Ознака: заштита

Svetiklimentovo ucilishte

Започна дотерувањето на некогашното Светиклиментово училиште

Post Views: 8 Некогашната зграда на Свети Климентовото  училиште започна да се дотерува. По враќањето на објектот како црквен имот со процесот на денационализација сега забрзано  се реновира неговата надворешност и внатрешност.    Од Дебарско- кичевската епархија кратко информираат дека во објектот ќе биде сместена нивната  администрација. Реновирањето на зградата се прави според проект одобрен од Завод и  Музеј. Работите треба да завршат до крајот на годината.  Зградата во текот на минатото  имала  неколку  намени почнувајќи од основно училиште, Музеј на Словенската  писменост, простор...

Continue reading

Gjorgi Trpcevski

Охридските пензионери бараат корекција на пензиите

Post Views: 4 Трпчески додаде дека усогласувањата на висината на пензиите го очекуваат отприлика во месец Октомври, но сеуште немаат сознанија колкаво ќе биде тоа поместување и што тоа ќе значи за пензионерите. Сепак се надеваат на што побрза корекција на пензиите, бидејќи животните трошоци им се зголемиле од последното корегирање на висината на пензиите. „Тоа беше минатата година, но беше многу симболично, многу мало околу 2-3% оваа година очекуваме да биде барем малку повисоко, околу 3 можеби над 3. Па да видиме сега реков да не преудицираме затоа што статистикава треба да го каже...

Continue reading

kucinja

Внимателно со домашните миленици

Post Views: 1 Домашните миленичиња, кучињата, се без контрола од нивните сопственици. На потегот од пристаништето до Билјанини извори, па преку каналот се до Горица, секојдневно гледаме растрчани домашни миленичиња. Што е уште потрагично сопствениците на кучињата ги пуштиле од синџир неводејќи сметка дали кај некој од бројните рекреативци, љубители на утринскиот воздух ќе предизвикаат одредена паника или страв, посебно кај женскиот пол и децата. Оваа тема ја наметна наш сограѓанин кој преку допис до нашиот медиум се обрати со конкретна забелешка. Тој потенцира, дека кој и да е и...

Continue reading

zgrada

Кој гради на „Видиковец“?

Post Views: 1 Индивидуална станбена зграда која се гради во стариот дел на Охрид на местото познато кај Охриѓани како Видиковец, затрупува базилика и темели од црквата Св Тројца. Жителите од ул. Климентов универзитет очајнички бараат помош од надлежните со цел да се стопира градбата на овој габаритен објект. Велат се обративме до сите инспекциски служби, но реакција од никаде. Очигледно оваа градба има посебен третман, додаваат тие. Но, на реакциите денеска се огласи Бранко Арнаудов раководителот на секторот за урбанизам при локалната самоуправа, кој потврдува дека пред неколку години...

Continue reading

klanica

Денови на ветеринарна медицина

Post Views: 1 Почитувањето и спроведувањето на Законот за заштита и благосостојба на животните, здравствената заштита на животните и безбедноста на храна, се само некои од темите за кои  деновиве македонските доктори по ветеринарна медицина, активно ќе дискутираат. Проф Д-р. Дине Митров, декан на Факултетот за ветринарна медицина, вели дека со овој закон, кој скоро две години е стапен на сила, се опфатени сите сегменти, од чување на животните, па се до нивниот транспорт. Со него исто така се одредени и казнените мерки, но колку истиот се почитува, тоа не би можел да го кажам, додава...

Continue reading

pozar

Голем шумски пожар беснее на потегот Опеница-Прентов мост

Post Views: 2 Од 10 часот изутрина беснее пожар на патниот правец Охрид-Битола во атарот на селото Опеница, во близина на месноста Прентов мост. Гори борова шума и дуглазија на површина во должина од 2,5 километри и  висина од 500 метри. Ова за ТВМ го изјави шефот на заштита од ЈП “Македонски шуми“,  Јовче Цветкоски. Тој смета дека пожарите не се случајни туку се намерно предизвикани. „Она што се случуваше на терен не може да е случајно. Во рок од еден час, од нашето пристигнување по дојавата за двата пожари, пламнаа два нови на различни места. Едниот од пожарите е подметнат од другата...

Continue reading

Dejan Panoski

2 милиони евра за биодиверзитетот на езерата во Дримскиот Басен

Post Views: 4 Тирана домаќин на зааеднички состанок на преставниците од Министерствата за животна средина од Македонија, Албанија и Црна Гора, земјите кои се дел од Дримскиот Басен и преставници на Билатералните Комитети кои ги делат и трите езера во Басенот Охридското, Преспанското и Скадарското. Тема на средбата била отворената можност од Германската Влада преку ГТИ да одобри средства за програма за менеџмент со биодиверзитетот на трите езера во Дримскиот Басен. На состанокот биле изложени плановите како најдобро да се имплементира инвестиција во износ од 2 милиони евра од кои...

Continue reading

Одделение за заловување на животни

Post Views: 6 На повидок решение на проблемот со животните скитници. Во рамките на Јп „Охридски Комуналец“ формирано Одделение за заловување на животни. Сашо Алче директорот на ЈП, вели дека првично идејата била да се формира привремен меѓуопштински центар кој би бил лоциран во старата ветеринарна станица во Општина Дебрца, кај селото Белчишта, а во чие формирање би учествувале општините Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. На оваа локација со многу малку зафати би се создале услови како што предвидува Законот за заштита и благосостојба на животните. Во овој центар заловените животни...

Continue reading

Еко хепенинг со планински чај од Галичица

Post Views: 1 По повод 21-ви јули Меѓународниот ден на Националните паркови општина Охрид -Сектор за урбанизам и заштита на животната средина во соработка со НП Галичица организира еко хепенинг. Еко хепенингот ќе се одржи на градскиот плоштад на 21-ви јули од 19 до 23 часот. Годинава овој ден ќе се одбележи со промоција на охридскиот планински чај од Галичица, при што на посетителите на штандот ќе им бидат поделени информативни флаери за правилно берење на планинскиот чај, а ќе може и да се проба вкусот на сварениот охридски планински чај. Проектот за Прослава на денот на националните...

Continue reading

pushenje

Нема лабаво!

Post Views: 2 Угостителите и гостите може да заборават на нивната омилена комбинација, филџан кафе и цигарa. Повеќе нема лабаво! Законот за заштита од пушење станува уште поригорозен. Паричните казни сега ќе се заменат со директно затворање на угостителскиот објект во кој не се почитува забраната за пушење. Фактот дека некои објекти упорно не го почитуваа законот, како да ги алармира пратениците, па така доцна синоќа Собранието експресно ги изгласа дополнувањата на Законот за заштита од пушење. Според последните измени и дополнувања, инспекторите имаат законска дозвола, доколку при...

Continue reading

NP Galicica

Од утре на Галичица или со одобрение или со 3000 евра в џеб

Post Views: 1 Од утре секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата на Националниот парк „Галичица“ за престој или посета на паркот. Ренџерите од НП „Галичица“ ќе ги контролираат сите посетители. Стигна забраната  охриѓани и гостите да не смеат да палат скари,  стрништа и плевел во излетничките места кои влегуваат во националниот парк и во шумите. Од денес строго ќе се контролира секое движење на посетителите во шумите и парковите стои во најновата делумна забрана како превенција од летните шумски пожари. Кон оваа забрана...

Continue reading

skuter

Скутерите ќе одмораат до 18 часот

Post Views: 0 Од 20 јули до 20 август стапува на сила ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи за периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро. Оваа одлука е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top