Tag: игран

ИГРАН ФИЛМ

ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК 22:30   Гледањето филмови е добар начин да се забавувате. Секоj работен ден ТВМ Телевизија ви нуди голема разновидност на играни филмови, од различни жанрови, па затоа не е секогаш лесно да се избере кој сакаме да го видиме. Разновидноста на типовите филмови ја разгорува нашата имагинација. Страшен филм, авантуристички филм или комедија, сите од нив тие прават да чувствуваме различни емоции кои ги збогатуваат нашите животи, но изборот секогаш е ваш. Од понеделник до петок, во 22:30 на ТВМ телевизијА, термин за игран филм.  

Continue reading

„Џган“, македонскиот игран филм добива позитивни критики

„Џган“ е новиот македонски дебитански игран филм на Вардан Тозија, кој охриѓани имаа можност да го погледнат вчера во ЦК „Григор Прличев“. Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.   Новиот македонски филм Џган веќе започна да се емитува во кината во земјава. Синоќа можност да го гледаат имаа и охриѓани. Снимен за само 25 дена со едно брзо темпо во Скопје, а само една сцена во затворот во Битола, досега добва само позитивни критики. Дел од нив говорат дека ова издание е едно од најдобрите во земјава последниве 10 години. Мартин Ѓоргоски е главниот лик во...

Continue reading

дзган

Во четврток, охридска премиера на новиот македонски игран филм „Џган”

Новиот македонски игран филм „Џган” ќе почне да се прикажува низ центрите за култура во повеќето градови низ републикава. Филмот ќе има можност да го погледне и охридската публика. Новиот македонски игран филм „Џган” ќе почне да се прикажува низ центрите за култура во повеќето градови низ републикава.Филмот ќе има можност да го погледне и охридската публика. „Џган” е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30-ти март во Градското Кино Милениум во Скопје, а веќе следниот ден своја филмска премиера ќе доживее и во Охрид. Македонски продуцент на...

Continue reading

sina

„Сината боја е најтопла“ на кино-репертоарот во Охрид

Од утре на кино-репертоарот на Центарот за култура „Гриогор Прличев“ ќе се прикажува францускиот игран филм  „Сината боја е најтопла“. Од утре на кино-репертоарот на Центарот за култура „Гриогор Прличев“ ќе се прикажува францускиот игран филм  „Сината боја е најтопла“. Оваа романтична приказна се плете околу Адел, девојка која е различна од нејзините врсници. Вниманието почнува да и го привлекува девојка по име Ема. Ема е студент на ликовната уметност, која се спријателува со Адел и оди да живее со неа. И она што следи од тоа пријателство е неверојатна блискост што произлегува од љубовта. Двете...

Continue reading

filmska revija

Вечер на филмот во Центарот за култура „Григор Прличев“

Со два документарни и еден краток игран филм пред охриѓани ќе се претстави младиот режисер, Гоце Димовски. Филмска вечер во Охрид. Во центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва ќе се прикажуваат два документарни филмови и еден краткометражен игран филм. Трите се режирани од младиот македонски режисер, Гоце Димовски. Првиот документарен филм, насловен „Трендафил и кунатка“ е снимен во 2006та година и претставува етнолошки документарен филм, а ја обработува темата пустошот на македонското село. „Бисерот од небото“, вториот документарец всушност претставува портрет на познатиот музичар Јане Ангелевски...

Continue reading

logo

Почнува снимањето на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“

На повеќе локации во Скопје, Дебар и Куманово од денеска почнува снимањето на долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов“ на сценаристот и режисер Владимир Блажевски. На повеќе локации во Скопје, Дебар и Куманово од денеска почнува снимањето на долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов“ на сценаристот и режисер Владимир Блажевски. Во филмот, кој ќе се снима 40 работни денови, Скопје е претставено како метропола, пандан на поголемите европски градови. Филмот е современа траги комедија или црна комедија која во извесна смисла се занимава со некои феномени на маргинална...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top