Ознака: заштита

ezero

Јапонците со реални намери

Post Views: 2 Реална е можноста јапонците да инвестираат во заштита на Охридското Езеро, смета Дејан Паноски од билатерaлниот секретаријат. Јапонската мисија која треба еден месец  да престојува во Охрид, покажува сериозен пристап и интерес за доизградба на колекторскит систем, со средства од Јапонската Влада, објаснува Паноски. Додава дека интересот е обостран и веќе од наша страна биле изготвени апликациите. Ако се оди како што треба, парите за првата фаза може да ги очекуваме веќе во октомври, категоричен Паноски. „Сега очекуваме да се конкретизира финансиската помош. Она што сега...

Continue reading

ribari

Коњаноски: „Со доделувањето на Езерото под концесија,Владата доби партнер

Post Views: 6 Со добивањето концесионер на Охридското Езеро, за излов на риба за стопански риболов,  Владата доби партнер кој ќе се грижи заедно со сите државни институции за дополнителна заштита на рибниот фонд, изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски кој денеска го посети Хидробиолошкиот институт во Охрид. Министрот додава дека Риболовните основи кои ги изработиле стручните лица од хидробиолошкиот институт и 14 доктори на науки, беа неопходни за да се прецизира како ќе се врши изловот на риба,  како да се објават тендерите  и како...

Continue reading

vnimanie

Демне опасност од шумски пожари

Post Views: 10 Високите температури  ги мобилизираа вработените во НП „Галичицa“ да ги превенираат можните појави од пожари.  Степенот за опасност од појава на пожари и степенот на мобилизација во НП „Галичица“, веќе две недели  се на 1 или на највисок степен. Тоа значи дека екстремно високите температури кои ја зафатија земјава се идеални за појава на шумски пожари, информира Наум Новески, раководител на секторот за заштита од пожари, во НП „Галичица“. Од националниот парк не седат со скрстени раце. Поделиле  3000 флаери наменети за  посетителите на националниот парк, за да ги потсетат...

Continue reading

mobing

Мобери внимавајте

Post Views: 6 Пет до седум илјади евра казна за моберите. Ова го предвидува предлог-законот за заштита од мобинг кој го подготви Сојузот на синдикати на Македонија.Овој предлог закон во наредниот период ќе биде предаден на економско-социјалниот совет и до Владата на Македонија за да биде ставен во процедура. Потребата од едена ваков закон се јави затоа што се поголем е бројот на работниците врз кои се врши мобинг. Според податоците добиени од последната анкета спроведена од Сојузот на синдикати на Македонија 40 отсто од испитаните работници во Македонија, се незадоволни од она што...

Continue reading

dzamija

Што со џамијата Мустафа Челеби?

Post Views: 19 Урнат дел од познатата струшка џамија „Мустафа Челеби“. Овој верски објект кој веќе пет века тежи на тлото во централното градско јадро во Струга, незаконски се руши алармираат од Завод и Музеј, Охрид. Дел од граѓаните на Струга кои сакаа да останат анонимни, велат дека тие случајот го пријавиле веднаш откако започнале активностите за рушење и се чудат зошто толку доцна реагирале полициските служби. Додека пак други не знаеа за што станува збор, но ја подржуваат иницијатива да се направи ново и подобро. Бесправни се сите активности кои изминативе два дена се изведуваа...

Continue reading

Duhovden

Духовден- ден за симболична средба со починатите

Post Views: 3 Духовден или дуовден е државен празник во Македонија. Овој христијански празник е посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата. Духовден оваа година се слави во понеделник, на 4 Јуни. Овој празник како и Велигден се празнува три дена. Во Македонија и во остантите земји со православна вероисповед првиот ден од Духовден е и ден на  Св. Троица. Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите...

