Post Views: 3
Охрид брои ситно до почетокот на 9та Гимназијада на средношколски натпревари. Нашиот град годинава ја зеде улогата на домаќин на спортските натпревари кои во наредните неколку денови ќе се случуваат буквално во секоја спортска сала и терен во градов, па и во околните места.
Пеце Ѓеоргиески, претседателот на Сојузот на училишни спортови вели дека доколку се покажат како добри домаќини, наредната година ќе се обидат да ја добијат и организацијата на олимпијадата за основните училишта.
„Ќе бидат застапени сите спортови. На сите спортски борилишта во градов, во сите спортски...
Post Views: 8
Како што се ближи датумот на претставување на новиот модел (или новите модели) на iPhone, на интернет се објавуваат гласини за опциите на овој телефон па така веќе се знаат повеќето работи кои ќе ги има iPhone 6. Се очекува дека Tim Cook овој телефон ќе го претстави на конференцијата во Сан Франциско на 9 септември, а постои можност дека на истиот ден ќе го претстави и првиот phablet на Apple кои во кратко време би можел да го освои пазарот на хибридни уреди помеѓу телефон и таблет.
Последните информации поврзани за овие телефони се однесуваат на камерата и резолуцијата...
Post Views: 0
Со најдолгото македонско оро до Гинисов рекорд
Се прават завршните подготовки за влез во Гинис со најдолгото македонско оро. На 10 мај, ќе се игра 8 минути оро во должина од 18,5 км и ќе почне од Струга од мостот, а ќе се вие до Горица Охрид, по стариот пат. Со оваа манифестација Македонија ќе се обиде да го сруши досегашниот Гинисов рекорд кој го држат Кинезите со 17.200 учесници. Досега за учество во манифестацијата се пријавиле околу 18.200 учесници , а пријавувањето ќе биде затворено в четврток. Орото ќе може да го играат само пријавените лица кои ќе имаат идентификациски...
Post Views: 1
Владимир Путин сеуште не го прифатил предизвикот кој му го упати Vin Diesel, да се полие со канта вода полна со мраз, во склоп на кампањата “Ice Bucket Chalenge” која има за цел да ја подигне свеста за амиотрофичната латерална склероза (ALS), пишува The Independent.
Освен Путин, Diesel, ги предизвикал и актерката Angelina Jolie и првата дама Michelle Obama.
Призорот каде Путин се полева со ладна вода веројатно нема никогаш да го видиме. Наместо Путин на предизвикот одговорил со изјава неговиот портпарол Дмитриј Песков и рекол дека претседателот веројатно не е свесен...
Post Views: 6
На аеродромот „Св.Апостол павле“ денес ќе слета првиот четирите чартер-летови од Австрија до Охрид.
Аавионот на авиокомпанијата „Флај Ники” ќе донесе 186 австриски туристи кои неколку дена ќе уживаат во убавините на охридската ривиера.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Проектот за безбеден раст и правилен физички развој на децата кој го спроведува кинезитерапевтот Јован Каланоски успешно функционира во општина Дебрца. Овој проект пред околу 2 години се спроведуваше и во општина Охрид, а резултатите добиени од тогашните испитувања зборуваа за сериозен број на деформитети кај децата од основните училишта. Каланоски вели дека не само што процентот на деца кои имаат некаков деформитет е голем, туку и дека за жал тој процент од година во година расте.
„Проектот е доста интересен како за нашиот град, така и за општините од околината, така...
Post Views: 42
Воспоставување бродска линија на релација Охрид- Струга посакуваат охридските туристички работници. Додека се чека меѓународната бродска линија Охрид – Поградец нивна сугестија е што поскоро да профункционира сообраќајна линија и по воден пат помеѓу соседните градови. Ова ќе биде одлична понуда за гостите кои престојуваат во двата крајезерски града за разглед на туристичките знаменитости во двата града да патуваат со брод, вели Владо Суклоски туристички работник и добар познавач на состојбите во туризмот. Според него, тоа финансиски би чинело малку, а...
Post Views: 1
На бројните опасности на работното место во вселената, сега како нов проблем се придодаде и недостатокот на сон.
Астронаутите не спијат доволно пред мисијата во вселената, објавиле научниците во студијата објавена во часописот Lancet Neurology.
Истражувачкиот тим утврдил дека астронаутите спијат помалку од шест часа, ноќ пред лансирањето, а на меѓународната вселенска станица (ISS) во просек сонот им трае шест часа и пет минути.
Американската вселенска агенција NASA на своите астронаути им препорачува спиење од осум часа во вселената. Оваа разлика покажува дека астронаутите...
Post Views: 1
Охриѓани деновиве се жалат на квалитетот на водата за пиење. Велат дека има чуден мирис и е заматена и додаваат дека по се изгледа тоа се должи на обилните дождови кои ги имавме изминативе денови. Од Центарот за јавно здравје смируваат. Велат дека водата од градскиот водовод постојано се контролира и дека е со добар квалитет.
–Апелирам до сите граѓани кои ќе почувствуваат или видат некое отстапување од квалитетот на водата да се јават во Центарот за јавно здравје или да ја користат нашата веб страна каде можат да се информираат за одредени препораки не само за...
Post Views: 1
Галаксијата и соларните тела видени низ две различни ликовни техники и прекрасните прстени, огрлици и обетки се моќната сила со која двете уметнички, Ивана Настевски и Ивана Стојановска-Станковиќ деновиве ќе ги привлекуваат охридските љубители на уметноста во Куќата на Робевци. Настевски вели дека во епицентарот на нејзините изложени дела е големата богиња мајка како главен елемент во создавањето на целиот систем.
„Темата сама по себе е многу деликатна заради тоа што и подрачјето не обработува односно праисториските елементи, симболи, знаци, првите знаци на човеково...
Post Views: 0
Современа медицинска опрема ќе биде донирана за детското одделение во Општа болница. За потребите на најмладите пациенти ќе бидат набавени најсовремени ехо и екг апарати, микроскоп, инфизиони пумпи. спирометри, пулсометар, отоскоп. Донацијата во висина од 60.000 долари е на Ротари Интернационал. Набаваката на опремата беше во координација со педијатрите со кои дојдовме до заклучок што е потребно на ова одделение, вели охридскиот педијатар и пас президент на Роротари клубот , д-р Никола Филев. Со оваа опрема ќе се доближат стандардите на одделението до европските...
Post Views: 7
По девети пат матурска парада во Охрид. Во тек се подготовките за овој традиционален настан кој матурантите и годинава ќе го изведат на градскиот плоштад. На часовите по фискултура се вежбаат последните елементи за изведба на танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“ кој како што изјави Соња Думбалова Делова, професорката која години наназад стрпливо, професионално и напорно работи со генерациите матуранти.
„Оваа година новина е тоа што се вклучени сите средни школи од градов, угостителското училиште „Ванчо Питошески“ електромашинскиот училишен центар „Св Наум...