Ознака: историја

deca

Охрид започна со чествувањето на големиот национален празник, 11ти Октомври

Post Views: 2 Општина Охрид со свечено обраќање на претседателот на совет, Д-р Гордана Коњаноска започна со чествувањето на11 Октомври, денот на востанието на Македонија. Овој ден од македонската историја, не е само симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност, рече Д-р Гордана Коњаноска -претседателката на Совет. Коњаноска подвлече дека на овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот....

Continue reading

Krste Krstanoski

Борците од Охрид и Дебрца свечено ги одбележаа 11-ти Октомври и Денот на борецот

Post Views: 1   Во одбележувањето на 11 Октомври Денот на востанието на Македонскиот народ како и Денот на борецот се приклучија и борците од Охрид и Дебрца. Тие денес положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на НОВ во Паркот на револуцијата„Единаесетти окотомври за Македонија и македонскиот народ како и за националните заедници кои живеат во Македонија го одбележува почетокот на последното востание на македонскиот народ за остварување на сите цели за кои се бореле претходните востаници“ истакна Крсте Крстаноски еден од преживеаните учесници од НОВ. Крстаноски и Васо Цветаноски...

Continue reading

F1 Singapur

Формула 1 пишува историја

Post Views: 4 Трката ќе се вози низ улиците на милионскиот град и организаторот најавува спектакуларна трка сместена на  егзотична локација.Бидејќи за прв пат во историјата на Формула еден ќе се вози ноќе, организаторот очекува да бидат урнати рекордите на гледаност. Осветлувањето ќе биде четири пати посилно од она ое се користи на фудбалските натпревари.Гран При трката  ќе започне во недела  во 20:00 часот по локално време односно 14:00 по македонско време. Првиот тренинг е закажан за утре во 19:00 часот по локално време. а еден циркусот отвора нова страница во својата историја со...

Continue reading

spomenik

100 години од Охридското востание

Post Views: 2 Денес охриѓани се присетуваат на еден од најзначајните револуционерни настани во овој регион. Помалку заборавено и прескокнато од историските книги, Охридско-Дебарското востание од 1913та година со заедничка идеја ги обединило за прв пат македонските револуционери со албанските, со што уште повеќе добива на историски значај. Ова востание било кренато како знак на револт против тогаш донесениот Букурешки мировен договор со кој била поделена Македонија. Христо Матов, син на Милан Матов, еден од најистакнатите војводи во охридската чета, денес се присети на приказните...

Continue reading

Grozdanov

Цветан Грозданов-Цел живот посветен на наука и истражување

Post Views: 1 Зборовите „Златен јубилеј“ не се доволни да се објасни сјајот на една долга и успешна кариера. Цели педесет години, академик Цветан Грозданов, со сето свое знаење и искуство стекнато со макотрпна работа, стои прв на фронтот на откривањето и презервацијата на македонските најзначајни културно-уметнички дела. За нас, охриѓани, Грозданов е двојно позначаен поради фактот што е наш сограѓанин. Од детството поминато во Света Софија, преку значајот на Охридската архиепископија, ликот на Свети Климент е негова најчеста размисла. Според академик Грозданов, токму овој период...

Continue reading

makedonija

„Македонија во Втората светска војна“

Post Views: 19 „Македонија во Втората светска војна“. Ова издание на нашиот медиум го бележи своето прво претставување, нагласува редакторот на овој научен труд професор Владо Иваноски. Тој заедно со сега покојната Вера Весковиќ-Вангели, кажува дека со работа од 6 години и многу вложен труд, успеале да ја објават најобемната историска хронологија за Вардарска Македонија. „Идејата за ова дело кај мене и кај мојата колешка, како соработници на институтот за национална историја на Македонија тлееше многу време за да во 2000 година отпочне нејзината реализација“,„Значи основната цел...

Continue reading

spomenik NOV

Македонија слави 70 години НОВ

Post Views: 4 Република Македонија денес го прославува можеби најзначајниот датум од својата историја, 11 Октомври, денот на кој пред 70 години нашите дедовци и прадедовци организирано се спротиставија на фашистичкиот окупатор. Сега, 70 години подоцна, прославата започнува со партиски препукувања околу тоа кој е поголем патриот во земјава, сега, 70 години подоцна, овој државен празник иако неработен ден се прославува работно. Се чини како полека да избледува она што никогаш не смее да избледи, историјата на еден огорчен народ.За помладата генерација која сеуште не го допрела учебникот...

Continue reading

nov

Свечено одбележан големиот јубилеј 70 години од почетокот на НOАВМ

Post Views: 5 Во Охрид одбележан големиот јубилеј 70 години од почетокот на Народно Ослободителната антифашистичка војна на Македонија и Денот на Востанието 11 Октомври. Пред голем број присутни и преживеани учесници од НОВ и почитувачи на нивната борба, за текот на значајните историски настани од овој дел на поновата историја, се осврна претседателот на општинската организација на Сојузот на борците од НОБ, Гоце Георгиески. Тој потсети дека родољубите и патриотите, на овој светол ден ја започнаа борбата против фашизмот и станаа дел од големата светска коалиција која заврши со...

Continue reading

promocija na kniga

Митологијата на македонците-книга за вистинската етногенеза на Македонецот

Post Views: 2 Македонското битисување и македонизмот презентирани не како историја на античките македонци, туку единствено како македонска историја без никакви додавки. „Антигона-Неготино“ на Ангелина Маркус и „Митологијата на Македонците“ на Ристо Попоски ни даваат еден поинаков увид врз сопствената историја. Ангелина Маркус се јавува како рецензент на второто дело кое денес беше промовирано во Центарот за култура, „Митологијата на Македонците“ на Ристо Попоски. Во книгата се прикажува една поинаква слика за приказните од митологијата кои носат или римски или грчки имиња, но се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top