Ознака: изложба

Houdini

Худини-уметност и магија

Post Views: 7 Лисици, окови, комора за измачување и синџири се само дел од големата изложба на предмети користени од светски познатиот магионичар, Хари Худини. Во пресрет на денот на неговата смрт, 31 октомври, во Еврејскиот музеј на Менхетн во Њујорк вчера беше отврена изложбата под наслов „Худини, уметност и магија“, на која се претставени голем број фотографии од овој легендарен магионичар како и предмети користени во неговите настапи. „На изложбата се претставени историски постери, плакати, фотографии, филмови и магиски помагала на славниот Худини. Има изложено и предмети кои...

Continue reading

упевче

Славко Упевче со изложба во Вевчани

Post Views: 1 Во Вевчани се прават завршните подоготовки за одржување на утрешниот традиционален  карневал. Атмосферата во Вевчани започна да се загрева  сонастапите на музичките групи Слаткаристика, Сарс и Брас Брадарс. Покрај настапот на музичките групи манифестацијата се збогатува  и со две  изложби.  Гостите во Вевчани ќе може да погледнат две изложби икони на резбарот Александар Баткоски  и слики од охридскиот академски сликар Славко Упевче. Неговите уметнички дела  ќе бидат изложени во Вевчани една недела. Упевче по 3 децении повторно гостува со изложба по неговото прво претставување...

Continue reading

Отворена ретроспективната изложба на делата на охридскиот сликар Вангел Наумовски

Post Views: 1 На изложбата се изложени речиси стотина дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски. Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети – тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, на задоволството, жената и љубовта… Неговите поетски слики со виртуозен потег го доловуваат светот на границата помеѓу сонот и јавето, меѓу земјата и космосот, царствата на растенијата и цвеќето, убавините на охридските нимфи. Волшебните светови...

Continue reading

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА НА ЖЕНИ СЛИКАРКИ

Post Views: 1 Во рамките на одбележувањето на јубилејот,25 години од основањето на Женскиот центар „ Бисера“ , викендов во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена ликовна изложба на жени сликарки од Охрид. На свеченото отворање на изложбата се обрати претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска. „Со поставувањето на оваа традиционална ликовна изложба, која се организира по повод одбележувањето на 25 години од основањето на Женскиот центар „ Бисера“, на специфичен начин заеднички го одбележуваме 8-ми март, Меѓународниот ден на жената. Ја одбележуваме 25 годишнината...

Continue reading

Изложба на Полската школа на плакати

Post Views: 6 Богатата збирка na плакати која Полската амбасада во РМ ја донесе, во земјава достапна и за охридската уметничка публика. Во наредниве неколку денови во спомен куќата на Христо Узунов, изложени се делата на најистакнатите полски автори на плакатот од таканаречените Златни години од 1950 година до денес. Со децении, ниту еден јавен настан, филм, фестивал, концерт,театарска престава не е презентиран без присуство на плакат. Со инвенцијата на тробојната литографски процес во 1880 година од страна на францускиот графичар Џулс Шерет плакатот на крајот од 19 век во Европа...

Continue reading

Димче Коруноски е добитник на сребрен медал на Меѓународна изложба во Котор

Post Views: 5 Охридскиот фотограф, аматер Димче Коруноски успешно ја завршува оваа година . Тој во низата меѓународни награди се закити со сребрен медал од Меѓународниот конкурс во Котор. Сребрениот медал го доби од жирито на тема „Патувања“, вели скромно Коруноски претседател на ФК Охрид. „Во 2019 добив две награди на Меѓународни изложби во Котор , сребрен медал за фотографија на тема „Патувања“ и пофалница на Меѓународна изложба во Скопје од жирито на тема „Луѓе“. Бројни се наградите и пофалниците од меѓународните изложби каде што учествувам, не само јас туку и останатите членови...

Continue reading

ТРАДИЦИОНАЛНА ИЗЛОЖБА НА „ФОТО КЛУБ – ОХРИД“ ВО ЧЕСТ НА СВ.КЛИМЕНТ

Post Views: 0 Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид. Веќе неколку години Фото Клубот од охрид е дел и од Фото Сојузот на Македонија, а многу често е организатор на најпрестижни светски изложби, често пати жири во селекција на најдобрите фотографии на цел свет. Клубот постори 21 година. Многу од фотографиите на членови на охридскиот клуб се закитиле со престижни награди на светско ниво. Ја претставиле и че ја претставуваат нашата земјана светски...

Continue reading

Во охридската библиотека изложба на книги „Родени во септември“

Post Views: 2 Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од утре до петок 20 септември ќе биде отворена изложба на дела од роднокрајни автори родени во септември. Во „Прличевата одаја“ ќе бидат поместени делата од познатите автори: Димче Маленко, Крсте Чачански, Боро Ѓорѓиоски и Милош Линдро кои грижливо се чуваат во Роднокрајното одделение. Ова е можност повозрасните да се потсетат на нивното творештво а младите можеби за прв пат да се сретнат со нивните дела кои имаат непроценлива вредност во областа на литературата а се и огледало на животот во Охрид во минатото.

Continue reading

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „JUMPING TOGETHER” ВО ОХРИД

Post Views: 0 Општина Охрид во соработка со Амбасадата на Израел во Република Северна Македонија во сабота на 27-ми јули 2019 година ќе организира изложба на фотографии „Jumping Together” oд израелскиот амбасадор во нашата земја Дан Орјан. Изложбата ќе се одржи на малиот плоштад кај „Долна Порта” со почеток во 21 часот. Оваа изложба за прв пат била претставена во Претседателската градина на претседателот на Израел и има добиено специјална награда за придонес во развојот на општеството во оваа земја. Исто така, изложбата до сега била претставена и во Виена, Нови Сад и во Скопје.

Continue reading

ОТВОРЕНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА НА МАЈКЛ КЛОС

Post Views: 0 Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, во Куќата на Уранија – МАНУ, ја отвори изложбата на Мајкл Клос, канадски и светски уметник со македонско потекло. – Мајкл Клос е светски познат ликовен, драмски и филмски уметник, дизајнер и докажан хуманитарец. Тој е светски и наш. Судбината сакала од родниот град Торонто во Канада, во средината на осумдесетиите години од минатиот век, да тргне да ги бара своите корени и за првпат да стапне на македонско тло. Во Леринско го наоѓа родното место на мајка му, во Ќустендил татко му, а во Охрид, како што ќе рече Клос,...

Continue reading

ИЗЛОЖБА НА ПОРТРЕТИ НА КОЧО РАЦИН

Post Views: 0 Во Основното училиште „Кочо Рацин“ на 30.04.2019 година (вторник) од 12:00 до 14:00 часот ќе биде поставена изложба на портрети на Кочо Рацин, по повод 80 години од печатењето на збирката „Бели Мугри“. Изложбата е организирана од страна на фондацијата „Ангел Петров“ од Велес. Од страна на фондацијата ќе бидат изложени 20 портрети на Кочо Рацин.

Continue reading

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ изложба на дела од роднокрајни автори родени во април

Post Views: 1 Во пресрет на 23 Април – Светскиот ден на книгата и во рамките на редовните месечни активности од денеска до среда 24 април во Прличевата одаја на библиотеката ќе биде отворена изложбата на книги РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ – РОДЕНИ ВО АПРИЛ. На овој пригоден начин охридската библиотека ги одбележува родендените на следните автори: Миле Волканоски , Боро Ситникоски, Куртиш Демироски, Дамјана Видическа и Мишел Јузмески. Изложбата заинтересираните можат да ја видат секој работен ден од 9 до 18 часот.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top