Ознака: кои

megasi

Меѓународен ден на СОС линијата за помош на децата

Post Views: 6 Функцијата на СОС телефоните е од огромно значење бидејќи  овозможуваат гласот на секое момче и девојче да биде слушнат, посебно на оние кои се инволвирани во семејните проблеми и зависни од постапките на возрасните, кои пак не секогаш свесно и правилно постапуваат со децата. Добро е да се знае дека од помошта децата ги дели само еден телефонски повик, велат од првата детска амбасада Меѓаши.  Само во 2013 година на СОС телефонот за деца и млади 08001 2222 биле регистрирани 279 контакти, а со кои подоцна дополнително било комуницирано 969 пати. Од Меѓаши апелираат до...

Continue reading

poplava srbija

Црвен Крст од Охрид подготвен да помага во Србија

Post Views: 2 Деновиве Црвениот крст од Охрид е во постојана комуникација со Крагуевац и Ужице, општините кои се погодени од катастрофални поплави, а со кои пак нашиот град е збратимен. Претседателот Сашо Точков, вели дека од нивна страна на двете српски општини им била понудена помош со она што тие го имаат на располагање, односно на готовс се единиците за спасување на планина и непристапни терени. „Ние веќе подготвивме 4 тима на спасители со потребната опрема, тоа се спасителни чамци , средства за спасување и дел од оние логистички ресурси кои што ги имаме дел ќебиња и останати...

Continue reading

logo

Девет годинки, како Охрид не бери гајле

Post Views: 2  Девет годинки постоење на радио проектот „Охриде не бери гајле“. Проект кој се емитува на фрекфенцијата на „Супер радио“ речиси една деценија ги информира и забавува охриѓани. Четиричасовната емисија ја води познатиот актер и водител Жанко З’ш Голабоски, а дел од тимот се и Тони Џомба и DJ Јане кои несомнено го создаваат најслушаниот радио термин во Западна Македонија. „Девет години не се мала работа да го трпиш џомбава, шала настрана, и веќе кај луѓето стана навика, најнормално, добра музика, лесен муабет, без многу филозофирање, секојдневие. Дел сме на охридско...

Continue reading

Не требаше да се види ова што се случува

Post Views: 4 Новото истражување на центарот за вселенски летови Goddard на NASA,  покажало дека големи количини на хемикалии се одговорни за уништувањена озонската обвивка кои и понатаму се ослободуваат во атмосферата и покрај меѓународните забрани. Новите мерења покажале дека и покрај протоколот од Монтреал, кој ја ограничува употребата на низата на хемикалии кои го уништуваат озонот, емисијата на јаглерод тетрахлорид (CCI4) и понатаму продолжува. Спрема договорениот протокол тие емисии би требало да изнесуваат нула, но мерењата на NASA покажале дека на годишно ниво во атмосферата...

Continue reading

bilbordi

Ќе се издаваат локации за билборди во Охрид

Post Views: 1 Хаосот со рекламирањето на јавните површини Локалната самоуправа на Охрид ќе го решава со унифициран изглед на билбордите. Ова го најавија од локалната пред два дена, а целта е градот да добие поубав и помодерен изглед. До крајов на месецов пак, се очекува да биде завршена тендерската постапка за доделување на локации за поставување рекламни паноа, билборди. Почетната цена ќе биде утврдена утре со одлука на Совет, а локациите ќе бидат издадени за период од 4 години. Од ова може да се заклучи дека унифицирани билборди на охридските улици нема да видиме наредните 4 години....

Continue reading

параглајдер

Параглајдеристите бараат изземање од ценовникот на НП Галичица

Post Views: 10 Лавина реакции предизвикаа цените кои НП Галичица ќе ги наплаќа од 1 јуни. Љубителите на природата испраќаат остри критики на адреса на паркот. Има најразлични коментари од кои заедничка констатaција е  дека  високите цени го загрозуваат рекреативниот туризам.  Засегнати од ценовникот се најдоа и параглајдеристите. „ Параглајдеристите од каде што ќе летаат ќе плаќаат 300 денари за 30 минути , а  цена за дневно полетување е 1000 денари. Со овие цени ќе почне наплатата“, ги најави новините  Огнен Достиноски од НП Галичица. Мендо Велјаноски, македонски светски првак во...

