лотески беше најсреќен од стотината капачи кои денес запливаа во ладната езерска вода со желба да го фатат Светиот крст. 28-годишниот Иван Лотески светиот крст го фати и минатата година. Денес на градскиот плоштад имаше неколку илјади граѓани кои го проследија настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици. Покрај охриѓани имаше и многу домашни, но и странски гости кои воодушевено ги следеја случувањата. И оваа година манифестацијата Богојавление-Водици во Охрид се покажа како најдобро организирана и повторно во организација на Дебарско- кичевската епархија, а во...

Continue reading

Црвениот Крст од Охрид и екипите на јавните претпријатија ги вршат последните подготвки за Водици

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. На 18.01.2019 г. (петок) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите...

Continue reading

Црвен Крст и тимовите за интервенции на непристапни терени на готовс

Следи период на студено време со а од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат пообилни врнежи од снег. Со снегот доаѓаат и проблемите.  Црвен Крст е во постојана комуникација со ЦУК и очекува зголемен број повици , посебно за помош во рурални средини на стари лица.  Тимовите за интервенции на непристапни терени се на гостовс. Имаме капацитет од луѓе а годинава и од теренски возила да реагираме  на повик од граѓаните и институциите секаде каде што има потреба да се помогне, вели Сашо Точков , претседател на Црвен Крст Охрид. „Но нашите редовни тимови на волонтери од социјално – хуманитарната...

Continue reading

Се сретнаа претставниците на Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Република Бугарија

Делегација на Бугарски Црвен крст, деновиве ја посети централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија, како и Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга. Средбата е обид, долгогодишната соработка помеѓу двете национални организации да се подигне на едно повисоко ниво, преку презентација на заедничките можности за соработка на одборите од двете организации, а секако  во духот на Меѓународната организација на Црвениот Крст. Исто така соработката се состои и во размена на идеи на одредени општински организации од земјава, со општински организации од соседна Бугарија, посочи...

Continue reading

Една деценија хуманитарна акција „За посреќно детство“ на OO Црвен крст

Утре ќе стартува хуманитарната акција „ За посреќно детство“ во организација на ОО Црвен Крст. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви ќе бидат наменети за помош на децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца. Големата хуманитарна спортско-рекреативна акција ќе започне со трка од плоштадот „Крушевска република-Чинар“ до градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. Охриѓани преку многу спорт, едукација, дружење, забава, хуманост и многу награди ќе им помогнат на децата кои имаат потреба од помош. Нивниот број е во пораст посебно на лицата кои имаат потреба од лекување,...

Continue reading

Црвен крст Охрид го најавува ПХВ ШОУ

Црвен крст Охрид со големо задоволство го најавува настанот ПХВ ШОУ на кој ќе биде промовиран финалниот производ од овогодинешниот циклус на програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), а ќе бидат претставени и 6-те проекти кои ги изработија 47 младинци како дел од програмата ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ. Со проектите беа директно опфатени и помогнати 50 луѓе со нивните семејства, преку обезбедување на апарати за домаќинство, средства за лекување,  екскурзија, а се изработи и еколошко градско катче. Посебен сјај на ова ПХВ ШОУ ќе дадат пет наши познати сограѓани,...

Continue reading

ЦРВЕНИОТ КРСТ ОД ОХРИД СО КАМПАЊА ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО

Општинската организација на Црвениот Крст  од Охрид, започна со кампањата “За посреќно детство“, која ќе финишира на 29 овој месец со спортско –рекреативен настан на кој ќе учествуваат ученици од сите возрасти. Во кампањата активно ќе биде вклучена  и локалната самоуправа и јавните претпријатија и училиштата од градов. Градоначалникот Јован Стојаноски денес ги прими волонтерите на Црвен Крст од Охрид и им посака многу успех во спроведувањето на активностите. Собраните средства ќе бидат донирани на децата од социјално ранливите семејства од Охрид и Дебрца.

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top