Continue reading

cresi

Јаболко како од приказната за Снежана

Post Views: 3 „Јас здраво се хранам. Секој ден конзумирам зеленчук и овошје“. Оваа реченица многу често можеме да ја слушнеме, но колку има вистина во неа. Дали зеленчукот и овошјето што ги јадеме се навистина здрави. Колку надлежните институции водат сметка дали производите на македонските ниви и пазари  ги задоволуваат европските стандарди. Дел од граѓаните кои ги запрашавме дали државата се грижи за квалитетот на храната што ја конзумираме велат дека не се грижи, а има и такви кои сметаат дека храната се контролира и е релативно здрава. Агенцијата за храна и ветеринарство неодамна...

Continue reading

cinar

Охридскиот Чинар ќе добие нов силикон

Post Views: 0 Од понеделник ќе стартуваат конзерваторските зафати врз Чинарот предводени од скопоскиот конзерватор Љупчо Иљоски. Во меѓувреме, стручниот тим од Министерството за животна средина направил увид за состојбата на чинарот. Директорот на просторниот и информативниот систем при ресорното министерство, Димитри Ролевски, вели дека констатирале сериозни механички оштетувања на обвивката и на шиндрите предизвикани од човечко вандалско однесување. Тоа придонело да се развијат габни форми кои се грда слика за Чинарот. Забележани се и други појави кои се појавиле по првата конзервација....

Continue reading

drimski basen

До каде се активностите на проектот за Дримскиот басен?

Post Views: 5 Овој проект е поддржан од Германската Влада преку Германската меѓународна соработка (ГИЗ), планирано е да трае до 2015 година и да опфати 4 главни компоненти. Проектот ќе работи на мерки за заштита на Студенчишкото и другите блатни предели во сливот на Охридското Езеро, ќе се работи на мониторинг на флората и фауната во Преспанскиот и Скадарскиот регион, на проценката на рибниот фонд во трите езера, како и на карактеризација на езерата во Дримскиот Басен согласно директивите на ЕУ.Дел од проектот се и Министерствата надлежни за областа на заштита на животната средина,...

Continue reading

Ohridsko ezero

Германски искуства: Охрид да тежнее кон одржлив туризам

Post Views: 0 Културно-историската вредност на Охрид е непроценлива и мора да се чува. Одржливиот туризам е насоката во која градов треба да се движи, барем според советите на германците од универзитетот за одржлив развој од Еберсвалде и фондацијата за заштита на природата. „Во Охрид доаѓаат многу туристи кои ја менуваат и и наштетуваат на природната средина, затоа ние сакаме да реализираме проекти кои ќе го поддржат развивањето на одржливиот туризам во Охридскиот регион.“-смета д-р Улрих Вите, генерален секретар на германската фондација за заштита на природата.  „Јас не можам да...

Continue reading

komo

Во Охрид ќе се прска против комарци

Post Views: 6 Наездата од крлежи и се поголемата напаст на глувците и комарците е аларм надлежните институции да стартуваат со мерки за заштита на луѓето од заразни болести кои ги пренесуваат овие инсекти и глодари. Службите од Центарот за јавно здравје и охридската Локална самоуправа веќе се состанале и разговарале за спроведување на мерките за заштита кои произлегуваат од Законот за Јавно здравство. Најави има дека во градот ќе се прска против комарци во два наврати, во мај и јуни, а против глувците во септември. Градоначалникот Александар Петрески нема дилема за преземањето на...

Continue reading

opstina Struga

Во Струга мирно

Post Views: 6 Протести во Струга немаше. Овој град не е меѓу неколкуте во кои денеска се протестираше, поради како што велат демонстрантите „навредите што ги упати Владата на Македонија кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед“. Стружани едногласни дека причини за протести нема, но ретко кој тоа сакаше јавно да го каже. Постар жител од муслиманска вероисповед, собра сила и јавно кажа дека Македонија е на сите без разлика на вера и националност. Во Струга денес беше очигледно зголеменото полициско обезбедување иако до очекувниот протест недојде. Посебно вниманието на новинарите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top