Continue reading

biljanini

Охрид-главен центар на спортските збиднувања во земјава

Post Views: 2 Организирањето на завршницата од кошаркарскиот куп на Македонија, Гимназијадата 2014та како и престојните финални средби во ракометниот куп на Македонија, само предвесник на многуте значајни спортски манифестации кои ќе се случуваат во Охрид во наредниов период. Директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев вели дека сите овие спортски настани ставаат до знаење дека Охрид полека станува центар на најзначајните спортски манифестации во земјава. Тој со особена гордост го истакна одигрувањето на полуфиналните средби но и големото финале во ракометниот куп на Македонија...

Continue reading

prva makedonska udarna brigada

Батериска ламба

Post Views: 0 Граѓаните кои живеат на дел од улицата „Прва македонска ударна бригада“ пред да излезат навечер надвор од своите домови обавезно си земаат батериска ламба. Оваа сообраќајница е  опасна по живот бидејќи по неа се движат голем број возила,  нема тротоар, а нема и  улично осветлување. Ако жителите сами не си го осветлат патот не им се гледа прст пред око. Неколкуте бандери на кои се поставени светилките кои се прегорени се дополнителен проблем бидејќи се наоѓаат на самиот коловоз. И учениците кои учат во ОУ “Христо Узунов“ кога се попладне нашколо мора дома да си одат во...

Continue reading

И Кина не е поштедена од тероризам но…

Post Views: 3 Осум лица, меѓу кои и тројца кои ја “осмислиле” сообраќајната несреќа на главниот пекиншки плоштад Tiananmen во октомври минатата година, се егзекутирани, објавила државната власт. Имено, во налет на автомобил во насобрана маса луѓе смртно настрадаа 5 лица, додека уште 40 беа повредени. Кинеските власти екзекутирале осум лица обвинети за терористички напади во западната покраина Xinjiang. Xinjiang е покраина во која живее народот Ујгури со муслиманска вероисповест, а кинеските власти нападите ги препишаа на исламистичките сепаратисти кои сакаат независна...

Continue reading

еремија

Бегај, бегај гадуријо ете ти го Еремија…

Post Views: 7 Денес православните христијани одбележуваат еден од поголемите пролетни празници, во чест на Светиот пророк Еремија. Тој живеел шест века пред Исус Христос. Роден е во малото село Анатот во близината на Ерусалим. Уште како дете го слушнал гласот на Бога кој му одредил да биде пророк. Еремија не сакал да биде пророк, се оправдувал со тоа што уште бил мал, но не можел да ја одбие Божјата заповед. Така од 15 години станал пророк. Поради тоа што претскажал многу несреќи за еврејскиопт народ имал многу непријатности. Три пати бил затворан, а животот го завршил со каменување...

Continue reading

galicica

НП Галичица од јуни ќе почне да наплаќа влезници

Post Views: 11 НП Галичица за посетителите од јуни ќе почне со наплата на  влезници. Цените за наплатата се формирани, а влезници  ќе се купуваат во инфо центрите во Охрид и во Стење, кажува Огнен Достиноски од НП Галичица.  Влезниците ќе чинат 30 денари по лице за еднодневен престој,  за автомобил ќе се наплаќа 50 денари, а за комби и мини бус  80 денари. За посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем град влезницата ќе чини 200 денари за еден посетител, напоменува Достиноски. Исто толку ќе чини еднодневно кампирање кое е дозволено единствено во локалитетот...

Continue reading

Седум непознати факти за Коко Шанел

Post Views: 3 Денес Шанел спаѓа во најлуксузните брендови од топ класата, но во времето на големата Коко тоа било екстравагантен исчекор за сите поими на модата. Точно на 19 август се навршија 130 години од раѓањето на креаторката која била прв визионер во модниот свет, жена која го прослави софистицираниот стил и која ја однесе модната индустрија чекор нанапред. По овој повод ви носиме седум факти кои се малку познати за француската дизајнерка. –Првите сознанија за ткаењето ги добила од калуѓерки – Коко Шанел комплетното знаење за ткаење и материјалите ги добила од калуѓерките...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top